На 60 степени ќе го ставаш само кога јаде каша. Релаксаторите вака на кревет ги ставате? Моето не сакаше во релаксатор да седи многу, но на земја го ставав, не на кревет. Мослам дека во упатството од релаксаторот пишуваше да не се става на високо, само на земја, па така правев.
Цело вреѓе ѓи е на лревет кога сум сама.. За висината исто е и мс земја и на лревет нема разлика.. Ова е ножен релаксатор нз ама ми иди но дека е 40 степени оти е лехжгнат внатре дкроз.. На оротпед че одиме да напрарајѓе 5 мес и баш ќе прашам на коллу степени да го ставам
^и мојот релаксатор е на земја. На почеток плачеше и не го сакаше. Последнава недела еднаш до 2 пати лежи во него по 20тина минути дневно. А за ракавичките, ги вадам и јас кога ми е пред мене. Знам за бебе што со нокти си има брцнато во око и расечена корнеа имаше. И од тоа ми е страв. И ги сечам ноктите еднаш неделно, кога спие оти инаку не дава, и пак и се пораснати за брзо.
Не е исто на земја и на кревет, не е безбедно на кревет, особено што бебето ти е скоро 5 месеци и мрда повеќе.
Па да ти кажам цврст е тска д колку и да мрда релакс не се поместува.. А за играње играме на под кога му се игра
Бебе почна да се смее, да гуга по малку. Кога си доаѓа татко му од работа и му прозборува, одма му се насмевнува он се смее, мене солзи радосници сами ми течат викендов бевме кај моите на викендица на чист воздух. Мајка ми го зема као 5 мин да го подржи.. дете се раскенка, го земав јас, одма се смири... прв пат осеќам дека ме препознава и го смирувам ваљда пошто никој друг освен јас и мм не го држи, ама сепак многу убаво се почувствував сонце на мајка
Со лесно. Не можам уште да си дојдам при себе од петтиот. @RAK91 Имам ставено слики од 6ти скок пред некое време.
Девојки, ова ми е пратено за прв скок, што да очекувам во втор? Според термин втор сме. Мислам ќе полудам. Бара да цица, а нејќе, плаче, не се смирува. Се бориме да цица. Вака е неколку дена. Втората вечер плачеше до 2-3, се држевме, пеевме, ништо не помагаше, плачеше, се измори и заспа. Третата вечер попуштив, ми падна жал и уморот си го направи своето и му дадов цуцла накај 3 саат. Сега се каам што му ја дадов. Денес цица уште помалку, плаче за цуцлата, одвај му дадов да цица, неа ја бара. Два пати си заспа со цуцла ни нишање ни цицање не мораше. Ми е страв сега дека ќе влијае на килажа. Дома на вага покажа помалку отколку пред 2 недели што го мерев, ова пред цуцла да дадам. Не знам дали да се потпрам на мерењево, ќе го мерам пак за неколку дена да споредам. Градиве ќе ми експлодираат
Зошто нејќеш да му даваш цуцла? Не е лоша работа цуцлата, а има и некои статистики дека цуцлата го намалува ризикот од сидс. Не се осеќај толку лошо за цуцла, особено па во скок ако помага
На првото откако му ја дадов не можев од уста да му ја извадам. И помалку цицаше, не беше толку буце после. Сега е џивџан, две ипол години 12,1 кг. Пред да тргне во градинка го одвикнувавме од хигиенски причини, може 2 недели ненаспани бевме. После цицето му беше цуцла цела ноќ. Затоа и се плашам на цуцлата.
@K7M10J и јас дадов цуцла. На тие вриштења нејзини, а цицана и наспана и пресоблечена и пак плаче, па не е 5 минути тоа, по 20часа знаеме да биде плачи, легни, плачи легни. Не забележав дека одбива да цица заради неа. Се е исто. Додуше ја плука цуцлата, ја зема и за 5 секунди лета од уста кога нервозно плаче. Заспала и кај мене со цуцла во уста па и паѓа во сон и кога станува за цицање, си цица. Јас мислам дека е до скокот, не е до цуцлата. Не давај ако ти е мисла. Кај нас пишува за 11дена дека доаѓа вториот скок Немаше разлика на првиот скок, таа секако си плаче, ништо не ми беше ново После него има промени: се смее, испушта звуци почетни за гугање, реагира на нас, гледа во предмети пред неа, ги вкрстува очите
Да, и јас ги забележав промените после прв скок, а не самиот скок. Пробав да не му ја дадам цуцлата, ја бара, не знаеш како ја шмука ко божем млеко тече од неа. А дека цица помалку да. Да не мисли дека лигите се млеко Еве го спие сега, цицаше така поубаво во 21:40, во 23:40 се разбуди и одвај со тешка борба цицна едно 30 секунди, плачеше за цуцла, му ја дадов и комиран е. Јас сега жива се јадам, а втора вечер градиве ми се полни до максимум.
Ааа не ја давај тогаш. Мојава и цуцла сака ама за кратко ја фрла, гледа не и течи ништо, и плаче за цице, па потоа пак не спие. Незнам како деца се успиваат по цицање. Мојава ретко. Си глетка она, а јас и мм околу неа сме кома
И двајцата со цицање заспиваа, денес како да немам бебе дома. Плаче нејќе ништо, со цуцла во секунда се смирува и го оставам да лежи буден, сам заспива. Ама ништо од бизнисот ако не цица како што треба. Веќе е навикнат, ќе видам уште некој ден како ќе биде.
Ова ко моето дете да е опишано. Баш не се 5 мин врескање знае по цел ден да плаче и да не му е погодено па не цуцла се ќе дадам за малку мир