И мојата исто, само плус нема мака со цицање. Малце ме плаши што скоков е многу лабав, дури ми е досадно, дете спие а јас нз што да правам
Значи ние што сме имале проблем претходно сакате да кажете дека можно е да бидат посмирени во 4ти скок? Дај боже да биде така
Исто и јас. Претходно немав време да седнам а сега на моменти не знам што да правам. Дај боже така и да си останат мирни и да спијат инаку депресија ме фаќаше од неспиење и ѕункање
Кај мене така испадна. Дури ми е чудно, како што велат сите 4 скок е мн страшен се спремав на нај страшното а испадна обратно
А зошто не почнете малку социјализација бар со најблиските? Имаш ли некои од вашите блиску до вас, пријатели со генерација со поголемото дете?
Да за легнување си легнува и одма си заспива али со ова не јадењево страшна работа е да бевме сеуште на доење ќе се утепав 100% секој ден различно е еден ден нема ист во овие две недели. И навечер што знае да се буди и плус што сонува па си вика во сон почна да брмчи додека да заспие главата ќе ти ја збрмчи . Али и интересно е секој трет ден по нешто ново прави и тоа е утеха и повеќе разбира кога се љутиш и кога се смееш ако не се смееш пробува да те насмее има и позитива не е само лошо ама со тоа кенкање плачење страшно е
Да,да ја имам и јас апликацијава уште од 2018 Не ми текнува ич каква фаза беше таа со првото Скоро ако ја искусил некој нека ми пише Ајде со лесно и вие во 5иот
Луѓе помагајте. Скокот заврши. Ама многу ми се изремети со спиењето. Легнува во 1ипол некогаш 12ипол. Спие до 10, 11часот насабајле. Се комирам и јас со неа. Како да направам да заспива порано? Барем кај 11ч. Таа си има дремка од 10 до 11ч навечер и си станува и после забава правиме Плус и овој периодот од 29та недела, малку порано не фати нас. Па никако не смееме да се двоиме една од друга. Штом ме снема од видик одма плаче по мене. Почна да спие на стомак, па ме гура мене. Јас и мм во едно ќоше спиеме, таа на цел кревет
Да пробаш сабајле порано да ја будиш малце големки сте вие може и потешко да ви е али и мојот не заспиваше пред три сабајле и три дена по ред од сабајле од 8 станат и неколку дремки имаше во денот и сега до 9 и пол вечер е заспан. Она си се наспива сабајле и навечер журка прави затоа и ти е тешко пробај да воведеш рутина некоја може ќе потрае ама гледај да не попуштиш ти туку она
Морам да ти пишам зошто сум во бетер ситуација од тебе. Точно цел година од како останав трудна сум дома, сега веќе со 3 месечно бебе и 4 год девојче. Не одиме кај нашите ниту тие доаѓаат.Сама чувам деца,готвам,чистам без никаква помош. Сите деца страдаат,знам, пробај поголемото вклучувај го во дневни активности. Моево во кујна е со мене,чисти,работи нешто да биде интересно. Плус секој ден 1час сме надвор,шетаме. Вклучи му активности како пишување букви,цртање,креирање,моделирње,цртан, ако користите таблет симни едукативни игри има. Тоа ти е за големото додека бебето на 6месеци стај му играчки у на земја. И веќе вовед и му ред за спиење,па дури спие да поминеш време со поголемото. На сите ни е тешко,ама немој никако да го мразиш мајчинството. Пробај организирај се. Добра организација,пола работа завршена
Можно е. Сите скокови не дрмаа и ме преморија, само четвртиот не го осетив, а најмногу од тој се плашев. Не се секирајте, петтиот наплаќа за сите
Оф не знам веќе. Еве уште сме будни. Си стана во 1ч госпоѓата. Еднаш пробав така. Станавме во 6ч до 8ч сабајле беше будна. После од 8 до 11ч спиеше. И вечерта пак иста песна беше. Ќе пробам пак. Ќе ја будам утре рано
Мојава спие долго насабајле. Ама бадијала. Ме исцрпува додека ја заспијам навечер. Ако тера вака тешко мене