Има некои бебиња ги преспиваат скоковите како што имам читано. А може и веќе сте го поминале. Јас не знам како да препознам дали е во скок зошто малата е нервозна и раздразнета и кога не може да ждригне, а има и гасови/грчеви. Според термин за 4 дена треба да почне скокот а таа е нешто вознемирена последниве ден-два, сака само во раце.
Денес влеговме во 5ти скок Како почна 4тиот па до сега како цело време во скок да е не гледам разлика (Освен што прави нови работи нормално)
Нашиот деновиве треба да е во сончев период (10та недела), а тој само кенка нешто.. постојано подзаплакува, мјаучи, кенка.. па во скок не беше ваков каков што е сега. Од што не знае што сака се случува да почне да се смее, па одма да заплаче, и одма пак да се насмее.. во исто време и тоа и тоа
Исто скроз, отвара усте со фаца да се расплаче а она продолжува да се смееи обратно се смее, гуга, и така неколку секунди па преминува во мјаукање плачливо Многу се интересни вакви. Левото раче го јаде нонстоп, прсте по прсте ги пика во усте, па цело раче го бута, па претерува и прави фаца дека и се згадило, се насмевнува и продолжува со јадење на рачето Оваа подлогата со пијано многу ја сака, само туку свири со ноџињата
Термин за пораѓај ми беше 16 ноември ама гледам првата недела ја рачуна како 0 апликацијата... И сеа според неа малата е 4та недела а ја се си мислев дека е 5та. И како да рачунам сеа? Последниве 2 дена само во раце сака и да цица. Кенкава е, па мислев во скок е..
Ист е со раката, само левата, ама некако палчето го преферира.. инаку најчесто цела рака ја лигави, горе над прстињата, отворена, затворена, било како, само да е левата
Од 4ти мислам дека постојано беше во скок. Ми смена спиење кое до ден денес е исто и после една година станува. До пред четвтриот скок не ги чувствував предходните. Но трауми имам и го запаметив. А сега второво од кога е родено е во скок. Уствари се тешам така со скокот , такво си е детето плачко. Само во раце да е но и грчеви го измачија. За некој ден влегува во втор скок,може позитивно да не изненади
До 18 месеци големата стануваше по 10 пати сигурно Како одмина 18ти месец еве ја спие како топ (за некој ден прави 2години) Бебево 5ти месец исто станува пречесто Се тешам дека како големата ќе почне да спие на 18месеци Се тешам дека сепак има крај 3 години без сон... убаини
Дали е точна апликацијата за скокови The wonder weeks?? Гледам дека по датумот на терминот оди не кога се роди
лелеее ама ме утеши... ние излеговме од 4 скок,ама ми смени спиење...смо на цицка заспива ко новороденче е а не бебе од 5м. Спуштање во кревет никако,плаче вришти...само во раце! а толку се радував дека завршува скоков.
Синко 26 недела и еден ден. Ова веќе не се издржува. Од 5 - от скок ќе ми останат последици. Вчера и денес, синко е не издржлив. Се надевам за викенд, дека скокот ќе биде готов. Душа ми плаче за спиење и одмор.
Мене ме исцрпи 5-от скок. Не дава да го пресоблечеш ( или се превртува или плаче ), кашичка не сака. Ја затвора устата и ја врти главата. Го оставам во оградица, додека отидам во тоалет, вришти. Го заспивам во раце ( и денски и навечер). Зад сношти и ноќеска три пати се будеше и пиеше млеко. Од викенд очекувам сето ова да заврши.
Ова со пресоблакањето кај нас така остана и после скокот. Среќа не плаче веќе ама се бркаме по спалната, се препотувам додека го облечам. После бањање бетер е, моментот кога го вадам од вода почнува да се лути
Мајки, дали се враќа во нормала спиењето после 6ти скок? Се буди на секои 2 саати и бара да цица, ако не и дадам почне да плаче. Во 24саати јаде по 10пати, ги бројам деновите кога ќе заврши скокот...