Хахаха исто сум се заѕверила и мм ми вика дека сум ненормална. Е ај како да му објаснам дека тоа е сосема нормално. Мора да видам дали дише и плус само го мерам со бесконтактен кога ми се успива
Јас го зумирам на таблетот за да видам дали дише Буљам во екранот. А посебно ноќе кога бела мачка не гледам, па се загледувам за да можам да видам. Особено откако го оставив да спие свртен како што сака, а тој најчесто е на стомак
Ќути и не прашувај веќе, за кратко ќе го снема тоа, следат многу напорни скокови се надевам лесно ќе ги поминете. Мојот никогаш не спиел многу, хронично ненаспана сум. Уште од болница кога се вративме не спие, не знам што е тоа 'како бебе да немам дома'. Се знае кај нас дека има бебе, сите знаат Почнав да легнувам со него во 20h, дремам на тел до кај 21-22h и спијам зашто следниот ден морам да го издржам. Спиј и одмарај додека можеш. Ааа да, заборавив да пишам дека и јас уште го проверувам дали дише
Има да третиот скок. Многу тешко го минавме и уште си имаме намален апетит се мачиме со јадењето. Со плачки нонстоп одбивање да јаде и слично
Не цела ама се бања во 20 30 до 21ч завршуваме се и кома е. Се буди 2-3ч пак јаде и пак кома. Мислам да не му беа грчевите ќе врзуваше од 1 до сабајле без проблем. Ај се надевам вакви ќе ни бидат скоковите Ќе видиме за некој месец да не побелам во главава
Бев на ортопед со малата денес. Се е во ред, јадра на колкови во ред. Да престанеме со широк повој. Седнување по 6от месец ни кажа. Беба и кај нас е смирена, јас па само ја будам оти навикната сум да плаче, па си викам дали е во ред ова
Со камерава ме потсети на еден муабет од пред некое време. Ако се сеќавам добро рече ќе ставаш огледало или камера позади во кола за да го гледаш бебуш кога возиш, а тој е свртен наназад. Дали најде соодветно и ако да имаш ли слика да видам како изгледа? Јас го возам и на семафор со телефон со предна камера го гледам. Скроз небезбедно и недоволно
Иста сум и јас. Бебето ич не ми спие. Легне касно стане рано, преку ден спие по 10мин. @Milkiway одмарај си, јас се би дала барем малку повеке да ми спие бебка
од збор до збор моето дете од бутање у уста,до не спиење,до цицање на 2h,до вракање од парк у раце, набабрени непца а заби нема,кенкање,кашлање абе буквално се...со тоа што кај нас плус навечер спиење само во раце на цицка, фати цицка заспи пушти цицка на секој саат. Умрена сум за спиење.
Ти стигна ли? Јас со месеци не добивам од Али ништо... и да нарачам сега, којзнае кога ќе дојде. До тогаш ќе го свртам напред седиштето Знам дека одамна беше и дека сте вие 6 месеци веќе, ама запамтив само од тебе ваков муабет Пошто си барала, на друго место негде имаш најдено? Да е нешто поевтино можеби? Ќе побарам и јас, ама ако не најдам ќе го земам ова секако
Алал да ви е како сте опуштени за возење сами со малите. Да морам би возела ама го оставам тоа секогаш како последна опција. Ич не ми се вози по хаосот, стално си правам сценарија во глава (знам дека не е ок ама ете знак ми е дека не сум спремна). Може и дека не седи мирен во кола, па се плашам да не почне да плаче. Од кога се врти напред седиштето? Јас веќе го ставам напред зашто ако одиме некаде подалеку заспива, па го спуштам во легната позиција и некако побезбеден ми се гледа свртен нанапред. Спојлер Дури откако напишав видов во која тема сме, малку оф топик ама се надоврзав на муабетот.
Па опуштена ич не сум, ама мора.. па си реков да се престрашам сега кога е мирен и умен. Реално не може сега ништо да прави. За 5 мин заспива. И да не спие, мирен си седи и си глетка. Затоа и си реков сега да се престрашам подобро..
Еве ти, ти најдов беспари огледало, свиркај си и прави се важна, а @Milkiway нека си чека од Али Јас будала се залетувам секогаш и сега три ќе купев за тие пари, но тогаш ми беше итно, а немаше на друго место. Ама ај, моето има ушиња, а ова е обично Еднаш-двапати кога беше доста помал сум го возела на куса релација и толку, глас додека не му се слушаше. Сега не би го возела сама, си седам назад со него, а татко му нè вози и го гледа кога претрчувам да купам нешто.