4 скок е најдолг или да? Кога реков најголеми промени има, сериозна бев. Трета недела ја тераме со скоков. Од бебе што супер спие навечер-се буди само за цицање и пак спие, заспивањето од вчера стана хаос - исклучиво бара со шетање да се заспива и тоа трае пола саат... цело време се буни, а му се спие. Кога ќе го легнам се лути и сака пак да шетаме се додека не му дојде сонот. Притоа, кога ќе се обидам да му дадам цуцла ми ја врти главата на другата страна. И така во круг, а бара да јаде на 2h... кога јадел, кога заспал, која града сум ја дала последно, не знам, се шекнав. Искочив со количка да го прошетам, чувај Боже, си ја туркав количката со една, а него го држев во другата рака и си заспа, нема мака. Промени во расположение од минута во минута, играчките не се интересни повеќе од 5мин. Седи-седи така и одеднаш се раскенкува за во раце и потоа се смирува и гуга, па пак отпочеток се додека не го земам. Исто така сега научил да кашла демек, се преправа за внимание (кој рече дека мали бебиња не знаеле да манипулираат?) Во низа поврзува аха-аха-аха едно 5-6 пати и кога ќе му речам "Зошто така, мама?" -се кези Сега почна и Бу, Буа да брбла. Некако и ко поплашлив ми стана периодов, кога се симнуваме по скали се грчи целиот, нешто да викнам погласно по дома да ме чујат ги шири рацете, кутрото. Покажува и знаци на вадење заби, а нема набабрени непца. На Софи и ја исцица главата од глодање. Кога го држам повисоко, паралелно до моето лице, ми ја "гризе" брадата. Направи бебешки акни околу уста од цело време вади-ставај раце. Знам дека е во таа фаза, ама ова ептен интензивно бута се во уста. Најсмешно од се ми е што ко некое старче, одвреме-навреме се воздивнува: "Е-хееее"
Од задутре 64 недела по термин. Кај мене на емаил громчето е на 61. По апликација е на 64. Сега не дрма скокот. До сега најјак од сите. @Izzy_0504 ми пушти слики од што да очекувам. Ова полошо е и од тоа што читам. Ноќеска и вечери наназад само се буди, само плаче, офка како Стара баба. На цицка ја ставам буквално преку 25 пати. Преку ден градите течат како будали. И денски не е подобро. Се вреска И плаче за ништо. Кај да ја оставам за секунда за нога е обесена. Не се трпи веќе. Мигрената на 5 дена ми се продолжи. @Мариаа. @The Unicorn @Mia Fuentes вие поминавте, дајте утеха колку трае скоков. @Yowannty ти се жалеше скоро Ајде на утеха. Спиење ко зајак. Вчера два пати по 15 мин. Знам потежок период следи со трантуми кои на големо ги најавува беблаков. Знаев дека ќе си го барам јас синко мој убав и кроток да го имам И раснам. Оваа на татко и цела( хаха звучам ко свекрва се што не чини на мајка е)
@Presrekna не пишувам веќе, излага дека само се жалам. Ама детево ми се претвори во ѕвер. Од 7ми скок навака воопшто не е излезена од скок ми се чини. Вреска боже мој, за се нешто. Мора да е по нејзино. За спиењето да не зборам. Си станува сред ноќ спремна за играње. И заповеднички вреска. Или доаѓа ми ја зема раката и ме носи во кујна, морам да одам оти цело маало ќе го дигне во воздух. Ноќеска беше бурна. Со врескање, со урлање со се. Оди во кујна и од липање и врескање ко некој да ја коле, автоматски исцртува насмевка и почнува да пее. Си игравме сите 3ца од 2 до 4 ипол утрово. И после тоа уште 2 пати се будеше, маж ја презаспиваше. Мозочињата им процесираат сега забрзано, многу нови информации за нив и нема спиење.
@Presrekna 9ти беше ужас. Ама после скокот се смири мали. Ама ужасот кај нас траеше еден месец. Неспиење, нејадење, кенкав 24/7. И плус заби. Држ' се сваќе, ќе помине.
Конечно се вративме во нормала, зато не пишувам да не ја урочам. Спиење потешко, се само в раце, не слуша ништо - во очи те гледа и продолжува со глупостите. Душа ми излезе. Бацки до Палчица и кафе за мама )
Ние не сме го прошле. 63 недела од термин сме. Нас обично скоковите покасно не погодуваат. Што ќе биде ќе видиме... @Presrekna
Денес има подочњаци црвени очи. Ужас е. Исто сваќе @Мариаа. и заби вади. Шест во 2-4 недели. @The Unicorn може ќе ве скокне скоков нас од 60-61 не фати. @Mia Fuentes пупу поплукај и крстена вода @Yowannty кажувај мила слободно ќе ти олесни. Денес ја заспав прва дремка 15 мин кога вреска не знаев како да трчам. Еве ја само се лигави. Држи се генерацио Дајте фарби за Коса и крем против брчки.
Сега коа размислив ми текна дека имавме еден период пред 2-3 недели буквално уста не отвараше за ништо со денови. Живци искинав. Дај боже тоа да било и да прошло. Ма да чисто се сомневам затоа што сите скокови до сега не фаќаа одкако ке завршат во апликција. Шетај ја дур е убаво времево. Така полесно и побрзо поминува денот.
Иначе за некој ден сме во 3м овие неколку денаа само плаче па и во раце дека претходно решење беше само да се носи имаме ли тука скок некој јас се барам и никаки да најдам.
Секако се буди за цицање ноќе. Не се тепа со цицката тогаш Општо подоите му се намалени и денес два пати се искака течно, не ко што си кака како урда со кари . Колку што го приметувам, прескокнува подои и прифаќа да цица кога е многу гладен, на 4 часа наместо на 2. Количински не може да цица повеќе да надокнади, толку му собира. Отсекогаш цицал кратко ама често и со бљуцкање и млазови чат пат. Денес два пати бљуцна.
Нас ни помина прв скок и бебче (пу да не го урочам) е многу мирно. Претходно беше повеќе буден преку ден а сега пак почна да спие. Може глупаво прашање, ама нормално ли е месец ипол скоро и да спие толку? Нели се повеќе будни сега? Како да немаме бебе дома
Леле Милки, овие два дена и мојот спие како новороденче.. таман пишав пред тоа дека 1-2-3 дремки има во денот.. сега скоро цело врме спие.. баш си мислев дали е се во ред Од друга страна, бебе е насмеано скоро цело време. Многу е посвесно за околината. Се врти нс гласови, загледува од блиску, се радува на муабет и закачање пресладок е
Куѕи ме прави муабет нормално е тоа,јас пак само прашувам нормално ли е тоа да не спие денски ич. Дали 2 пати по пола час.А жива и активна е доста.И навечер од што е прекумерна неможе да заспие и плачки сакаш ли.Ние сме 2 месеци
Истото се дешава друго бебе е Наеднаш многу ми смени јас викам толку од спиењето како што кажа Изи како новороденче од болница кога дојдовме така спие.
Радувај се и одмори За брзо ќе го снема тоа И мојата беше таква. Баш се наспав да ти кажам Е сега Скокот помина, ама ние ко сега да сме во скок. 4ти скок. Касно легнува, рано станува, сабајле во 5часот беше спремна за забава. Не можев во раце да ја кренам,толку што ми се спиеше.Ама мора да ја кренеш,вришти, стенка, со газето нагоре се крева.. А пред тоа сто пати се разбуди, нишкав да презаспие. Страшно. Уживај
И да знаеш дека уживам. Спијам одмарам Собирам сила Добро чим е нормално да не му чмаам над креветче да го проверувам