Што да се очекувс од 5ти скок подобар полош од 4? Ние влегуваме веќе па да знам што ме чека. Можеби и веќе е влезен претходниве 4-5 дена дневни дремки се научна фантастика и навечер се буди често . Ама затоа пак смени кога е буден не е толку плачко како што беше сега само сака цело време да го анимираш да му покажуваш да фаќа да истражува да разгледува сам не сака баш да седи. Ј аимам апликацијата но ме јнтересира искуства.
И мојава така дури и сама се успиваше. Сега сме на средина и во фази фаза и ете ја покажува заби. Едино за цицање сака самп легната.
Ањњ, ањњ ми вика кога е лута, и во челото и очите станува во секунда црвена, кога се лути и плаче. Па за 2 секунди се си е у ред и си се смееме. @0ли и кај мене нонстоп прави како мост, со газе се подига, со нозе се оттурнува, ѕенѕа кога менуваме памперс, кога цица со рака ме штипе, за цице масира, со нозе игра и такаретко да е мирна и така да си леже.
А претежно ќе има периоди во денот кога ќе биде лута.Мојот кога е лут нервозно брмчи и пушта повеќе лиги ама ќе има денови кога ќе е скроз мирна ќе видиш бајче ќе се гушка камо сите денови да им се такви
Кај вас завршува, имам јас уште до крај на скок Се надевам дека нема цел скок да е ваков, жал ми е што денски малку спие. Додуша, не е нешто малку, само последната дремка ја скока овие два дена, но сепак жал ми е што и неа не ја отспива за да си одмори. Се бањам навечер кога ќе си легне, тоа ми е онака релаксирање, цел бојлер трошам од што ме опушта. Знам дека легнал, заспал и јас раат завршувам, па седнувам да изгледам некоја серија и се комирам. Ритуал ми е откако ќе заспие навечер инаку отидов со паметот Ручаме со него, па не трга поглед од нас и затоа го седнувам во хранилка, му давам парчиња храна да се занимава и така молчи додека прави лом. Вчера не сакаше да заспие во 10 наутро, па морав до него да лежам и после триста маки, тегнења, штипања - заспа. Еве денес си заспа сам. Се исправил во креветче и плаче да го седнеш, ајде мм го спушти, се сврте на меше и заспа Сака со мм да седи, но понекогаш само мене ме бара и кај мене се смирува. Се надевам дека вчерашниот ден нема да ни е секојдневие
Кај нас полесен беше од 4тиот, со дневните дремки конечно дојдовме на некој ред, но имаше ноќи кога често се будеше, на еден час-час и пол, особено на почетокот на скокот. И со пресоблекувањето имавме проблем, од бебе што ужива да лежи за пресоблекување, стана бебе што писка, вреска, клоца и плаче на буквално секое менување памперс.
Не знам дали е скок 4 дека претхпдните немаше некои драстични промени. И спремам млеко, го гледа шишето и отвара уста, и давам да јаде и почнува со плачење и тргање од шише. Искуства? Чекам да ми се јави докторката. Само во тек на ноќта јаде без проблем И нонстоп става раце во уста
Значи нема еден ден ист да е на претходниот. Синоќа поминавме супер, си спиеше цела ноќ со едно станување за цице. Преку ден знае наеднаш да заплаче без да сфатам зошто ама за брзо се смирува. Многу ми е интересна кога се смее на глас, испушта крик некој пропратен со лиги
Бебе е 16нед и некој ден знае да плаче пола час кога се буди, вришти пишти и крека на цел глас како да се расправа, па се смее, па дреме 1 мин, па се одново, шише млеко пие 1 час со тегнење влечење, плукање, лигавче што е тоа, веднаш нервозно го влече и фрла, скока со раце и нозе да неможеш да ја додржиш, раце во уста ако и ги тргнам пишти. Скок е мајки што ли е? Три четири дена по ред. Родена е 2 недели пред термин, значи корегирано 14 и пол нед.
И кај мене е влезена во 4 скок, промена во расположение, наеднаш се расплакува од ништо, на менување пелена никогаш не плачела сега се расплакува, па и зборувам па ќе се смири па одам да ја фрлам пелената да се измијам раце почнува да плаче, најмногу промена кога и се приспива плаче многу и морам во раце да ја нишкам за да заспие со рикање а пред тоа сама си заспиваше и друга промена сака да спие повеќе преку ден буквално плаче за спиење и од цицање на 2 саати сега ми зголеми на 3 минимум некогаш 4 и пред тоа цицаше 10 минути а сега за 5 е најадена навечер нема засега промена, вака да остане е таман а се мислам ќе отвори некој ден има време
Леле луѓе, детево се утепа од плачење, никогаш не бил оваков. Цело време зборувам за скокови, никој не ме слуша и сега кога се случува „што му е?“. Мојов дигна раце, а само неколку дена се, му реков да се смири и да излезе од спална, изгледа само јас бев психички спремна за скоков. Ме прашува зошто точно плаче, не знам да му објаснам. Едноставно се буди од спиење со вриштење.
Исти сме, што да ти кажам. Липа и во сон. Бидете покрај него, и тоа не е свесно што му се случува. Стиснете заби. Душички се кога не плачат, ама кога така вриснуваат одеднаш, желудник ми се превртува. Легнуваше барем во 23ч, синоќа пак до 2 ипол не заспа
Објасни му дека овој период мора да го истрпи бидејќи сега му се развива мозочето учи нови работи со тоа што денес пример ќе научи повеќе да гуга он добива спој во мозокот и не може да се справи со тоа и затоа плаче и не може ништо да му помогне сега највеќе растат и се развиваат во 4ов скок при крај кога ќе биде ќе видите дека имате друго бебе што знае многу работи да прави еве го моево има уште 9 дена до крај на скокот веќе не плаче сама вика ушите ми зујат дури гласот му зарипна знае да држи почнавме и со вкусови знае да голта и ред др работи пробај ова објасни му го на маж ти сигурно ќе свати фрустрира што врискаат и пискаат можат и со саати даго прват али само трпение ништо друго. Јас немам трпение за ништо штом јас успеав да го пребродам периодов верувам секој дека може
Објаснив и му реков да излезе од соба и да не ми го тревожи детето ако е фрустриран. Знае некоја зошто се будат од плачење со врескање како да ги боли нешто?
Само што ти пишав мозокот премногу информации има и спојка добиваат затоа пиштат и се смируваат во меѓувреме може и грчеви да има ако пртка грчеви му се ако не другото е
Сега ве читам за плачењево. Ние не сме во скок. 30та недела ја тераме. Бебе веќе не знам од кога во сон плаче , значи вришти некогаш и давам цице се смирува продолжува со спиење, некогаш не сака цице, ја кревам ја нишкам продолжува да спие, а некогаш морам да ја разбудам, зашто не се смирува. Денес ме исцрпе и се спие, а не сака да спие. Штом пробам да ја заспијам вриштии. Аман, ако вака ми се обичниве денови којзнае какви ќе бидат следните скокови
da ne te plasam neli site deca se razlicni, no kaj mene os kaj 4 tiot 5 skok pa do nedela dena os rodendenot sekoj den bese kako vo skok od nespienje vikanje vreskanje se imase
Санелка, како сте сега? Дали е подобро спиењето, плачките намалени, кенкавоста...и ред други нешта? Или поточно, какви глисти изводи сега?
Офф тешко мене ако испадне така. Веќе во сон ја преместувам и и давам да цица. Маж вчера ми кажа дека сум нишкала, неколку минуткии, јас не се сеќавам