До кај 5ти приметував скокови, од тогаш навака воопшто не ми менува однесување кога е во скок. Тука накај 8ми месец фаќа и регресија во спиење, па вадење заби, па проодување и ако не ви спие бебето само во скок бидете среќни
Леле си ги враќам назад зборовите кога велев 4ти скок е лош. Ова во 8ми месец што се случува нема споредба со ништо. Дај просветли ме те молам дали кога ќе заврши 6ти скок, ќе се стабилизира бар малце?
Не знам, ти викам со скоковиве се погубив јас.. Сега интензивно вади заби и 2 3 вечери пред да избие заб станува пречесто со плачење. Инаку други осцилации во секојдневие нема. Ист си е цело време, живец, не смееш од поглед да го тргнеш. Дење како дувнал ветрот. Некогаш спие 2 пати по саат ипол, некогаш пола саат и рипа. Ред никаков..
Може зависи до бебето. Да не те заплашувам кај мене од 8 ми месец навака дрма најсилно. А сега сме 10 ипол месеци.
Еве и јас да пишам. Момата е веќе 4ти ден во вториот скок, што убаво се смееше и гугаше, и денес се разбуди со плачки. Спие по саат ипол преку ден. Малку е будна, цица со вриштење, 3 пати се искака, нозе и раце нервозно ги фрла. Плачи, спие и липта во сон. Ни црева и слушам ни ништо а она е видно вознемирена. Се насмевнува, но многу кратко. Лута е. Плаче на цицање, изгледа сега појако и делува скокот. Ахх...
@SanelaS Значи да се спремам психички дека ќе си биде вака некој период. 2 мин сон немам сврзано последниве вечери, во 12 на полноќ заспива се буди во 4 во последно па лази низ кревет, и ред други работи.
Леле јас се чудам зашто се тегне и вреска кога цица тоа од што било Ова таман грчевите малкуу намалија нови маки, брадавиците ми ги откорна од тегнење кога цица се ко на сила
Пишував јас во оваа тема за 5ти скок, душата ми ја извади. Мислам дека кичмата уште ме боли. Траеше и траеше, нема крај. Се преродив кога заврши, конечно почнавме да спиеме како луѓе. Пак се буди ама голема разлика има. Инаку, после скокот имам детенце кое доста разбира, многу се менуваат. Сега уживам овој месец и не мислам на скокови (добро, имаме по некоја лоша вечер кога плаче од забите), па ќе го чекаме 6тиот и тој е страшен.
Ццц е јас плус држач за цуцла ставив, зошто де ја сака де ја плука, па пукнав клекни стани по неа, нонстоп Од нив е, дефинитивно. Штом мене со силиконски брадавици ме боли, можам да замислам тебе како ти е Ново е: спие и наеднаш вриснува како да е сама, ја земам и липа, нуму да не ја оставиме. Од раце не ја пуштаме. Ааах уште 9дена има до крај на скокот. Вака ли ќе биде?
Незнам можеби кај вас ќе биде поинакво искуството . Сепак секое дете различно реагира на скоковите. Ние од 4-5 скок сме вечно во скок хаа стануванување на саат два , па по 2 саати на ноќе си седиме будни итн.
Ааа имам искуство јас, одма сосе држач комплет дадов кога фати. Сега ја цуца мислиш стварно тече нешто, па сака да гугне, ќе му падне и плаче или спие и со рачето сам ќе си ја извади и се буди
И ние сме во втор скок. И кај нас со цицањето зеза - не цица ефективно како претходно, се влечка, мљацка, парче ми ги направи брадавиците и кенкав е, плаче во еден момент и во следниот се смее. Најдобро од се - веќе трети ден тераме бањање, цицање и заспива до 9. Спие до сабајле до 8 со едно станување околу 4-5. Се надевам ќе потрае некое време.
QUOTE="ni.na, post: 5343356, member: 52907"]Богами кога ќе се завлече ко гума да се ми иде да врескам[/QUOTE] Јака ти душа што издржуваш болки а тек заби... Иначе и ја за втор скок се пријавува. Плаче како грчеви да има а нема веќе толку многу. Ќе заспие и во сон вришти го кревам прекинува. Среќа па да не урочам со јаддње е добри. Ама интересен е... му ставам лигавче и почнува да се радува а го види шишето тоа се радости Јадач на татка се надвам тоа нема да се промени
Исто леле таман реков од заби се буди често, еве го на секои 45 минути кенка врска немам што му е, ги извади двојките пред некој ден
Јака ти душа што издржуваш болки а тек заби... Иначе и ја за втор скок се пријавува. Плаче како грчеви да има а нема веќе толку многу. Ќе заспие и во сон вришти го кревам прекинува. Среќа па да не урочам со јаддње е добри. Ама интересен е... му ставам лигавче и почнува да се радува а го види шишето тоа се радости Јадач на татка се надвам тоа нема да се промени [/QUOTE] Добро е штом се смирува, овој секоја вечер почна журка од 4 до 6 да ми прави де вреска де се смее де напнува да кака ни сам незнае што му е, а јас се тешам дека ќе помине до скокот е додека ми паѓаат очиве
Добро е штом се смирува, овој секоја вечер почна журка од 4 до 6 да ми прави де вреска де се смее де напнува да кака ни сам незнае што му е, а јас се тешам дека ќе помине до скокот е додека ми паѓаат очиве[/QUOTE] Исто од 4-5 до кај 7-8 е хаотично плаче не знае зошто