Wonder weeks се вика, а се рачуна од датум од термин али кај некои се поклопува со дата на раѓање (како кај нас)
Официјално од пред два дена и кај нас е шестиот скок. Ова не е моето дете сигурно Немав јас дете што вришти и пишти и што не седи ни 2 минути само да се занимава. Инаку секој скок е проблем со млекото. Имам веќе пишувано претходно. Тој и онака не сака многу млеко ама ова сега е претеризам. Добро е што си ги јаде сега засега кашичките. Лошо беше до 4ти скок кога беше само на млеко и психички попуштив од тоа нејадење. А ме интересира од постарите, што учат маливе после 6ти скок?
По 2 дена. Заспива во 21ч спие до 2 кога станува за цицање, после во 6. Преку ден на секои 2 часа по 1 саат спие
Читав за трет скок најчесто протестираат со нејадење, но кај нас не е така, си јаде се нормално. Два дена веќе вриска точно на 1,5 час дење и ноќе, ако го презаспијам навечер одма се буди штом го спуштам и се така во круг. Преку ден кога вришти после само во раце мора да е. Ни сон, ни раце имаме веќе. Дали кај некој вака се манифестира(л) третиот скок?
Кај мене не изгуби апетит си јадеше нормално не одбиваше никогаш. Тоа што го опиша со будење на 1.5ч личи на sleep regression прочитај можно е да е тоа
4 ден во 3 скок, скоро на пола, бебево мое не реагира на скоковите воопшто. Како и секој обичен ден, ништо ново и несекојдневно. Исто и за првите 2 два скока. Затоа и ме интересираше кога е 3 скок за да пазам дали нешто ќе биде.
I feel you Мојов ги вадеше долните кецови со месеци и се поклопи и со 5ти и 6ти скок. Шестиот некако го издржав многу шетавме надвор ама 5тиот ќе го памтам додека сум жива, плачејќи легнував секоја вечер. Еве да се пофалам од денеска е во 7ми скок и вади горни кецови
Да те гушнам Ние 6ти скок сме, долниот кец го вади. Едниот и излезе, а со другиот се мачиме. Од 5ти скок како заврши, фати маката со забите, па сега 6ти скок. Се чувствувам како цело време да сме во некој скок
Јас незнам дали е од скок ама мојава бебка заспива кај 11 и сабајле во 6 е спремна за журка значи нема шанси да ја презаспиеш, ноќе борба водам со нејзе кога ќе се разбуди некогаш одма прифаќа да цица и презаспива ама најчесто плаче се тегне неможам да ја додржам дури на моменти, одвај со нишање па да полека некако да фати да цица и да се смири, нејзе и излегоа двете забчиња доле до пола некаде се, други на повидок нема сеуште.
Еее иста и мојава. Претходно во 21часот заспиваше и спиеше до 8,9 сабајле. Сега со скоков. Спие во 21ч. Тоа и е дремка, половина час. Станува и до 11ипол,12часот сме будни. И во 6 сабајле станата е
Касно е, ама се пред 11 и е дремка од пола саат, не се успива подолго нема шанса она заспива кај 8 и до 8ипол е станата, сум пробала ја оставам будна ќе ја избањам ќе си речам уморна е супер заспала во 9 ете ти ја за пола саат станала, чудни се овие мои деца нит брат и нит бебе сега не спијат
Иста е и кај мене. И во 20ч е легната а во 20и30 станата. Потоа во 22ч легнува, затемнето, бели звуци, и ние легнати и ете ја во 22и30 будна за журка. До полноќ се валкаме по спална дур заспиеова е од старт вака, легнуваше во 2ч, сега е подобра вака. Станува во 10ч секој ден. Порано кога ја будам е како ранет борец, не станува никако, само во сон цица
^А јас мислев дека 22.00 е доцна, па моја бебка за секоја пофалба е Тоа будењето ноќе е друга приказна, ама се тешам дека најчесто лесно презаспива. Запче нема се уште, 6ти скок сме, за почеток не е лошо,освен што бара в раце да е повеќе, да ја шеташ за да разгледува наоколу.