Ние сме во втор скок ама кај што ве читам исто како чртврти петти таму. Денски нејќе да цица, вришти и се тегне на града, фати-пушти прави, па се уморува и заспива. Навечер затоа на секој саат цица и еве сега пред 15 мин конечно ја заспав. Громчето помина ама мене некако секој ден ми е горе доле исто. Завчера цел ден не спиеше, дремнуваше по 15 мин и се будеше со плачење. Ај може што вика @Alishan30 натаму нема да го осетиме тој четвртиот, и јас најмногу се плашам од тој иако има време
Можно ли е 4ти скок да почне на 14 недели? Од бебе што спиеше 7-8 саати без да јаде, потоа 10-11 со едно јадење, синоќа минсе разбуди 8 пати! И дадов 3 пати да јаде, не знам што да правам да не и створам нсвика, ама не сакаше да заспие, инаку со цуцла се смируваше Па ајде си викам може е гладна
Може да почне порано истото го правиме и ние си врзуваше по 8 саати а сега знае да протестира 8 саати за јадење
Месец и една недела мислам...секој ден нема да ти е таков различно ќе биде не се плаши до толку ама нема да знаеш од ден за ден што да правиш еден ден му се спие повеќе друг ден му се јаде па не му се јаде кратко кажано не знаат што сакаат
Мене ова повеќе ми личи на регресијата за спиење во 4ти месец знаците се истите што ги опиша https://www.healthline.com/health/parenting/4-month-sleep-regression
Ние од вчера сме чудо. Дете спие по саат/саат ипол неколку пати, цица на 3/3 ипол, заспа во 21часот со едно будење во 4 а станавме во 7 ипол. А 4ти скок тераме дај боже да потрае
Немора да значи , секое бебе е различно. Ние го поминавме петтиот скок , никакви знаци за скок немаше Имаше 2-3 ноќи неспиени и со плачки ама излезе запче
Мора да го оставаш бебето навечер со некој а ти да имаш некоја актвоност со поголемото, значи мора, макар на пола саат. Потребна ни е социјализација како што веќе ти пиша @Milkiway вклучете некој со кој ќе можете почесто да се гледате. Искрено читам многу од вас со бебиња сте ги намалиле контактите ни родителите не ги гледате, јас не го оправдувам тоа баш заради овој психички момент, ова ќе остави последици и кај децата и кај вас. Не дека имам многу контакти но сестри родители... Си требаме едни со други, макар тоа видување нека биде со маски со дистанца, има начин да се организира средба со помал ризик. Јас редовно до скоро се гледав со другарки на отворено. Може децата во количка и прошетка и разговор со некој близок.Чувајте се физичкото здравје е битно но не го занемарувајте и ова другото.
Леее кај нас обратно па.. 4ти скок само 3дена кемкав и не јадеше али си спиеше океј.. Али затоа 5ти душа ми вади еве една недела не јади, не спие, се нервира, плачи пред да заспие, кемкав е поголем дел пд денот, ги чеша непцата крвнички како друго дете да е дома
Кажувајте помош. Се научи да спие само со цицка во уста. Сега сме 6м, да во 5ти скок сме,но мислам дека не е до скокот...баш до навика. Ноке се буди на секој саат точен ко аларм, бара цицка да лапне, цица 15мин успивајки се и продужува до нареден саат. Веке брадавиците мн ме болат, тврди ми се ,црвени, мачкам ланолин џабе... Ем не наспана, ем болка, ке полудам. Се обидувам да го презаспијам нишкајки, плаче,се бутка во гради со затворени очи. Го ставам на цицка,заспива во иста минута,ама не ја пушта додека убаво не се успие. Се мрднав.
Да, не ја сака... плаче, го тера на повракање. Од бебе не фака цуцла. Пробав и со силиконски брадавици, исто... плаче,бутка се тегне.
Мислам период е. Мојава во 5ти скок така беше, штом помина скокот си цица навечер 2,3 пати ,по 5 мин. Пушта цице и продолжува со спиење. И мојата има 6 месеци
Добро е, синоќа од 21:40, се разбуди накај 2, тамн ќе правев млеко заспа пак до 5, јадеше па накај 8 стана, него почна да не сака да спие за дремки, т.е спие ама зајдува од плачење додека ја заспиеш, де пробувај порано, де покасно иста песна