Мене 5ти скок ми се виде поужасен од 4ти.Среќа пократок е,ама ме утепа.Ноќе се буди на секој саат-два,па има и период од 2 часа на мрмлање и смешкање,па после заспива строго ушушкана во мене. Дење спие со цицка во уста. Многу е нетрпелива и не смеам да и се тргнам од вид.Ослабев 3 кила за 10 дена.
Исто и јас , се плашев од овој четврти скок , и дека 5 недели трае, ама еве ја тераме 18 недела и не го осетив напорно, освен што заспиваме во 12 и до 1 се уцврстуваме и немирно спие прета клоца со нозете , со раце се копа за лицето Преку ден беше кенкава ден два до сега Уште малку имаме се надевам не доаѓа најјакото на крај
Хахах даа, ноќно време не плаче за цицање Се корне по лице и главата лево десно цело време ,нозете двете ви вис и оддеднаш ги лупа нодоле , иии така знам дека е време за цицање
Тоа лупањето на нозете најмногу ме штрека кога е на земја, си велам готово, ги искриви петиците на тоа тврдото, на следна контрола кај ортопед тоа ќе ни го кажат
Хахаха , исто исто Си викам како не ја боли бре ) Добро е , едно време си мислев само моево бебе така прави
Леле ова со нозете и јас мислев мојот само го прави Најчесто на бањање ми го прави, па бањата сум и јас.
Еј да, и тогаш така прави и цел зинат со устата се смее и во очи ме гледа додека го прави тоа А почна да застанува на колена додека лежи, да го крева газето и да се крева повеќе со рацете нагоре?
Хаха даа Ја тргнав масата од дневна и сега цел простор е негов, само газам играчки. Иде наназад, па се глави под гарнитурата среќа малку простор има само нозете му ги собира, па кенка да го извадам Напред дали 1-2 пати дневно се турка и толку, ги крева рацете и се нервира зашто не може повеќе. Од кога почнуваат да лазат?
Антоније рече прво наназад ќе оди, па после ќе му текне дека може и нанапред Обично сум скапана уморна кога одам кај него и не сум најсигурна дали рече дека прво ќе пробува да седне така одејќи наназад и со рацете што се крева, ќе го потсвиткува едното ноџе. Но ќе пишат поискусниве кога е фазата со лазење иако сигурно е индивидуално.
Лелеле баш убаво ова објаснето ние сме 3 по табела завршува еве ама уште е кенкав цел ден и често се буди уштего држи нз.. Можи ли вака фа ми пратиш во лп за 3 и 4 би сакала да знам да прочитам ако не ти е проблем душо