200мл млекце за толкаво желудниче греота според мене... подобро на 3ч помалку...па тоа е чаша голема, вода на екс 1 чаша неможам да испијам... штознам еве можеби ништо незнам..по логика и напредок на 9,10 мес треба да пијат по пола литро одеднаш, 5л дневно?
Мене не ама повеќето од нашите генерации биле во дубак. Така мислеле дека треба, полесно им било така, не било доволно анализирано, немало интернет брзо да добијат информации итн. Гледаш уште има ортопеди кои препорачуваат, како што има педијатри што советуваат да се дои на минимум 3 саати.
Прочитај убаво дека од ортопед е дозволено и не е цел ден, твоето ако сакаш не ни пробувај да го седнуваш до година викај му да лежи само. Моето и твоето дете не се исти и никогаш нема да бидат дури и две деца да имаш нема да бидат исти можеби моето брзо ќе прооди а покасно прозбори или обратно.Познавам и луѓе што се високи детето има 5 гофини а лили за 8мо одделение и рано прооде на 4 месеци не го собираше во транспортер и што требаше они да прават да го одтавст така да го утупат да не седнува ни ништо да не птави зошто нели треба сите деца на 6 месеци дури да седат, свашта.Ти си осговараш за твое дете јас за мое
Е како бе ќе отупавее ако не го ставаш во дубак? На кој начин дубакот ќе го направе понапредно детето?
Ама никој не ти вика легнувај го детето ако само сака да седне. Исто и ако прооди нема да го буткам да седи. Го оставам само тоа да прави што сака кога ќе е спремно. Моето од 2 месеци не го ставам во транспортер, па ниту се исправи на 0+, ниту седна на 4, ниту прооде на 8 месеци. Нека ти е живо и здраво, за некој месец на олимпијада да го пратиме.
wonder weeks ама се плаќа 5$ , можиш да си читаш и кај др.гуднајт , на инстаграм објавуваат за секој скок и др работи корисни , може и на фб постират исто не следам таму ..
Не можете да кажете не го ставај да седи, не го оставај на стомак да седи и ред други работи.Секое бебе си е приказна за себе, сите за една година не растат 20цм некои 30 ќе пораснат.Мускулатурата,мозокот и други работи не се развиваат кај сите исто, сите бебиња не се раѓаат во иста недела,иста килажа и иста висина.Некое ќе прооди побрзо, некое ќе седи побрзо, а некое ќе прозбори побрзо и не е само моето што би проодело на 8 месеци, имам други во околина што прооделе рано. Другарка го однесе кај Видоевски (што повеќето ги носат таму бебињата дури и како за второ мислење) го прашала кога ќе смее да го седнува одговорот само му бил вие треба да го научите да седи и земал го седнал бебето, во овој случај он е болен во главата зошто го направил тоа, а сепак пак таму ги носите бебињата.
внука ми прооде на 8ипол месеци, а внук ми на 10, такашто не е невозможно толку рано проодување. никогаш не ставани во дубак, строго на под. него, ние го пројдовме периодот за прв скок и баш тие денови беше најнезахтевна, без плачки, среќна, весела, со врзан сон од по 5-6 часа, една вечер дури и 8. до сега најтежок период ни беше околу третата недела (како тогаш да ѝ беше првиот скок), па сега се мислам дали и вториов скок да го очекувам порано? точно на термин е родена иначе.