Таа е. @babyboy1 Јас сум точно на термин, 22 недели е. Цел ден сакаше да се гушка, го ставам во количка ми ги фаќа рацете и не ме пушта, ако се тргнам од него почнува да плаче, кенкав е сака во раце, дремките му беа по 20мин. Се искака убаво пред некое време и се расположи си реков тоа бил проблемот ама еве го заспав, таман го ставив во кревет одма се разбуди и пак накај мене со рацете. Еве го држам во раце да заспие поцврсто, па да видам дали ќе спие. Инаку, апликацијата покажува уште 5 дена до скокот. Може и денот му е таков.
@Jana06 мене термин ми беше 29 а се породив на 5-ти така да сме една недела постари за скоковите..јас освен што плачи пред да заспие и тоа обавезно убаво да се изрика па да заспие досега не сум забележала промени како за скок.... А иначе по цел ден си пее нешто ааоо,аааеее, ууууу, ааиии, њењењее и кажува нешто како ам ам или мам мам и јас мочкам од среќа а тоа којзнае што кажува
Бебе ми е 3 месеци и 10 дена. Вчера се искака после дооолги 6 денови, радости живи. Цела измината недела беше пеколна, по цел ден плаче, сака во раце, особено приметив дека на менување позиција секогаш вришти, од лежење кога го исправам и обратно. Или не сака да заспие а е уморен, или па бааги поспива преку ден. Битно навечер фала Богу спие, ма да се буди почесто од обично и немирен му е сонот. Не знам дали е скок, дали некој поминал низ нешто слично и дали има крај ова?
Исто и цело време е на цицка, два три пати ќе потегне и се трга нагло ќе поплаче па пак од почеток и така денес цел ден. Не знам која недела ќе му дојде, породена сум на 24.07 а термин ми беше 17.07 ако има врска тоа
Има врска, по терминот се рачуна. Пред третиот скок е, ќе почне за некој ден, побарај назад имаме пишувано. А тоа што плачел претходната недела веројатно дека не бил искакан.
Ќе рече некој не верува во скокови... Бебето мое помина 5ти скок кога му беше периодот, според датумот на раѓање, на 26та недела. Потоа, на табелата видов дека 29та 30та недела имало појава на fussy behavior кај бебе, но не е скок, бидејќи тогаш учат за оддалечување, дистанца, мама и тато можат да заминат, да не му се во видик. Баш си реков да видам дали ќе има нешто слично. Ами денес не направи така ?! Дојде мајка ми ау бау со неа и после излегува од врата да си оди, ова прлево почнува waaaa и плач како врати се да вели, па влегува назад таа, тој прекинува. Заминува, почнува пак. Еееј ние двете вакви Е ај речи немало вистина. Инаку ова како што пишав е според датум кога е роден. Од датумот до терминот има разлика 9 дена. Не менува многу.
Ах овој трет скок Синко е многу весел кога му зборувам, ми враќа, гуга и се смее, ама не сака дете да јаде, од толку страсен цицач денес не сака да фати цице, а кога ќе го убедам го преферира само едното. Го става во уста и се трга, одвај ќе му провлечам неколку голтки. А се загрижив дека немам доволно млеко. Ќе почнеме со ритуал за заспивање и станува кенкав, вришти од нигде никаде. Мислам го вие мешето, а всушност скокот е во прашање, по се изгледа. Па згора на се и со вакцина примена, среќа што нема реакции барем од тоа. А за бањањето да не зборувам! Од минатата 11 недела веќе трае: го вадам од вода, само што почнуваме со бришење во пешкир тој веќе отвора уста да плаче, дете кое уживаше да е голо и да се тинтра. Ќе заспие со триста молења, шетања во раце-се буди за 20мин. весел, си лежи и зборуваме. Одвај го заспав сега со вклучен аспиратор (претпоставувам му делува како бел звук) и го оставив во релаксатор да дремне, па да си побара млекце. Update: Стана сега со плачење во сон и одвај му бутнав некако да јаде со сила и ми бљуцна на крај. Единствено ме грижи со не-јадењево, колку време трае недостатокот на апетит?
Кај нас траеше една недела ама се случи после скокот. Само со тропки успевав да го надојам ама денски само од левата цицаше. Форсирај ноќни подои.
Истото и јас го викам. Сите скокови ги пратам и буквално почнува со проблеми од денот кога почнува скокот. И се нервирам што кога го споделувам мислењето со блиски пријатели муабетот е: абе нема врска, што е тоа скок, дете е тоа.. ехее уште колку ќе сменува. Инаку и кај моето најголем проблем во скок е нејадењето. Плачи за јадење, му давам и почнува да пие со сласт за да испие 40мл и да почне да плаче како да го тепам. И нема шанси да продолжи да пие. Дури после 20 мин некаде да испие пак 20мл па пак исто. Ако трае вака нејадењето цели 5 недели овој четврти скок не знам дали воопшто ќе качи на килажа
Влеговме во 4ти скок Од толку мило и мирно бебе, еве ја ѕверка. До сега ја нишав да спие. Нејќе цице, нејќе да се ниша, нејќе да лежи, нејќе да шета..ау. Со маки ја заспав. Легнав до неа и не се померам, макар се укочила јас Нека спие
Хаха ова касно заспивање уште но трае , 12 ипол заспиваме , додека се зацврсти 1ипол во креветче ја префрлам како темпирана бомба е ,дали ќе стане или не
И јас највеќе се нервирам кога ме гледаат бледо пријатели,и сигурно си мислат што тропа оваа,какви скокови,само нека се пожалат кога ќе имаат деца! А најјаки се стариве :абе што се тоа скокови,тоа ново нешто измислено,ние како ве растевме вас,немаше тогаш скокови,само измислувате нешто Остај такво си е детето нормално е да плаче и неспие...ауу Цели теми има емисии на педијатри за скокови,ама на кој да објаснуваш
Мхм така беа и моите, па кога им го тупнав во третиот скок сфатија. Сега кога плаче тие први ме прашуваат 'во скок да не е'.
Истоо. Кога зборувам со мајки ,ме гледаат чудно,ко глупости да зборувам. А бе период им е. Каков скок и се смеат.. Баш кога ја купив апликацијата за скоковите, маж ми се смееше, глупости биле. А сега вели јас не верував ама сега гледам дека е точно. Убаво си направила што ја спушти апп. И и кажавме на золва ми да ја спушти. Она не верувала во тие нешта
Аии ќути,ќути... Кога ја купив апликацијата,исто мм викаше ауу па оваа уште ќе плаќа,што нема да и истекне више,незнае што праи бла бла а сега прв е на други да им објаснува кој скок бил најстрашен кој полесен,абе комедии
Четвртиов скок значи хорор се чудам што се случува со бебево кога гледам 16та недела според ова календарче се ближиме до громче..цел ден кенка ржи ништо не е погодено а навечер едвај заспива со сто пати презаспивање..капатисана сум од нишкање и држење...кога ви се смирија бебињава има ли крај на скоковите?
И јас толку се плашев од тој четврти скок зашто првите три беа ама доста лесно го поминавме. Сега влезе во петти, па ќе видиме.