Мамички, каква е таа апликација за следење скокови? Да не читам се наназад. Ние сме 4 месеци и 10 дена и две недели бебе е премногу нервозно одбива да цица се трга од града и плаче. Веќе не ја познавам како друго бебе е. Пробав секако доење во темно, тивко, промена на положба, единствено ноќе цица без проблем и преку ден така почнав на спиење. Згора на тоа добив и менструација вчера и сето ми е собрано нз што се случува. Од педијатар е прегледано, проверивме и крв се е ок. Претпоставувам е скок во развој, но колку долго ќе трае? Мама нема сила повеќе
Ново бебе, свесно за околината, што комуницира и се интересира за сѐ. И најверојатно не спие веќе како што спиело
Опаааа петти скок, тоа не било се што можеш да понудиш, имало и вриштење цела ноќ, не си играме веќе. Ја викнав сестра ми кај мене колку што може да седи, ова не се издржува, а тек е почеток.
Лајкот ти е за поддршка.. Ние се наближуваме накај громчето ама немаме промени до сега..освен мама да е до него и да му зборува оти ако сум до него и не му зборувам небива..павлака ми фати устава
Оф, ние уште 2+ недели имаме до громчето Ноќеска од памет ме извади, од 10 до 12 се разбуди со јако плачење 3 пати, после престанав да гледам на саат. Не можев да разликувам сон од реалност, едвај се будев.
Јас се надевам на мирен скок..додуша сон немам врзано салам ако го оставам да спие в креветче..само кемка нешто а со нас спие мирно па почнав да го легнувам до нас за да поспиеме и ние инаку легни стани само бев незнам по колку пати
Фази во развој јас си ги викам..тоа е кога учат нови работи и му се развива мозочето..тие се објаснување за промената во однесувањето на бебињата и се рачунаат од терминот за раѓање не од датумот на раѓање
Сум приметила промена, ама не сум знаела за ова. Мајка ми исто појма нема (знаеле они скокови тогаш ). Но, добро е да се знае. Ако знаеш некоја апликација за следење, препорачај ми. Оваа на @Jana06 не можам да ја најдам.
Немам симнато јас апликација ја гледам оваа табела што се врти низ темава..бебе ќе ми кажи што да очекувам немора да читам по апликации