И мојов мн млеко пиеше по 1л на 24ч сеа има доручек и почнав од вчера уште еден оброк каша да пробам дали е до тоа сма пак јадеше 19:40 пред спиење и се разбуди во 4:40 вриштеше додека не доби малку млеко. Почнав зошто така се буди да му давам помалку млеко тогаш 150 мл ги пие и продолжува уште 2ч. Па кога се буди воопшто не е гладен после омолу еден час му давам 100 мл па пола саат после тоа заспива кога како од 45-1.30 спиее и кога се буди јаде каша па пие млеко 230мк го држи максимум 3.5 часа, па пак каша и пак млеко пред спиење 230 мл готов оброк и пак се буди. @0ли по апликацијава вели уште 5 дена дека има од скокот Да видиме кога ќе заврши скокот како ќе биде ама и каши кога јаде мислам дека и 200 гр да му дадам ќе ги изеде без проблем јас макс сум му дала 150 и уште тражи лупа по послужавникот на хранилката кенка му давам водичка пие се смирува и така д. е лаком не знам и млеко ќе исоие 230 и уште се буни , никогаш не сум го прејадувала или ако не сакал да јаде да му давам на сила не ни можеш на сила да го нахраниш ако не сака не сака стега уста и толку ама освен во еден скок ми се нема десено такво нешто јадач мој
@Snowflake92 Тоа будење ноќе со вриштење е типично за скок. И јас сакав да речам да почекаш за некој ден да заврши скокот, па ќе видиш како ќе се однесува.
Како го преживеавте овој 4ти скок??? Леле луѓе немам зборови... Бебе со денови не спие навечер преку ден се непогодено... Плус и регресија на спиење има офф имам пишувано и пред некое време ама еве пак да пуштам вентили... Цели ноќи седеме, дремне 15,20 мин и е спремен за акција. Се нишкаме се успиваме со саааатииииии.... Ко преживи причаче
Да да еве денес и денски кога се успиваме се буни кенка се надевам за некој ден кога ќе заврши скокот ќе се смири пак
Женски изгледа не фаќа прв скок,не знам дали е ама ве молам кажете ми како се манифестира,немам апликација. Ја почнува петта недела , датумот на раѓање и терминот ни се разлика пет дена.Од сабајле стана со вриштење,ем сака да цица ем не сака,на пократок период ,кога е на градата цица и вришти,ќе ја кренам пак вришти.Нон стоп бљуца и пак на града,со спиењето исто ужас,ќе задреме и ќе се разбуди со врескање,глас вади како оперска пеачка.Цел ден со мм се мењаме ,нон стоп во раце.Колку време трае?
Ние плус и тоа што не сака да цица како што треба се врти по се и сешто се го интересира само цицање не, за 1 месец само 500 гр качи
Во 5та недела е прв скок една недела трае. Ќе помине ќе се смири на почеток само трпение ептен треба и со смирено ама заморот си го прави своето некогаш и не можеш да останеш смирен
Фала мила, богами само трпение,ама многу ме исплаши денес,со големата ќерка не осетив вакво нешто,можеби кенкаше и не спиеше,ама вака не вриштеше
Јас два месеци го слушав константно како вришти секој ден така да добро познато ми е низ што поминуваш
Да се пофалам јас, изгледа полека излегуваме од чудово наречено 4ти скок. Почнуваме и будни да пиеме млекце така со молење по малку,пу пу да не урочам. Ние почнавме со скроз одбивање, па молење со спиење, па полузаспана, па се враќаме во колосек, сево ова траеше 2 недели кај нас. Е сега не е некој woow апетит, али јас нудам на 3часа кога пие 120 кога 150мл, се на се 800 дневно, хепи сум и со толку. Е спиењево хаос, навечер од 23ч до 6ч наутро со едно будење за млеко, денски речиси ич, по пола час и притоа доколку мува прелета е будна, дома хаос од цел ден нишање и презаспивање и одење на прсти да не ја будиме госпожата. А кога е будна вреска постојано, онака хепи врескање, крекање се слуша до надвор. Кај нас скоков најверојатно одеше по дата на раѓање, сега сме 19 и пол нед, а родена е 2 нед пред термин. Да ве прашам нешто може први да излагаат тројките горни, отечени и се и тврди на допир, а таа нервозна дури и ќебиња бута во уста?
Фала ти многу од се срце. Да помине и 3 скок и ќе пишам резиме за сите 3 скока на бејби, како сме поминале. Уште ова,црната точка кај 12 недела што значи?
Црната точка значи дека сте таму во моментот според терминот значи влегувате во скокот Со лесно ние за два дена излегуваме од вториот па пишувај да видам што да очекувам од третиот
Случајно ја отворив апп и што да видам ,громови светкаат. А јас така си се чудам и анализирам што му е на бебе ?!?! Вриштење на 2 дремка на 3 дремка.. 6.скок што има страшно за него? Започнав на работа и се нема време за детално следење на скоковите. Ете сами си кажаа