^Добро кажете ми начин како порано да ја заспијам, дремам со неа од 21 ч во спална, се' правиме и заспива дури во 1-2. Сега пред малку се разбуди од спиење. Јас вака незнам како би одела на работа, изморена сум да легнувам толку касно. Искрено, ви љубоморам за раното заспивање.
Денските дремки да ги поместуваш? Каков ти е цел ден со спиење? Ако дома не заспива сега ти е топло надвор 1ч вади нека спие на пример од 9ипол-10ипол,после втора од 13-14ч и трета 5-6 ние сме отприлика вака после во 7 го бањаме заспива до сабајле со будење за млеко
Се е изместено кај нас, на силен ветер не ја вадам надвор, има ветер моментално. Станува во 10-11, си играме, прета, јаде раце, се смее, се уморува и заспива во 12, спие 1 час, станува и кај 15ч дремнува 15мин, и до вечерта на 2 часа спие по 15-20 мин. 3-4 пати ова. Пробувам да ја анимирам, но таа спие и нема шанси кога и се спие, да стане. Она во 21ч заспива, ама за 1 час е будна и потоа нишкање, пеење, шетање, во креветче лулање за по 2-3 часа дури да заспие. Кај нас по бањање има повеќе енергија, никогаш не заспала веднаш по бањање, оти опуштена е Навечер ако јас не ја разбудам да цица, ќе си спие цели 12 часа без престан
Таа дремка кај 15ч ако и ја зголемиш некако да и преправиш со спиење или сабајле порано да ја будиш да фати ред. Највеќе нас ни е спас шетање кога е убаво времето или возење во кола. А бањањетпо ако така бањај ја денски после 15ч И кај нас беше изместен па некако му ги продолжував спиењата и се намести
Моето имаше грчеви до 9 часот и потоа заспиваше, кога се смирија грчевите почна да заспива околу 7 и така тераше некој период потоа ми се виде мн рано дека заспива па пробав да го поместам спиењето накај 8:30-9 ми успеа ама некогаш го фаќаше и 9:30-10 и некако спиеше немирно со често будење и слично додека еден ден не се погоди да заспие порано накај 8 и непто беше и си реков нека го бидејки ако го будам ќе се фати каснод а заспие накај 11ч и приметив дека спиеше помирно потоа пробав уште некој ден така и му се погоди, не дека не се буди ама не како што знаеше да се буди често. И нешто ново што применувам е еден час одприлика пред спиење се гаси се пуштам приспивна музика и така смирено го шетаме низ соби седиме се галиме гушкаме му давам пие млекце менуваме пелена и се успиваме не заспива сам и мислам дека влијае и тоа исто пред дневните дремки барем 10 минути се смируваме го возам во кличка и пуштам истата приспивна мелодија како навечер кога се смирува го земам го тапкам по газето и заспива. Сега за сега ни иде добро со овие нови ,,техники'' па ќе видиме.
Лепотицава како бато мој. Ајде нека денски што спиеше како зајче него навечер мртва уморна едвај чекав да заспие он расположен. И почнав прво во количка дома да го успивам на праг од тепих напред назад . Еден период успеваше но после нејќеше и правев избањај го вицаше и во транспортер нишааааај. И додека не се зацврсти убаво не го преместував. Е потоа во креветче но следеше период кога си научи да се врти од грб на стомак и при секое вртење стануваше. До ден денес станува. А затоа па малиов спие на меше и не се буди ни со раце што често сам се будеше батко. И си спие цела ноќ. Ама за батко уште стануваме. Сега па ноќни терори се расправаме. Хаос ми се спие ми се плачи. Само барам алтернатива еве вака колички транспортери не раце не на нозе сум го нишала пеење тапкање... транспортерот се покажа како ефикасен кај нас
Ние ја почнавме 44та недела и еве веќе неколку дена не јадеме ништо . Незнам дали е скок или сепак забите. Горниот кец и е побелен но нема пробиено уште. Се буди ноќе со кенкање и че земе ќе цјцне малку и продолжува да спие. Ама ептен не јаде скоро ич, само што цица. Незнам што да правам повеќе ....
Ох ама ме утеши сега... Се извинувам ако сме офф ама само уште ова, јас зедов гел на ФрезиДерм, мачкам, но мислам дека многу краткотрајно е дејството, а ги имам и Осанит гранулите, колку даваше? Може да давам и сега иако нема уште најава за запче?
Значи стварно децава ни се исти, и јас се прашувам како порано да заспива. Ретко ептен во 11 да го успијам инаку стандард полноќ не фаќа, го заспивам во 9 ипол де будо за пола саат и ништо. Сум пробала и порано да го будам сабајле џабе е а ептен немирно спие се мачи да прдне крева нозе прета жал ми е да го будам. И баш се плашам како ќе одам на работа со ова темпо.
Се случило ли кај некој скокот да се поклопи со денот на раѓање а не со due date? За прв скок има уште две недели ама сега некако гледам промени и зголемено плачење а се 4 недели од датумот на раѓање
Да ја се водам по дата на раѓање разликата со термин ми е 6 дена па горе доле блиску е. Но некогаш менува зависи
Кај мене Пишав прво датумот кога ми беше терминот, но гледав дека скоковите почнуваат порано кај моето бебе. Додуша разликата кај мене е само 6 дена, а секако дека не може кај секое бебе скокот да е точно по датум, апликацијата ни е сепак само за ориентација да знаеме што и кога отприлика да очекуваме.
Леле како за ќерка ми да читам Никако да заспие навечер пред 2 саатот. Се пробав, и порано бањање, со денски дремки сме хаос, не ни се знае ред. Баш после бањање ќе се најаде и после тоа највесела е Колку направивте вие? Ај може и рано е ќе си фатат ред после 6ти месец, незнам што да речам... Јас имам плус проблем што во креветче во последно нејќе да спие, или многу немирно спие..се мава со рацете по лицето, ја врти главата, прета со нозете..Или одма отвара очи кога ја ставам во креветче и после пак наново треба да ја заспивам.Ако ја земам до мене на спална одма се смирува и убаво си спие. И бели звуци, песнички, фенови, испробано е се. Не е во скок сега-само што го поминавме вториот, тогаш па денски ич не спиеше, најголемата дремка и беше 15 мин. Сега моментално ја тера третата дремка. Пак ќе не фати после полноќ заспивање. Слатки маки
Што подолго спие толку покасно ќе легнува гледај сабајле да е станата порано и дремките ќе и се поместат и порано ќе легнува нормално нема магично од прв ден али неколку дена до една недела ќе се среди. Почни од себе кога седиш до 1-2 ќе спиеш до 10 сабајле исто и она мојот 7 и пол најкасно 8 станува има три дремки по два часа некогаш и по еден му се зависи ама нон стоп е активен и ќе се измори и со млеко заспива освен ако нема грчеви тоа е друга приказна и вечерта најкасно до 9 е веќе заспан се буди во 5 за јадење па во 8
На моево датите се повеќе од три недели разлика, првите скокови му беа по термин, после се поместија по дата на раѓање. Еве сега влегува во 9ти скок, скоро 60 недели е, и, крај не му се фаќa. Особено спиењето, ужас, УЖАС.
И мене ми се 17 дена разлика термините ама од вчера влеговме во 5 недела според раѓање и спие по пола саат, многу плаче и некако ми заличи на скок