Добредојде во третиот скок кратко кажано не знае што сака гуга,плаче,се смее се во едно дури и мојов му се спие очи црвени зева ама не се предава навечер
Како сите да сме во третиот скок Цицањето нас ни е најголем проблем, само што ќе се доближи до градата добива нагон за повраќање и се тргнува. Ја оставам неколку минути потоа цица, па пак нагон и се вртиме во круг. Во спиењето и не видов промена, јас уште го чекам денот кога ќе заспие пред 12. Засега уште сме во 1,2 по полноќ
Ќе да е тоа, пошто истото го прави ко да незнае што сака, претходните лесно поминаа овој ќе не исцрпи малку
Здраво мене ме интересира од кога ПОЧНУВАТ Соковите и како ги препознавате ние сме месец и две недели
Ако ти е со грчеви и нема да приметиш зошто секако вришти и плаче цело време покасно кога се смируваат ќе приметиш разлика во однесување
Значи ли ова дека цел месец сме во скок многу си е мирна ,овие неколку дена плаче до зајдување ,не сакам да ја гледам таква
Јас ни со првото,а ни сега со второво не приметувам разлика во однесување или скок. Уште нема 3 месеци ама како поминаа уште пред месец дена грчевите,цица,гуга спие. Сега и секоја ноќ во 21 е во кревет до сабајле до 8. Јас отечена од спиење. Дали се кротки децата,не знам до што е. Ама во овие скокови нешто не верувам.
Со грчеви е но го познавам за грчеви ми се собира целото ама не плаче само како ауу ми прави се маче црвенее и заспива.. Ама сега денес цел ден ми плаче сака мн млеко и цели време во раце затоа прашав да не е скок кога се појавува
Мислам барем 4 ќе го осетиш Не е станата многу лоша, ноќе си спие исто, ама што се мачиме со цицање и денско спиење.
Те читав за петти скок и бидејќи со четвртиот генерално добро поминавме, си мислев па колку можи да е лошо освен што не јади и ден два што е кенкав денски.. Ама сега те разбирам. Два дена сме до громчето во петти скок и наеднаш не заспива никако поинаку освен со плачење пола сат и в раце цело време. Во релаксатор повеќе од 10 мин е научна фантастика а знаел да седи и по 40-50 минути без јас да го занимавам туку сам со играчките. А од синоќа не спие и навечер, се буди со плачење и не прекинува кога ќе го кренеш. А тоа што станува по 5 пати во ноќта не го ни бројам и што знае во 3 или 4 сабајле да стане и да сака да игра. Хаос. Се надевам дека ќе се смени ова после скокот немам сила веќе
Јас ноќе се преправам дека спијам, до сега ми поминува, дека спие до мене, таа се буди ме гледа гука, јас мижуркам не и враќам и на крај се откажува и презаспива.
И тоа го пробав и ете го со прстињата ми брца во нос, во уста, ме кубе и на крај ме плеска по лице и толку јас почнувам да се смеам. Се смееме бик е во хороскоп и право бикче е, не се откажува. @zemzela91 Досега се жалев за 6ти скок во другата тема Среќа има голема пауза меѓу двата скока, одмори се убаво
Дали е можно при скокови да намалуваат на тежина? Се ми е страв дека не е најадена доволно и дали ќе ми намали на тежина. Сега си спие и навечер и преку ден има 3-4 дремки. Но не бара да цица. Синоќа последно цицање во 23ч и дури во 8 сабајле. Па тоа се цели 9 часа Каде да го барам проблемот и дали да алармирам? Пред малку требаше да јаде, се смееше, ја наместив за цицање и почна да плаче, без престан до зајдување. Не ја ни допре градата. Ја станав, шетав, пак си се смее, сакав пак да пробам, фати да цица, околу 8 минути и пак почна да плаче Во 3ти скок сме
Алишен пробај кога спие со брадавката полека да и го отвориш устето и да и подметнеш цице.Со компресии на градата ќе ја подразбудиш колку да влече .Имаш видеа на јутуб.Откако ќе се нацица не ја кревај нека си спие.Навечер не мора да цица на 2ч, може и на 4ч.Или пак форсирај доење почесто кога е будна. Ем нема да ја будиш и ќе си спие, ем ќе си напредува во килажа , а и ти ќе се одмориш Ова сигурно го знаеш , само да си пишам нешто
Се е пробано мила, не сака да цица деновиве. Во сон уста и е запечатена, не ја мрднува да повлече. Ниту пак заспива на града, со плачки цица овие денови. 9 саати без да стане за храна да побара, не ми е јасно, имам грижа на совест зошто не јаде. А си се смее, си гуга, се си е ок, само ова ни е проблем моментално. Се мислам и ад да дадам нема да прифати, таа не сака да повлече, тоа ми е проблем. Баш ќе ја мерам деновиве, да видам нецицањево дали и намалува на тежина
Мислам е до скокот и се надевам кратко ќе трае. И мојов не сака да цица овие 2 дена ко што цицаше навечер, сега на 6 саати бара, се буди му нудам а тој стиска уста а до пред некој ден цицаше на 3 саати навечер. Јас само преку ден повеќе му давам знам и на саат ипол ако е мирен да му дадам пошто се тегне плаче за брзо и се недонајаден е, ама ај ваљда за 1 недела ќе се средат
Да до скокот е... Ние 3 тиот така го поминавме ,за сега во 4 тиот да сака да јаде на саат ,саат и пол . Дали се намалува тежината не знам не сум ја мерела... решение немам
Со постариот иста мака вака. Не бараше бебе да цица се тргаше плачеше. Заспан само го подигав го ставав на града. Успеваше горе доле да фати. Или мојот со лажливка беше и уште е па му ја вадев цуцата и онака полууспан го ставав да цица. Доста напорно беше да се открие како да цица тој период