Ааа во трета недела, јас те сфатив трет скок. Да, имаше еден таков период во трета недела. На апликацијата Тhe wonder weeks не го пишува тој скок ама јас читав по интернетов негде дека има во 3та недела.
@rainbow_bb еве инфо истражи на нет за овој прв скок На тој мислев ама кај моеш да ме сфатиш си ја читам пораката и ја едвај се сфаќам понекогаш
еве сега читам и можно е да се нервозни ради раст што не ме чуди затоа што на контрола завчера ја измерија +650гр (за 11 дена). се утепува од цицање.
Да, има. И моето од 3 недела така почна да е кенкав, поплачлив, така што од сегашна гледна точка, навраќајќи се, сфаќам дека било скок. Па и во 5та 6та недела беше изразен, па во 12та недела и после неккао редот му го фатив.
Денеска на тв телма амбуланта гостуваше Антоније ортопедот кој е во можност нека ја гледа емисијата кажуваше дека најголемиот раст во развојот бил 4от скок и дека бебињата плачеле екстремно ради тоа што многу брзо им растеле коските и ги болеле и вечерното будење било ради тоа, напомена дека во тој момент не треба да се држи бебето во раце да се нишка и така да се смирува напротив да се остави да се истега така си ј аолеснувале болката се што требало во тој период е помалку и почесто хранење,цуцла лажливка или било каков начин освен држење и смирување во раце. Кој се согласува со ова? (чисто за дискусија нормално сите имаме различни сваќања)
Се ова ок е, ама полудев, еве почнав и дијазепам да аи мавам. Мојата е 18 нед. на ад, млеко пиење јок ни под разно, будна ни 10мл несака, штом ја доближам цуцлата од шишето до неа вришти и се тегне, а вода и чај пие, што е работава незнам трае 1 недела ова. Правам по 120мл и само полузаспана ке ги испие или 100 или цело, на 3 часа, гледам и спиењево да го темпирам. И претходно пиевме 6,7 шишиња по 120 со молење ама барем будна и ок си напредуваше. Вреска на цел глас ко да се кара со некој, ништо не и е погодено, коси скуби. И да јас заприметив дека несака во раце, сака да лежи, и цуцлава ја скина шмукајќи. Дали ке помине незн, дали е скок или од вакц реакција примивме пред 1 недела ама чудно изреагира на ротава со запек, незнам, јас аи купив дијазепам. Ке почнам и со дохрана од 4 и пол мес
Се согласувам дека е интензивен раст. Многу новости имаме во 4ти скок, ама не знам дали му држи вода тоа со недржење во раце, сепак секое дете е индивидуално. Моето заспива во раце, седнати на клацкалка, не сака сама. Пробав се што наброил ама урла, греота е. Вака ем за 5 мин заспива, ем јас не се нервирам. За хранењето, ние сме на цицање, почна почесто да бара на 2 часа и поголема количина, ама не гледам проблем околу тоа
Мојата за заспивање раце, но кога е будна несака периодов раце, повеќе да лежи и со тупаници во уста да се дави, друго ништо не ја интересира
Во одредени ситуации е за во раце дасе држи бебе тогаш бара близина али кога плаче и во раце (најверојатно и за тоа мислеше) самото тоа може да се справи со себе тогаш џабе и гушкање и се едноставно мора да помине иако срце се кине што плачат а беспомошни сме. За жал тебе ти се погодило такво бебе што одбива да јаде такви деца се најлоши во скок да ги молиш да јадат,гледај од позитивна страна дека на ад е полесно да го нахраниш замисли да требаше да го доиш па да ти се трга од града а ти си таас амо што можеш да му дадеш да јаде и хелекс нема да те спаси Наоѓај начини да се смируваш мене кратко вежбање со лесни вежби ми искачаше нервозата и б6 под ве пиев не ској ден али кога имав мака
Се си е ок тоа. Ама кога вриснува наеднаш, ако не ја земеме во раце-зајдува Овој скок ќе го памтам. Желудник ме стега заради тоа вриснување. Душички, кој знае колку им е се новичко.
Мојот и во раце плачеше и по тоа се пронајдов во неговиот муабет кога ќе го кренев уште толку вриснуваше си мислев јас дека го имам истегнато нешто
Моево не ни сака во раце одма се исправа ќе ни падне мислам не можеме да го додржиме само во транспортер и на под...ако шетаме низ дома само со грб према мене и тогаш се тегне да седне и плаче Иначе го гледам со паузи не сум стигнала до тој дел
Ќерка ми е на доење, и се што си опишала, моментално доживувам. Срце ме стега кога вриште пред цицка, како да е на "колење". Не е финтата само во сон да ја дојам, треба некогаш да знае дека и будна се цица, а незнае Се чувствувам грозно, исфрустрирано и тажно. Незнам каде грешам. Се трудам се да направам, но скокот ме докрајќи и мене, и неа. Вака ако се сите скокови, ехеее....
Во количка скроз на најниско ниво спуштена лежи и се крева да се исправи, страшно, со глава во решетки од креветче се удара
Дали некој можи да ми кажи во трет скок сме и баш на громчето сношти ја имавме најлошата вечер само мрда не плачи ама мрда и цела ноќ не спие мирно и јас дежурам. А денес пишти корни дури зајдува од плачење незнам што да правам. Е сега прашењето ми е дали ова е најсрашно дур е громчето дали после се смирува. Оти гледам четвртиот скок трае четири недели па ако е вака уште од сега да си потпишам за во лудница
4 скок нема да го заборавам. Многу промени претрпе + регресија во спиење + мака со забите... одеднаш светот станува многу голем за нашиве мали човечиња. Но, за захтевен дечко како мојот тоа оставање сам на себе не се применува во пракса. Не од што ми е жал да не плаче, едноставно уште од првиот ден си бара близина крај себе, па се до ден денес. Особено за заспивање! Не сме заспале индивидуално (освен кога се шетаме со количка), исклучиво се нишкаме, инаку мислам дека би издржал без сон, ајде не цел, ама половина ден. До толку има кондиција, ама сериозно. Дава очигледни знаци кога е спремен за спиење и со моја помош заспива, поинаку не е изводливо. Понекогаш може и да го нишкам и да си дремне кратко во раце и пак е спремен за акција. Така што, да, ова многу убаво звучи, да го оставиш и да биде независно и само себе си да си помогне, ама не е секогаш применливо. Ако го оставам (а сум се обидела со тоа и со се друго) не е способен да презаспие и сврзе сам. Тука е и тој 45мин. циклус на спиење низ кој исто така минуваат овој период, па и separation anxiety. Накратко, има многу работи за многу краток период и речиси е невозможно да се очекува да ги оставаме без физички контакт да покажат независност.
На тв го гледав на телма сабајлево на А1 сум и можам да враќам и паузирам ( мислам и на телеком тие можат) ако имаш врати го пишува телма амбуланта на програмата накај 9ч беше