Се симна безбедно човеков Браво,секоја му чест.Се возбудив,тој смирен додека леташе, јас од шо го гледам како летит возбудив се Мило ми е што ситгна безбедно,се израдував
Браво едно гоооолемо браво за него и неговата храброст. Ретко кој би се осмелил на ова т.е. може да се каже дека скоро никој не би се сомелил.
Ау бре,браво. Или си ненормален или си храбар за вакво нешто! Коа може он,можам и јас на пролет од Галичица да му се плукнам! Дома аплаудираат старциве! Дедо ми си ги извади наочарките да си ги избрише очите! Многу сме емотивни шо да правиме!
Браво за него, навистина треба огромна храброст, одлучност и смиреност да се направи ова. Да се искачиш на толкава висина, па и да скокнеш со 1000 и кусурот км на час, да паѓаш ко партал, не е едноставно. Јас не знаев за ова, па кога прочитав не ми се веруваше. Гледав последниот пола час и бев во неизвесност дури да скокне, па кога скокна страв ме фати да не се залепи. Сто пати помислив колкава храброст треба да се има за ова. Браво.
Леле, секоја чест. Ретко кој има храброст за ова. Страшно беше кога скокна. Во еден момент помислев дека престана да дише
Коментар на татко ми - добро, не беше моје сузе према небо паџају... ЛЕЛЕ УМРЕВ! Хахахахахахахахахахахахахахахахахаха Демек не им летна нагоре! Од кај ја знае песМава поим немам. Напушти просторија, не можев да го интервјуирам!
Јас воопшто не сум знаела дека вакво нешто се случило во 1960 кога скокнал Џо Китингер. Еее за него е многу почудно како се осмелил, тогаш технологијата не била развиена како сега. Неговиот скок бил од висина 31 300 метри, а всушност овој скок на Баумгартнер беше соборување на тој рекорд.
Ова не беше за оние со слабо срце. Секоја му чест на човеков, или е премногу храбар, или е луд. Ама сигурна сум дека немаше да скока на слепо, т.е пред да бидат пресметани и предвидени сите ризици и можности. Како и да е, едно огромно браво, влезе во историјата... ама дали можете да замислите која глетка ја имал... додека одеше нагоре и пред да скокне.... кога паѓаше сигурно не гледаше ништо. Колку се молев да му се отвори падобранот... и за среќа, бидна. Браво за Феликс!
А знае некој дали ке ја даваат во живо прес конференцијата ? Викаат дека ќе одговараат на 3 прашања ..
Да беше наш, ќе го дочекавме у даблдекер и ќе го протневме под Триумфална. Уствари,од патриотски причини директно ќе слеташе на Триумфална и тоа немаше да биде ствар на компромис. А на падопранот каков ред бул, наше знаме,бам!