И мојава седи во релаксаторот колку толку и на подлогата лежи ама сега одма се превртува и после ја јаде жива вода ја прави од лигавки ,ортопедот рече дека од 4 према 5 мес може во хранилка да се става да се вежба да се исправа.
Јас го слушав др.Антоние на Телма амбуланта О+ кажуваше дека после 4тиот месец бебето може да почне да "седи" на 45° или да се зацврсти во таква положба на колкчињата, како во релаксаторот или хранилката нели, и да си вежба самото да се исправа колку што сака и може. И дека нема врска машко женско бебе,како што ни е останато "од стари" Со спиењето ноќе и ние имаме мака, на еден час се буди, всушност спие и плаче и прета и освен цице со ништо не се смирува, ќе задреми пола час, и се одново. Зомби сум Регресија во спиење + четврти скок.... се надевам ќе заврши за брзо, дајте утеха дека тој месец до 5ти скок ќе.биде сончев бар сила да соберам
@Thallia Може да биде сончев Еве мене петти скок ми е сончев. Засега. Две недели поминаа, супер е. Се надевам дека ќе продолжи така, иако допрва доаѓа громчето. Спие цела ноќ, по 10-11-12 часа, го будам ноќе за јадење инаку нема да му текне, дење спие сам, од 8 до 9, па од 11 до 12, па околу 13-14 до кај 15. Рано легнува, во периодот од 18:30 до 19:00 заспан е. Сè уште не можам да се пожалам од петтиов скок, за мерак е Ќе се накрка, ќе си поигра и сам ќе си заспие. Како да не е она дете што мораше да е со цицка во уста за да спие.
Леле што убаво ми звучи... Бебе како по книга Бар пола нека е од ова што го опиша, ќе сум задоволна Она "сам ќе си заспие" најубаво ми се гледа Ти благодарам Оли на утехата, секогаш знаеш да ги кажеш вистинските работи како беше она со смајли што гали по глава?
Ќути, не ми се верува дека јас го пишувам ова Сега баш ја погалив @mar3q во темата за шишиња, цуцли и чашки, па ела си и ти
исто потполно... пола саат успивам дете за пола саат да спие,па од ново...цела ноќ! А регресија во спиење е нешто различно од скок??? и тоа ли постои
Колкоо се само насмејав лелеле инакуисти сме преку ден немаа само во раце па и јас испружам нозе и тоа максимум 15мин.
Се пресмеав @anitka-fifa регресијата во спиење се јавува неколку пати во текот на првите години од животот на детето, тогаш е поинтензивен развојот и бебето не може лесно да се смири и да "потоне" во сон, баш како ние кога не можеме да заспиеме од возбуда пред некој важен настан или патување на пример. https://svijetsnova.hr/regresija-spavanja-sto-je-kada-se-javlja-i-kako-ju-lakse-prebroditi/
Ние прв скок со закаснување од некој ден؛ Неподнослива е, урла по цел ден колку ја дрзи глас, никако не се смирува؛ Сега ја соблеков гола па се смири и се смее؛ Ќе не؟мрдне мислам готово
Да е еден ден па и два добро ќе е а нашиве месец и пол што урлаа по ден и ноќ можеш да замислиш како ни е урлаат додека не зарипнат
Ве читам за скоковите во развој, пишувате дека се рачунаат според терминот кој бил за рагање. Ќерка ми е родена шест недели пред термин, а ги има сите симптоми како да е во четврти скок. А според она што читам значи во четврти скок треба да биде за пет, шест недели. Навистина не ми е јасно ова со скоковите, затоа и не пратам многу, ниту пак имам апликација симнато.
Скокот е според терминот за породување така де рачуна бидејќи мозокот се развива од зачетокот на бебе. Е сега кај мене е според дата на раѓање и моментално е во скок. Ама термин и дата на раѓање ми се 7дена разлика така да сигурно не е се по шема и возможна е разликава. Имаш читано за 4ти скок еве слима што вкка апликацијата. Тоа го приметуваш кај бебе?
Ќе шизнам ....уште 2 дена.... Ја успав(ова од попладневното преспивање во 17 h) и еве незнам што да правам со себе Вриштењето ми ја црпи цела.енергија Ни галење не помага ни бутур
Сите овие симптоми ги има, освен последното, не ја кажува сигласката д, туку н, и со гугање звучи како "не"да кажува. Звучи нееее
Ве молам кажете искуство со третиот скок во развој како го поминавте? Дпоред апликацијата за двс дена завршува но тој веќе втора недела ме полудува. Имаше мала пауза како неколку дена двс три кога се смири и пак иста песна. Никако ништо не му се погодува и особено со јадењето имаме голема мака. Плаче се тегне јаде гладен е се познава а ќе испие две три голтки па вришти се трга пак ќе испие неколку голтки и цело време така јадеме по 40 минути и тоа не цел оброк... Пиеше холе но почна да несака ич дали по 50мл ќе испие и толку после тоа цело време вришти до слњден оберок сменивме со хип два три дена пиеше како што треба еве од вчера пак истс песна незнам веќе што да се прсви со тоа нејадење и вриштење. Дали е од скок или некој др проблем има незнам
Од сабајле се канам да пишам. Никако да стигнам. Само што заврши 4ти скок,мојава почна да не сака да цица, кога ќе и дадам цицка, вришти,плаче со солзи, се тегне.. спие по пола час преку ден, а навечер се буди буквално на 1 час. 2 дена веќе е вака. Еве сега пишувам додека ми е таа во раце полузаспана. Ако ја спуштам ќе се разбуди Како може да ме зеза апликацијава, пишав точно. По термин за раѓање.. Колку време ви правеа вака бебушите?
Уф,околу 3-4 недели Кате. Зборам за спиењето,во овој период и попуштив па почнав да ја ставам до мене да спие оти вистина не можев да издржам физички,сама сум буквално по цел ден.
Баш ме утеши И јас сама сум скоро цел ден. Во релаксатор по малку ја ставам,5,10мин. Толку седи. Колку раце да одморам. И пак исто темпо. Ние секако спиеме заедно. Ама претера со ова будењево. Синојќа, на 2,3 часа стануваше. Среќа