Сега веќе корпата ни е во игра денски го легнувам во корпа фенот и заспива така Го возам инаку низ стан и одма се успива не знам како ги префрлате од транспортер во кревет денски одма се буди Ако не ти спие фен прави чуда изгуглај за white noises ќе ти стане јасно
Е па се будат освен ако имаш среќа да не се разбуди Еве вака сме. Јас толку многу полека го спуштам во креветче ама џабе пак се буди.. Абе како во коприви да го ставам, не знам како осеќаат. Моето сега најмногу бара кај мене да спие и да дои да цица и така на цице заспива. Ако имам среќа ќе го префрлам во креветче ако не ќе си седиме така со цице на изволте.
Замислете не во 4ти скок плус затнато носе. Ноќе ако слушате бебе што рика до зајдување а не е вашето да знаете дека е моето. Од бебе што ноќе не пиеше млеко сега си воведовме две шишиња на 4 саати си станува со рикање (ненамнервисодвебебиња)
Мама која апп ја користиш кај што има за скоковите во развој? Моето е 25 дена, да имам предвид да не се вадам од памет. Поминавме еден, а и да не било тоа, личеше дека е.. Фала ти
Мајки ја немам апликацијата за скокови,бебе е родено 04.12 ( термин 10.11) Дали има некој скок?Не сака будна да цица,или ако фати тоа е со мака лежејќи,и никако да ја свртам цела накај мене со телото само главата ја врти,не правилно ми е наместена. Цица само ко ќе се разбуди,но во полусон,отвори очи и толку.Ја ставам на цицка абре никако не фаќа? Што се случува?
Според терминов сте 8ма недела тоа е вториот скок. Отприлика 2 недели трае, околу 8мата недела. Ќе приметиш сега нови работи дека прави
Одбивањето да цица будна нели не е типична за овој скок?Со што се карактеризира и до кога ќе трае,уште колку време?
Ќерка ми имаше денови кога ич не преспиваше, па беше преморена и кенкава, не сакаше да цица денски, ноќе цицаше без проблем. На секој саат ја цицав ама ептен малку цицаше и со плачење. Ќе ја заспиев во раце и само што ќе ја префрлев во креветче се будеше и онака среќна како 5 саати да спиела, па после 5 мин беше кенкава. Почна да забележува работи, поинтензивно да следи предмети, почна да си ги гледа рацете, да се загледува по предмети низ дома, да гуга, да се смее.
Она и тука и се смее,се повикува ако нема до неа никој,раце смука,си ги гледа ама никако да цица будна,само во полусон.А понекогаш и тогаш ептен малку цица.Незнам дали е до скокот? Уште колку време да очекувам дека оваа ќе трае ако е до скокот?
Околу 10 дена, 2 недели траеше кај нас. Имаше после период таман ќе мислиш поминало, се среди, пак ќе имаше некој ден таков"бурен". Ќе приметиш сама, не е баш кај сите до ден точно по апликација или книга. Само не се нервирај, знај дека ќе помине тоа е, издржи.
Во 5ти скок сме еве за некој ден кај громчето,атоа баш на 14.02. дали има шанси да бара толку многу јадење поради скокот? Ппрано пиеше млеко пред легнување околу 7:30-8 и во 5-6 наутро сега се буди во 3:30-4 и вришти додека не му дадам млеко.... Незнам зошто така прсви не е гладен преку ден.... Пие по 900 мл млеко и еден оброк има каша во 24ч., Има 9кг
Пробај со ноќна каша помешана со млекото дали ќе ја сака и дали ќе го држи подолго најаден.Од систина педијатар ме советуваше дека многу пиел млеко по 1л на ден му се фаќаше на 4++ пробај воведи му и доручек али сепак консултирај се да не биде дека јас ти кажувам Ако веќе млекото не го држи смени со каша два оброка види како би било напредно бебе ти е што од скокот и што од самото дете што си сака да си јаде