Со господ напред и лесно да ви пројде и 4от како 3от скок Ние сме во 5ти за среќа нема многу плачки мирен си е да видиме до кога, непца набабрени за долни кецови све лапа во уста кога е во дубак све докачува и за ногавица ме тегне да ме лапне
Девојчињава наши колку се исти, кога те читам како јас да сум пишувала Дури сега последниов месец почна порано да заспива, и тоа порано е 11-12. А се успиваме од 8 демек некоја рутина ама јок Тоа време последна дремка тера. И почна цела ноќ да ја преспива, во 7-8 ќе се подразбуди за цицање и си продолжува до 10. За 4 дена влегуваме во 4ти скок, многу страв ме фаќа
Ми кажа еднаш ама пак заборавив колку месеци е. Ако е 7-8 месеци има регресија во спиење. Ние таа во 4ти месец не ја осетивме ама затоа таа во 8ми без спиење не остави. Си заспиваше убаво накај 21h и ете го во 12-1 се буди наспиен спремен за играње. До сабајле си седеше во дневна расположен и си играше. Цела недела душата ни ја извади, со маж ми на смени спиевме.
Другата недела полни 8 месеци, сега и во 6ти скок сме хаотично е како и да е, цел ден е со 3 дремки од по пола саат, јас незнам како издржува искрено.
Дали вашите бебиња во 2 скок одбиваа да цицаат Последни денови од скок ни се (според термин) а според раѓање сме 3 дена пред 3 скок цицка не сака да види а го земам да цица плаче мислиш го дерат ке пукнам веке ова почна од вчера сности си цицаше ок како секоја вечер денес душа ми излезе нудам града цело време ама кога ќе почне да вришти давам шише измолзено Ми е страв да не се одбие кажувајте чаре
се врати ма цице? Мојава дури пред некој ден почна да цица нормално Сега е друг екстрем. Само да е на цице Мирен е пошто му е рано за скокот. дубак?? Не знам каде ви се брза? На 4 храна, на 5 дубак... цел живот ќе јадат, трчаат. Оставете ги да се развиваат по природен тек.
Сега се нормализира цицањето. Навечер спие од 21 до 2 и се буди и после пак кај 5, не се жалам деновиве немирно нешто спие од 5 до 7, прета, врти глава, може и наспана да е, ама до 7 не и попуштам
исто! Еве ја денес се ококори во 4.20 пееше, пееше и еве ја спие сега ко трупче Обично презаспива брзо, денес прв пат стана. Ама и вчера нешто преку ден протестираше. Може и скокот да ја фатил. Кај да е близу сме до 5ка
На некои бебиња им е препорачано порано почнување со дохрана ако не напредуваат доволно, и да не е така, на крај на ден секој одлучува за своето бебе. Ако ти не сакаш да го ставаш во дубак и да даваш дохрана супер за тебе- исто како и за мајките што одлучуваат поинаку
Дозволено од ортопед е зошто сам веќе си седи а на 8 се очекува да прооди,на земја не можам да го оставам јадење додека правам, за дохрана нормално од 4 не по моја воља сигурно или треба по 2л млеко на ден да пие можеби подобро е или да му скратам млеко да плаче за јадење(зошто рано е за дохрана). Ти ако сакаш да го оставип гладно бебето или да го сопираш во некои работи слободно, јас во ништо не го сопрев.Не може сите деца да почнуваат со дохрана на 6 или да се ставаат во дубак на 8. Во врска со скокот не му е рано зошто заби не вади иако нрпцата де набабрени а цел ден пишти вришти од нигде никаде и за ништо(или ова е бебето си е такво) до сега ништо немам направено без одобрение од доктор
Обожавам неосновани муабети, мајката знае најдобро на детето местото му е на земја. Треба да седи кога само од нула ќе се исправи, во секоја друга ситуација ќе седи ма 45, освен за хранење. јадење спремаме сите, а замисли и по уште едно дете тоа каде ќе чека? Во кафез? Баш ме интересира кој ортопед препорачува дубак! Низ светов забранети се со причина. ги форсирате децата непотребно.
колку и да ми се спие Мислам дубак не е препорачлив според ортопеди. Го имам слушано Антоније, а и кога го прашав Талески ми рече, тие се направени за деца со потреби, како помош за одење. Е сега зоштп лазаат и ставаат се во уста, и не можеш на земја, ако ти е страв, можеш игрална. Јас за неа размислувам зошто сум сама а веќе се тркала низ цел стан, па бар кога сум во тоалет да не ја мислам дека го изела тепихот
И само од 0 се исправа,секое дете е различно некои и на 7 месеци не можат да се свртат од грб на стомак, моето не застанува сигурно нема да го тргнам да му викам седи тука лежи, ако некоја друга мајка прави така нека прави јас за ништо не го сопирам, друга работа имам маче дома ако би бирала да лапне влакно некое од него и во дубак да го ставам на кратко сигурно втората опција би ја одбрала. И сите деца не можат да седат од 6 месеци препораката од оротепдот Каличанин беше дубак не ви треба рано ќе прооди освен ако сакат е по ваша желба да го ставате смеете. Од лежечка позиција сам си ги става нозете на страна и се подига така да ДА од 0 сам седи Да од 8 месеци се очекува да прооди така ортопедот кажа ја не измислувам
Кое дете е проодило на 8м жити се? И зошто да не се става на под додека правиме јадење? Мојата поголема на под беше цело време. Играчки околу неа, се вртеше сама, си играше. Од под побезбедно нема. А за тоа дека мајката знае најдобро не се согласувам. Оти има многу неинформирани мајки
Не сите бебиња мораат да проодуват после една година или исклучоци не постојат мора сите по протокол роботи да се
Мојава по врескањево и пеењево се очекува на 10 мес да има настап на Звезде гранд . Малку нелогично со очекувањава, сигурно можеби и доктор така кажал не викам не, и мојава еве се става во седната положба сама ја оставам да се вежба не ја спречувам но не дозволувам да седи, за некој ден правиме 5 мес. И премногу храна и голем напредок во килажа не не... Стриктно еве поголемото ми е 7 год со 122цм и 23 кг едино дете во клас во графа на нормала, останатите со над 40кг... сега незнам, јас 40кг имав 8мо одд.... разговарано со неколку педијатри за нормален раст и развој на наше поднебје, просек 500,600 гр мес, али ајде да речеме индивидуално, но што кога ке пораснат по колку храна треба да се дава???? И да, знам што зборам бидејќи сум мед лице
И сега пошо ортопед рекол дека очекувањата се на 8 да прооди, ти почна од 5 во дубак да го ставаш? Утре учителката во прво одделение ќе ти рече се очекува да дипломира на 15 години и ти ќе го форсираш и за тоа? Многу работи ми се нејасни ама и крајно нелогични.