Ја симнав и јас апликацијата, и ми пишува дека дури за 18 дена би бил првиот скок во 5та недела. Многу ми е некако, а бебево како да е нонстоп во скок мислев скок е, оно рано било кај неа за скокови
Нели малата ми е родена 2 недели порано во 37+5, а треба од крајниот датум да се рачуна за скокови,и така и апликацијата ми кажува дека сега сме 2 недели Иако ние сме 4та медела, па според неа за 3 недели ќе сме влезиле во скок
И моево е две недели порано и јас рачунам од терминот, но секогаш имам чувство дека барем една недела порано му почнуваат скоковите.
Ние влеговме во 4тиот, и јас мислам дека порано и почнуваат скоковите, бидејќи веќе две и пол недели е понервозна, бара внимание нон стоп, виси на цицка скоро па по цел ден, всушност не знае што сака... И не спие дење... само в раце и надвор е мирна... Ќе помине нели?
Мајки, замолувам за солидарност Споделете искуства со скокот околу 45-46 недела, ми се чине 8ми скок. Бебињава некој ми ги сменил во сон. Од мирни бебиња кои спијат од 21:00 до 09:00, се будат кај 4, брборат и викаат до 06:00. Се утепав од нишање. Еден куп мои блузи во креветчиња им дадов. Ќе помине ли, м? Дајте утеха, а богами и чаре... На мала душа сум.
Мојава кај дење има самп дремки од по пола саат, почна и ноќе да се буди на саат ипол-два Има ли шанси 4 скок да трае пократко ???
@elcezelce Ела си на галење и ти Можеби не пократко, но ќе има денови кога ќе е подобро, а некои денови ќе се типични за скокот. Ќе има моменти кога ќе може да здивнеш Моево пројавува знаци за петти скок, а апликацијата вели дека за 12 дена ќе почне
И јас,и јас... и мене да ме галите 1 недела скоро е веќе кенкава,а денес ми титна нотификација дека од денес почнува скокот,и ќе заврши за 35 дена ( 4ти скок ) Тодлер и бебе у скок,Ало Бардовци
Таман се пожалив синоќа спиеше од 12 до 6ипол сабајле без будење ,па цицаше и презаспа до 9 сабајле.Денес е подобра ,изгледа ова е еден од тие денови што ги кажа Оли . @Bella* јас одмарам деновиве малце синко замина по своја желба кај мајка ми на поседок ,така да ако имаш и ти ваква шанса топло ти препорачувам да ја искористиш да здивнеш малце од малце.
Синчето изгледа е во скок... ако се брои според терминот 4ти скок, 16-17 недела баш кај громчето . Навечер си заспиваше 8ипол,9,9ипол... сега пак заспива тоа време ама не цврсто туку како дневните дремки и се буди. Па конечно заспиваме крај 11ипол откако двајцата со сопругот ќе не реши . А и преку ден се жали, рацете во усте, се нервира... проверував да не е запче ама не можам ни да видам убаво не се дава. Тешко е, ама и за него ми е жал
Мајки кажете искуства од 5 скок, детево 4 дена неможам да го препознаам, цело време е во раце кенка 24/7 , цело време прави мммм и се враќа наназад како нешто кога не и одговара. Никако неможам да ја смирам, се препуштам на скоков бидејќи во петокот бевме на педијатар се е супер, инакуне 25 недели
Една недела пред громчето во 5-ти скок ама јас го кркам како мене да ме удрил..Мирното спиење заборавив како Изгледа, само писнува во сон па мора да сум до него да го галам за да призаспие оти ако стани а не е донаспан леле мајко е неможам ни да го соблечам ни да го облечам...Ама се тешам една недела е аамо па ќе издржиме
Ближиме 61 недела за некој ден. 14 месеци. Громче Што да очекувам? Не спие без мене неколку вечери. Во раце спие но штом ја спуштам во креветче будна е. Еве ја 4 пати станува од 19:30 заспана. @Mia Fuentes @Yowannty имаа апликација мислам