Моето по 14 саати седеше будно ако ти е некоја утеха исто во креветче не спиеше спушти го како на игли да си го легнала и од тогаш па навака навечер заспива во раце и на гради да заспие цврсто после до нас лежи,а на сабајле сам се шири на цел кревет никој не му треба, за јадење го оставав да вришти зошто после неколку дена почна мозокот да ми се врти од не спиење секако ќе вриштеше и во раце и легнат па ќе си се смиреше само нерви требаат
Да така ги рачунам, на 3ти септември ми беше терминот.Јас баш го осетив скоков ,цел ден не спиеше,.ноќеска едвај 3-4 саати ќе врзеше,а сега веќе и промени гледам кај нејзе ,различно плаче без потреба,сака да слуша звуци погласни,забележува бои ,испушта звуци како гугање и сл.ама мнг е кенкава сака повеќе во раце
И јас тоа приметив, само рачунав дека е после прв скок и вториот да го очекувам за две недели, недела ипол дека на 24ти 09. ми беше термин.
Јас првите три не ги сетив, можеби имаше некои "невообичаени" денови но ништо страшно, ама 4тиот мислам дека цела вечност и' трае... Апликацијата вели ќе заврши за 11 дена, ако преживеам ќе ви пишам Среќа убави топли денови се уште па излегуваме да ги одморам рацете, а таа да поспие..
Блазеси ти си успеала да одмориш немаш како нашиве што вриштат да ти дојде преку глава од се мислиш дека од кога се родени се во скок
Ама затоа ми наплати сега за сите три со камата и тоа! Тие добрите денови @0ли што ги спомнува скоро и ги нема... Громче до громче сме... Ама после кога ќе не огрее тоа сонцето...
Јас се смеам, дека во првата минута мојата мома не заплака кога се роди. Потоа кога отвори уста, и еве до ден денес не и е затворена
И ние со душа го чекаме сонцето кога барем еден ден ќе биде без плачки се надеваме дека доаѓа за брзо Тешко и дека ќе ја затвори за брзо како тргнало
Има ли шанси скокот да биде по дата на раѓање? По термин ми пишува за 10 дена прв скок а по датата за 2 дена. Денес бебе вришти пишти а не се грчеви. Така цело време плаче без потреба а најаден е преоблечен измиен. Се гледа како од некоја "досада" да плаче. Го анимирам гп шетам низ дома ама од 3 сабајле ни 1ч не заспа и одбива цуцла ја плука и вришти. Дали вака изгледа прв скок или е нешто друго во прашање?
И јас скоро се мислев за ова. Но скоковите биле по датум за раѓање терминот, не од кога е роден. Затоа може нешто друго му е. Вие знам преминавте на ад од мајчино, можеби промената му прави така, дури се навикне.
И мојов исто вчера правеше али од прејаденост од што му беше мака кога не знае за доста од кога се испрде убаво и бљуцна два пати заспа али може да плаче зошто расте коски болат си има 300 причини. Нашиов од вриштење и плачење со саати не се изморува и не заспива а кога цица саат време мислиш на нива го имаш пуштено да копа дури и хрчи некогаш
Ние цело време бевме на комбинирано а имав моменти кога цел оброк беше ад тоа би исклучила. Ама гледам различен е. Кенка па ќе го заиграш со играчка се уќуткува, загледува, сака да го анимираш повеќе. Ајде ќе видиме што е како ќе се одвива А тебе до крај те водеа по термин?т.е. дали некогаш имаше променои на термин. Мене на пример на ехата од негде 7ми месец ми стоеше 06.10 како термин а не 13.10 кој што беше првичен. И така и се породив 06.10 има ли шанси терминот вака да се смени
И тоа што викаш може да е коските болките Ама вриштењево е кога е сам во креветче а се појавиш прекинува. Некогаш па уште поише вришти и кога ќе го легнам во дневна до мене се смирува Ќе следам ситиација овие денови како ќе менува. .
Не сака да е сам можеби сака да се гали, мојов строго во раце се смирува и главата на гради да му е и рачињата широко отворени за гушка една е мама барем некако се смирува да е константно вриштењето да не сака никако да се смири тогаш има проблем некој
Има шанса да биде по датум на раѓање, зашто и кај моето така се случува. Не е точно по календар скокот па да знае кога бил терминот. Развој е во прашање, така што променливо е. Еднаш ќе се случи порано, другпат малку подоцна и сѐ е во ред тоа. Кај моето од датумот на раѓање до терминот краен има 9 разлика. Ами што се 9 дена? Скокот чека да поминат, па почнува . Нема врска тоа, сметај од датумот кога е роден и гледај однесување и ќе знаеш. Ако се грчеви ќе има пожестоко плачење, стегање на раце, виткање на ноџиња, гасови... И велат плачење со часови, кое за среќа, јас не го искусив со моето бебе. А сѐ останато ќе биде промена во развој и однесување следствено. call:
Не знам колку е поминато од терминот ама изгледа има некој мал скок во трета недела што го нема во апликацијата, многу мајки се имаат пожалено во тој период. А и што вика Елена не може се по книга да биде, децата развиваат способности кога се спремни, а не кога книгата ќе каже дека треба. Некои скокови почнуваат порано, некои покасно. А и едноставно може таков му е денот, како и ние што имаме лоши денови без причина.
Така е останува да видам дали ќе биде сега или за 10тина дена ќе има скок па така ќе знам Инаку разликата со раѓање и термин е 7 дена па ништо чудно и да му е по раѓање. А и може не му е денот Само ептен ко друго бебе да ми дал некој денес не сум научена на вриштење до сега ми беше дома како да немав бебе Ама завршија тие денови