Здравоо. Си дојде времето за 6ти скок, 33та недела ја полни, па очекуваме...што да очекуваме... Ќе биде добра некоја ко што сте сите и да ми прати шотчиња, ова де скриншотчиња да видам каква ќе ја биде работата? Мерси боку
Првиот скок е петта недела од терминот за раѓање, но на многу места имам прочитано дека има скок во трета недела кој што не го пишува во апликацијата. Мене во првите 3 скока многу ми цицаше, закачен беше за цицка и кенкаше нонстоп, никако не можев да му погодам. Четвртиот и петтиот обично плачат силно и одбиваат храна.
Кај нас пишува за 8 дена иде громче, а што би можело да ми биде поразлично од ова и онака сме нонстоп во гром. Тоа сонцето со облаче на табелава значи ли нешто посебно или?
Кај моето обично порано почнуваат скоковите, па громчето не го осеќам. Сега во петти скок душата ми излезе, дефинитивно најтешки 2 недели откако е роден после грчевите, еве се ближиме до громчето, а он се смирува. Сонцето значи дека следи убав, сончев период во однесување.
Фала ти многу.По ова испаѓа дека ние сме во скок моментално така?Цел ден е чудна малата,различно плаче и постојано плаче,кенка индремките и траат максимум 30 мин.Не знам дали се ова да си поврзам со скок ,пошто знам кога плаче од грчеви каква е,а сега покрај вриштење од грчеви има и ново плачење
Зар постојат и такви сончеви денови 40 и кусур дена поминаа сонце ме огреа тие 5 дена во болница после тоа невремево никако да престане се молам на подобри денови ако ништо друго барем за цицање да не се тегнеме
Денес би требало да е 2 ден од 1 скок ама не се дешава ништо поразлично дури почна сама да ми заспива чим ја оставам во креветче؛ мозно е да биде вака?
Можно е да не го осетите, но трае цела недела (според апликацијата), а нас страшното ни беше 3 дена. Громчето е на средина на неделата што значи од утре би можело да се смени. Дај боже вака мирно да помине.
Кога ти беше терминот? Спрема термин рачунај ги неделите. Моето првиот скок наместо во 5та во 7ма го фати дека во 38ма недела роден. Не го осетив громчето, ама ја осетив промената после тоа.
Првиот скок треба да и е за 4 дена, се ближи кон громчето. Денес не дава да ја пуштам во креветче. Од 9 станати, еве уште малку 12 часа ми е во раце. Оставам на 5 минути и пак станува кенка, и во раце се смирува. Мочам на трчање, сама сум без маж ми. Вака ли ќе биде цела недела? Седам со неа во раце и јадам, пијам вода и таа ми е во другата рака. Ако не друго така ги разбив грутките од фраксипарините во рацете кои ми беа примани, што веќе и мускули ќе оформам
Не мора да значи дека сите дена ќе е така. Може да има добри денови и денови типични за скок. Издржи, ќе помине Убавата страна на скоковите е што учат нови работи и сè поинтересни стануваат. Имајте го тоа на ум и малку полесно е Малиов е во петти скок, засега горе-долу добро е. Само слабо цица, сè е поинтересно од цицањето И ич не сака да го облекувам, жива вода сум на секое