Заби ли се, 6-ти скок ли е Проби запчето, но кенкав е, бара да сум со него. Едвај заспа до мене Мислам дека сепак се забите, досега со скокови сме немале некоја мака. Но не се знае, можеби овој ќе ни наплати за сите.
Скокот почна да се осеќа и кај нас. Таман реков беба почна да фаќа некој ред, стана бетер од прво. Синоќа се успивавме цели 4 часа ја пресоблеков, намалив светло во соба, јадеше и никако да заспие. Така дремеше на града и ако пробав да ја оставам се будеше и пак од ново, грбот се заболе, од 10 дури во 02 заспа. И кога заспа немирно спиеше. Се будеше во 4 и 6 за цице и во 7 станав бидејќи брат и оди во училиште и морам да го спремам. Денес сум зомби, го нема ни мм да ме замени малку. Денес и дремките и се со р'жање
Вие што го минувате 4от скок да ве прашам дали забележувате вриштење повремено без најава, од чиста мира? Најадена, пресоблечена, искакана, мешето не и кркори, измочкана, си играме, гуга и одеднаш почнува врискање. Незнам за што, не прави болни гримаси, си вриска гласно. Шетаме, пееме, луламе и се смирува, и ко ништо да не било
Мене така ми правеше пред да пие млеко. Не беше прегладнета. Од весела и насмеана од еднаш врескање. Ми се случуваше пола саат да не можам да ја смирам
Да, ама повеќе е за внимание кај нас. Ако фатам телефон и не му зборам или станал не сум отишла одма до него претходно не правел така сега се заплакува толку тажно срце да ме здоболи сака 100% внимание цел ден
Леле исто, ако ми заѕвоне некој на моб и кренам, таа се раскинува од плачење, како најплачлива да е на цел свет. Срам ме фаќа, што слушаат. Штом исклучам таа е друго бебе и се смее И оди објасни се дека супер си е она, кога ја слушаат како плаче Итрица
Ние сме една недела во четврти скоки денес прв пат имаше промени во расположение - кенкање скоро цел ден. 2-3 дремки по 20 мин и толку.. не знаеше зошто кенка - дали е гладен, дали му се спие, дали ако му се тргнам од пред очи, дали ако му се појавам пред очи, ако го земам во раце, ако го оставам во играчлна... НИШТО не функционираше, а јас сама цел ден ама затоа пред да заспие беше идеален - го избањавме, па млекце за тело и масажичка, гушкање, галење, цицање и кревет. Му ја пеев песната што обично ја обожава, но се расплака.. тогаш почнав да му ја раскажувам пепелашка... така внимателно ме слушаше, па ми реагираше на интонацијата, крева веѓи, се смее будно ме слушаше до крај, на крај го погалив, го бацив и си заспа Најубаво заспивање во светот Перфектен ми е и го сакам бескрајно многу
Леле бе, бравоколку ми е убаво, кога вака ве читам. Алал да ви е, и ти одморена и дете задоволно, така продолжете
Кога ве читам дека пред спиење ви се мирни, се прашувам што му е на моево. Збеснат е пред спиење, не можам да го смирам. Какво раскажување приказни, какви масажи И ова не во скок - секогаш. Скока, се отфрла со нозете кога го соблекувам, кога го мачкам пред спиење, кога го туширам ми фаќа сè живо и едвај го држам, кога му облекувам пелена мрда и сака де да се сврти, де мост прави, де фаќа крпа и ја тегне. Вреска, писка, скока. Ако го држам во раце, ме плеска по рамо, скока со нозете, ми се качува нагоре, ме кубе. Не можам нос да му исчистам, па тоа трае половина час со триста лажења, пеења, одвлекување внимание. Ми ги турка рацете, врти со глава, ми дува, ми 'ржи. Успевам да се смири само ако го држам во раце и седиме образ со образ допрени, да му мумлам. И кога цица, мрда со нозе, сака рацете и тоа двете да ми ги држи, ми ја дрпа рамката од маицата. Се смирува само кога ќе му ставам цуцла од шише во уста и пие млеко. Борба водиме со мм навечер, двајцата го спремаме за спиење инаку нема шанси. Ако зборувам на телефон, цел е претворен во уво, остава играчки и слуша внимателно, не ми плаче. Ама затоа вришти ако се поместам милиметар. Си игра, секакви акробации прави, но ако мрднам од кревет, ете го на нозе се кренал и вришти. Вчера маста ми ја изваде. Втората дремка пак ја прескокна, цел ден беше кенкав и плачеше. Во скокови сум немала некоја мака, но секогаш втората дремката што е после 13 часот му се пореметувала, но никогаш не се случило барем малку да не дремне. Само што ќе затвори очи и мислам заспал, се свестува дека задремал, отвора очи и толку е, не заспива. Среќа навечер сме немале проблем, ги спие ноќите Ете, да си кажам
Истово некогаш истово и во спиење ми го прави цврсто заспан и ќе вриска и ќе си продолжи. Исто така си игра паѓа од смеење и ќе му текне да врисне. Расположението им е премногу променливо во стотинка менува. Чист пример вчера не можев млеко да му направам точно два часа вриштеше цел се флекоса со црвенило по лицето и тоа во раце беше на напред на назад никако не сака и го спуштив во креветче зошто грбот ме заболе отидов до кујна се вратив сам заспал дали 10 секунди беа во прашање. Така да очекувај го неочекуваното
Да си ми жива, посебно делот пред заспивање и менување пелена Може да е скокот зашто истото го прави особено делот дека не смееш да мрднеш мада апп покажува уште 2 дена. Јадам, се туширам и во вц сум со него. Уствари никаде не одам без него, одма плаче. Да ми беше мм тука мислам би сакал да оди кај него, а вака не сака никој освен мама. Синоќе цела ноќ со кенкање ја поминавме, повеќе во раце ми спиеше него во кревет. И сега пишувам, а во раце ми спие. Не знам што ќе се прави, само нека завршува побрзо. Второто запче уште го нема.
Изгледа 4ти скок сите не дрма не дека е страшно, ама мака мачиме за заспивање, па ќе се разбуди со вриштење, често цицање, а да не зборам што цел ден зуе и се кара добро е што уште навечер спие освен вчерашниот ден. Да потрае тоа бар
Леле мојата обавезно со зуење и карање секоја вечер кога станува од последна дремка накај 7 додека да заспие за ноќта накај 9.30 Не плачи ама се кара