4та недела е сега на 6.11 веќе месец прави Го фаќа скокот во 5тата гледам на апликацијата таа е со громче
Ај јас да си прашам дали убаво сум сватила како идат скоковиве. Се рачуна од датум кога требало да е родендо детето? Јас се породив во 28+недела и не ја рачунам таја туку кога требало по термин да се породам фактички 40недела!? Ај некој нека ми објасне
Моето бебе влезе во 4 скок изгледа, значи вака 15 недела од утре, гледав дека има скок. Почна со плачење пред да заспива и преку ден ги намали дремките и тоа не е само плачење врескање, викање , лутење без причина. Не можам да му зборнам одма се лути, не сака ни во раце ни никако . Не сака да го преслечиш, посебно рачината не сака да ги допираме. Плачи и на капење. Шо беше ова. Не знам друго што да очекувам
Што да очекувам после првиот скок? Каква промена кај детето? Утре прави 5 недели од термин, а вчера почна со кенкање, раздразнетост, често будење.. скроз спротивно од тоа до сега кога спиеше и по 5-6 саати ноќе и дење мирен и умен... Се надевам дека после ова ќе почне повеќе да перцепира, да се загледува, да се смее
Ве читам за оваа app , но мене ич не ми е јасна. Што е сега ова црвена точка во 20. недела , па во 22 ...? А ќерка ми е 21+4 pls help mi
Така беше и кај нас минатата 15 недела. Почна со плачки, да не речам урлања. Прв пат викаше толку, се одра дете, не се смируваше ни со бел шум. Тоа беше само еден ден, итоа само во текот на денот, среќа. Дремки беа поим - 15мин. максимум, но и покрај тоа не беше многу кенкав. За цицање прв пат издржа 5 саати без да побара, што за него е запрепастувачки. Од овој скок забележав најголеми промени. Почна самогласки да сврзува, интересно му е да го плази јазикот, ги бута двете раце во уста до крај и ги џвака прстињата, си ги држи рачињата заедно и си ги гледа, се тегне ко мачка цело време во форма на буквата С-интересно му е да не гледа од наопаку, преферира спиење на страна, се нурнува во града за цицање, сака да ги мава играчките за да му мрдаат и ги фаќа почесто, го подигнува газето нагоре дур е во релаксатор како за станување, многу брзо се возбудува, ако почнам да му зборам станува хиперактивен и вика од среќа А, и ќе заборавев, прв пат се сврте на меше сам.
Апликацијата рачуна од термин за пораѓање, а не од датум на раѓање. Провери дали ти е добро внесен датумот... Ние почнавме со прв скок, не знае што сака...цица и заспива, ја легнувам почнува па пишти. Расположена или мирна и наеднаш вриснува и плаче до поцрвенување. Сака во раце цел ден, се буди на саат време...се надевам дека е до скокот, немам друго објаснување...
И нашиот беше така 2 дена. Денес трет ден веќе си е вратен во нормала со спиењето, мирен е измеѓу. Само кога цица така се лигави, не цица убаво, ама колку бара толку му давам. За некој ден ваљда ќе се врати во нормала и со тоа
Одамна ти е постов ама сега отворив на темава.. Јас до ден денес се каам дека прашав зошто не плачи ко се роди исто првата минута.. Сестрите ми се смееа не се секирај мајка ќе се молиш да не плачи а не да те секира дека не заплакал..И во право беа
И ние сме 4ти и мислам дека сме насредина.. Нега од цицка како од ѓавол а мудадам пиште.. А не плачи кало да е гладен весел е ама ја сњ нервирам оти не цица знам си викам гладен е а му се доближам вришти пишти... И 3 скок бевме исти и ми се чини цел месец е лудилово
Губење апетит сж на прво место.. А сега го прочитав и тоа дека треба да држиме повеќе контрола на главата а ја си се викам зш ја клапнува надолу ..зошто ја забива.. Можеби има врска со тоа... Пошто се близу 3 и 4.. Во двата имаме мн мал апетит и верувај цел месец ми е лудило
Кај нас 1 и 2 скок мн ми плачеше навечер сат два.. Не сакаше да цица и само пеев песни дур мине тој период... Посче тоа почна да гуга... Да е пожив да мрда повеќе.. Да загледува повеќе... И веќе 3 скок кога помина заличе начовече кое се смее се смее и се смее на глас.. Полна д допир повеќе со рацете да фаќа.. Ме препознаваше мн подобро.. Се гали се пика во мене сд гушка.. Сдга сме 4 скок иќе видам што ќе излезе јахах
Па види на сликите 12 нед.. Ама може и пред и посче да почне демек 11, 12, 13.. 12 е громот.. И трае една недела само.. Как нс беше со една недела пауза и почна 4ти скок