Тоа зависи и од дете и период нормално и тие деца што не се зависни имаат одреден период кога сакаат близина.Али плачот и однесувањето си го прават своето ти си го познаваш твоето бебе и знаеш како е способно да заспие. Али ете штом во количкас ам заспива значи изводливо е сам да заспие. И моето не секогаш заспива сам некогаш сака гушкање клацкање итн али е тоа ретко претежно гушкањето ни е преку ден додека е буден Циклусот од 45 кај него е некогаш на 20 минути пробав неколку пати да му го продолжам со техниката да го помрднеш без да го разбудиш џабе диво дете е 20 минути дреме 2 саата турбо е и сам заспива така.
2 ден од 5ти скок по апликација и уште сега е страшно. Од бебе што си беше мирно и си играше по 1 саат сега по цел ден кенка, никако не и е погодено, не сака да пие млеко ужас. Само кога е надвор е мирна.
Исти сме со цицањето, еве почна да не качува на килажа, полни пелени кака мочка а качува минимално, имаме уште 3 недели од скокот и јас ќе скокнам
А четвртиот скок како го пројдовте? Ние четвртиов не го осеќаме.. само позитивните работи ги гледаме Ама ко што читам, тој што лесно го прошол овој, наплатил дупло во петтиот скок Се надевам дека не е така..
Не мора да е така, нема правила Не ги осеќам скоковите, еве сега е во 6-ти и кенкав е само ден-два пред вадење заб (се поклопи скокот со заби). Секогаш кога пишуваат, се вадам од памет што нè чека, но некоја голема мака не сум видела.
4тиот не го ни осетив. Почна да си спие убаво, да си игра. Единствено лошо беше шо не сакаше да пие млеко
Исто во 4ти, повеќе спие денски, едвај 1 час издржува будна, добро е вака барем да ја хранам полузаспана, зашто будна се однесува како да ја коли некој штом вкуси млеко
Четврти скок до јаја! Таман сакав да се пофалам дека добро минеме, спиеше по 8-12 саата со будење за јадење, ама денес.. од синоќа од 9 до сега го успивав. Плаче, се трга од града, на крај татко му му даде ад, па да заспие на града. Заспа конечно и се надевам дека ќе поспие некој саат, да одморам.
Како се справувате со постојаното ноќно будење во скок? Оваа вечер на секој саат се буди и вришти. Цицла не сака, млеко не сака. Заспие и за 1 час пак истото. Како новороденче стана а јас ќе полудам уште сега а кај ми е крајот
Јас уште го памтам од првата ќерка. Знам кога почна и се сеќавам на моментот кога заврши. Едноставно фати цице нормално и заспа ко јагне, што не беше случај претходно. Ова не го доживува толку драматично како првото, се буди навечер почесто, не сака да цица преку ден и одбива да цица во раце. Мора да сме легнати на кревет за да цица. Цица исклучиво пред да заспие и кога се буди. Ако отвори очите, нема цицање и ќе си седи гладна до следно заспивање. Не се грижи, ќе се врати на нормала со цицањето. Други скокови не паметам да биле толку драматични од првото ќерче, само овој
4-от скок ќе го паметам , толку млеко имав а се одби , никако несакаше да цица. Преку ноќ . Така се чувствував лошо , плачев , добив "корпа" од ќерчево . 2 дена ја држев гладна не сака да цица епа ок и си спиеше претежно . Ѓердани редев на врат да се занимава . Или полузаспана , ќе цицнеше се додека не исперципира каде е ?!?!? И вриштеше. И во сон и во јаве . Си го држев бебево гладно само да се врати на цице . Залудно !
Цицаше навечер и денски полузаспана . Ме советуваа или цице или ништо демек да се врати . Кај нас не успеа. Се одмолзував уште 3 месеци . Комбинирав со АД .
Хахахахаха what the fuck, каков фен ма? Со количка се шеташ низ станот? Јас го заспивам во транспортер ама со нишкање на спалната. Ќе плаче во раце, секаде ќе пробам ќе плаче дете, кога ќе го ставам во транспортер ќути и ме гледа , поске почнува нишкање и заспива.