Периодот после 5ти скок ми е најубав и најмирен. Стана свесно мало дете (мм се смее зашто му викам не е веќе бебе) ама стварно забележува детали, ја испитува околината, чепка по лице, по коса, се влече низ цела соба, ѕирка под гарнитура, си игра сам со играчки, кога го ранам ѕирка што има во тегличката, ја брца раката и ја испитува храната, се врти на сите страни љубопитен е за секој звук. Точно знае кои се мама и тато, кои се роднините, а кои непознати. Покажува емоции, ме гушка, ме гледа заљубено. Мојот почна да седи после 5ти скок мада ова не е поврзано со скоковите. Ептен убав период.
Ехе колку убаво! Целата се наежив од тоа што го прочитав. Ние сме при крај на 5ти скок. Со нетрпение чекам да видам синко како ќе се однесува после скокот?
И ние официјално пред 2 дена излеговме од 4 скок, и исто со спиењево по 30 мин и станува, оставам у кревет одма се буди, остај го у раце, спие по 3h. А толку бев убедена дека ке смени
Минатиот скок имавме мака со јадењето. Сега во овој четвртиот со спиењето заспива навечер и по еден саат отвара очи ако го земам веднаш продолжува спие, навечер исто неколку пати ме буди а јаде само еднаш ајде нека минува побрзо. Помал подобро спиеше
Кога се средува спиењето после регресијата од 4 скок? Ова како да не излеговме од скоков, синко буквално спие, заспан е скроз и не се предава никако да затвори очиња. Се луламе до бескрај и џабе... Си дремнува така, таман ќе го спуштам, отвора очи и спремен е, како да спиел со саати Па за две недели доаѓа петти скок, почнав стегачи за зглобови да носам, раце ми паднаа.
Кај нас пред една недела почна овој скок. За сега не гледам промени освен што не сака да пие млеко. Мн ли е страшен скоков? Што и кога да очекувам?
Моето сега е кај громчето на 4ти скок, проблемите ппочнаа баш од пред некој ден се буди често навечер, тешко заспива буквално како што пишуваш плус плаче се лигави му се спие а не сака да заспие. Вака не е бил до сега се буди со вриштење плачки се надевaм ќе се среди поскоро. @mar3q
Ние немавме проблеми толку со спиење за време на скокот, ама затоа сега имаме. Заспиваше барем, сега не заспива, или одвај заспива. А не е да го оставиш да си седи така, бара внимание и сака в раце. Многу немирно спие и денски не го фаќа дремка лесно, а премногу му се спие, очињата му се речиси затворени, но не се предава. Претпоставувам дека и непцата многу го чешкаат, па тоа му создава дополнителна нервоза. Гризе секаков материјал што ќе најде, гризе рачиња, му ставам Генгигел и се потсмирува, но не е тоа-тоа. @mar3q Имам детално пишувано за скоков страници наназад, на два наврати.
Мојот се тегне на цицка ем гладно ем се трга и плаче за да цица дали му е од тоа или од грчевите кога ќе го фатат незнам а уште 2 дена сме во овој скок. Еве апликацијава wonder weeks вика може да се изгуби апетит во овој скок така да веројатно од тоа ви е
8ми скок конечно да осетам нешто, после 4ти мали беше во вечен скок, ама сега одиме некст левел. Какво нервозно човече стана, по све живо се тегне и ако нешто наумил да џапне, нема шанса да го предомислиш. Плаче и се треска од земја кога не е по негово, сака да ме гризне ако го тргнам од правење некоја беља. А кога нема да му дадам да ме гризне уште толку се нервира и вика. Стиска копчиња по машини (сака и да влезе во сушара) , штекери и полначи одамна љуби. Елка не дај боже да види, руши сѐ пред себе. Мислам дека вакво луто ќе остане, следи интересен период . Ама и почна ептен да разбира, да дрнда по бебешки и да повторува по мене по нешто. И кога ќе земе кола во рака прави брм брм брм
Дали има скок во 5та недела? Нервозно е малото,кенка и бара в раце држење постојано додека е будно. Спиењето му е намалено. Јади на 3 часа како и секогаш ама не сака да заспие а гледам дека му се спие, само кенка. Човек да помисли дека го боли нешто.
А еве го денеска од 7 и пол утрото спие,ништо не го буди.Само за јадење станува и пак заспива.Осеќам дека и вечер ќе сме будни. Јас немам мака преку ден да го занимавам,па и смирувам од плачење ама навечер кога цел свет спие јас тогаш шетам низ соба со него во раце. Ајде сега мал е не е тежок ама допрва ќе качува на килажа.
Мојов или е во трети или четврти скок. Никако да откријам дали по дата на раѓање му се или по термин, дека на 3 недели се скоковиве,а толку ми е порано од термин роден Се бори со цице како да се напрега, како да не може да се намести, а има апетит, само кратко цица и почесто. Спие повеќе, си ги држи рачињата, многу е љубопитен, вика, гуга, муабетџија е, мафта по играчките на брат му, ако не го приметиш зјапа во тв, се отфрла ако не го носиш каде што сака или држиш како што сака...
Од термин почнува 15 недела, од дата на раѓање 17. Кај 17 недела има нешто на сликите што ги прикачувавте , дожд ли е што ли значи ама мене ми стана многу напорна. Нешто поврзано со скок или не знам кај да ја барам причината што вака нагло го промени однесувањето. Цел ден да е во раце, кенкава е, ниту јаде ниту спие саглам, дење спие во раце само, цица само пред заспивање или на будење инаку плаче се трга???