Леле исто. Кога го капам весел е, се смее, шлапа со ноџињата. А, го извадам плачки. Да го намачкам по тело, тоа е научна фантастика.
Се надевам. 37 ма ја тера мојава.До сега не осетив ништо страшно,само често се буди,плус заби нови,смешки. Многу е интересна,дрдори ептен,покажува емоции,вриска и брмчи,само спиењето е крш.Нема цуцла кај нас,строго со цицка спие
Мајки, бебе ми е веројатно во прв скок. Никако нејќе да спие, сака само во раце и кенкава е по цел ден. Мирна е само кога ја шетам низ стан кај што има предмети, слики, украси се загледува ги гледа и така се смирува. Тоа загледување по предмети и е нешто ново. Ако ми заспие во раце и ја ставам во креветче одма се буди и плаче. Дремнува максимум пола саат, ништо не можам да средам низ дома. Раце ми паднаа, кичма ме боли ми се плаче Вчера ноќта не можев да издржам, утепана за спиење, мм замина во дневна да спие, а јас прв пат ја земав до мене на спална. Никако не сакаше во креветче. По апликација утре е громчето. Колку дена трае првиов скок, кога и како ќе знам дека завршил? И друго, сите од страна ми коментираат сум ја научила во раце и готово, сега само во раце ќе ми барала и така ќе заспивала... А 40 дена има, да ја оставам ли толку мала да зајде од плачење само за да "не се научи во раце"?!
Во раце ми беше, да, сега веќе и сама си сака да лежи. Држи ја колку што можеш, тие сакаат близина. Не слушај никој од страна. Истото и кај нас беше, плачење нонстоп во раце, па помина. Кај нас помогна тоа што се менувавме со маж ми, 3 часа јас спијам тој ја чува, потоа тој легнува па јас ја нишкам, кружење во дневна, околу маса нонстоп. Јас дете не би оставила да плаче.
Добро е кај мене што бар цела ноќ ја преспива, 6 саати врзува, па се буди за цицање и спие уште 1-2 саати. Или ќе стане само еднаш, на 4 саати. После цел ден е ваква Не знам како не и е мака Преку дем цица на саат и пол и затоа изглеа ноќе толку спие. Еве сега уште ја заспивам, од 10 саат. Таман ќе заспие, ја ставам во креветче, се буди. Аман веќе
Да ве прашам и јас нешто. По ова ми кажува дека за 5 дена ќе имаме трет скок, тој нели е долг скок како што ве читав овде, исто колку и 4от. Нешто се мешам или таман си е ова по табелава?
Еве до каде сме стигнати со 4ти скок. До сега фала богу не гледам некои промени освен слабо што пие млеко. Кога е громчето ли да се спремам за неспиење?? Или не, можно е по лесно да го поминеме?
Исти сме. Не спие преку ден и не. Пробај во количка вози ја,во релаксатор успивај ја па колку толку да поспие малце за раат во wc да одиш или да средиш по дома. Како бомба да спуштам во креветче секое легнување. А и тешкичок е мојов раце болат
Нема да ја научиш во раце мала е уште. И кај мене исто беше и истите коментари ги слушав раце ми паѓаа. Верувај направи 40 дена и после некој ден смени целосно почна да го интересираат играчки си лежи сам на подлога во релаксатор, па играчка над креветче гледа сега во раце се држиме грчеви кога ќе го фатат така да немај гајле ќе си се среди за брзо
11 недела бебево спие како новороденче Денски тера долги дремки или си глеа цртани... после од 18ч па до 07 сабајле спие со врзување по 5-6 саати Цветаат ружи се осеќам ко во затишје пред бура За 5 дена скокот треба да почне со тоа што го водам по дата на раѓање така се поклопија минатита два ај да видиме Страв да те фати
Мислам дека секое дете го доживува скокот различно؛ Ние првите 2 лесно ги поминавме, а еве третиот освен првиот ден сме супер؛ Ама првиот ден кога не сакаше да јаде бевме кај моите и беше превозбудена затоа што само еднаш ги има видено одкако е родена а има 3 месеци. Така да сугестијата ми беше, може океј ќе си пројдете. Над дневните дремки ни се кратки ама од сам почеток и баш го прашував педијатарот на последната контрола, нели дете расте додека спие. Коментарот му беше едноставно такво ти е детето, надоместува навечер со еднаш будење а спие од 20часот до 07-08часот
Со будење ли ти спие од 20 до сабајле? Исто сп дневните дремки ама што викаш надокнадува ноќе 6 ги врзува одеднаш а после стамува на 4-5 за млеко. Јас вториот потепко го поминав многу вриштеше плачеше ама бар со спиењето ноќе сме немале проблем никогаш се надевам така ќе остане
Можно ли е 3 скок порано 8 дена да не фати? Ме полуде овие 2 дена де сака да цица и се прејадува па повраќа што досега не ми правел, па после ќе му текне гладно а нејке да цица вчера буквално 6 саати се молевмена крај во спиење цицка му пикнав ме полуди. Можно е да е од скок или си збеснува нешто онака?
Кај нас уште 3 дена е до скок, и вчера се ова што си пишала го прави. Мислам дека може и порано да влезат во скок. Не јадеее, плаче вриснува, па потоа јаде по половина час на цицепа се смее до 2 ипол часот синоќа
Да, станува во 23ч за цицање и после кај 4 ама и да стане и претХодно не ми е мака зашто не вришти туку само мрдка и знам дека е гладна, цицаме 5 мин и пак во кревет
2 дена е до трет скок.. вчера намали со цицање, ама расположен.. затоа денес е врв - вриснува да плаче со зајдување, да не може воздух да земе, поцрвенувс цел. Го земам во раце и се смирува. За 5 минути вриснува во раце, го оставам, се смирува. И пак истото.. вака не правел никогаш.. се надевам дека е скокот и дека ќе пројде за неколку дена пошто премногу ми е жал вака да плаче да го гледам ич не ми беше плачко, ова ми е траума