Бравоооооооо !!!! секоја чест многу бев возбудена додека го гледав падот но за срќа немаше никакви проблеми само да прашам ако некој знае да ми одговори Каде падна/слета тој мислам која област?? фала однапред
"Sometimes you have to go really high to realize how small you are" е новото "One small step for a man, one giant leap for the mankind" Се наежив, имав чуство дека крвта ми замрзна, дури и сега кога повторно го гледам, втор и трет пат, замолчувам, ама поштено. Алал да му е. Не знам дали е храброст или лудост, за восхит е. Ма се испонаежив сто пати веќе. Особено кога ќе ми текне човече дека во авион кога си, не ти е сеедно, а овој си рипнал од повисоко....абе подголтнувам и толку И најдобар коментар на Јутјуб - Superman is Austrian!
Felixxxxxxxxxxx, новиот навлажнувач на женските... Стварно успеа во скокот, прав ѕвер е. Од 39 км горе во вселената директно доле на земјата во рок од 5 минути, тоа ти се вика “Welcome to Earth“. Моментот пред да скокне, се гледаше дека има малку трема и мислев дека ќе остане засекогаш во капсулата или ќе залута во вселената. Но бестрашниот Феликс скокна и го пречекавме на земјата како вистински херој.
Ние се плашиме ,а тој не.Затоа што тоа го сакал ,живеел за тоа,верувам дека чувството пред самиот скок било чувството на слобода,она кога нешто очекуваш и конечно имаш можност и да го направиш тоа.Сега знам што значи да се биде херој,кога имаш такво влијание на милиони луѓе кои не те познаваат,да направиш нивните срца да затреперат и да им створиш насмевка на лицето. :up:
Токму така, затоа што сакал да го направи тоа, немал страв, си направил мерак му е гајле Тој бил подготвен, спремен на големиот ризик што го презема и помирен со истиот, затоа немаше страв,изгледаше смирен и премногу психички стабилен, тоа е она што му помогнало и што го прави храбар.Инаку, ако тој се оптеретувал со стравот и ако мислел на него, ни во капсула немало да се качи, нити ќе изгледал смирено.Јас до сега неколку пати го видов, пак ќе го гледам заради тоа, кое што секако е за чудење што направил, а што за него било како нереален сонот кој веќе си го остварил.А бога ми и ретко кој презема ваков голем ризик, каде човек директно си го ризикува животот.Во сооднос на ова, стравот не постои,доколку човек се соочи со него.
Го гледав вчера и егзистенцијално се раздумав... Што следи после ова? Фасцинантно е што се’ не прават луѓево, дали од каприц, огромна желба, верба, потреба за чекор напред, визионерство. И да, остваруваат. Видливи нешта, вредни за историјата на човештвото. Епа сакам да сум космонаут сега. И сите хипстери ќе сакаат тоа да бидат Човекот има balls of steеl Секоја чест!
Јас би рекол balls of oxygen. Ги “надува“ со кислород таму горе во капсулата на висина кај што поштар пошта не носи, кај што трева не вирее и кај што македонското знаме не се вее. Сега сексот со неговата сопруга ќе има вселенски шмек.
Убо. Ѕвер е човекот. Сите среќни, цела фамилија собрани а он се фрла. Се фрла бре. Кој преживи причаче. Странциве чудни се Јас немам толкави проблеми за да скокам од вселената, да паѓам со брзина од 1300 километри на час и да мислам дека очите ќе ми испаднат. Јас добро е и ако од 4та скала скокнам, 3та ја скокам без проблем. Или од дрво додека крадам цреши. Сеа нема зборови у стил Оди беај, фрли се таму. Нема логика. Сеа "фрли се" е херојство!
Абе извинете вака, ја го глеав, интересно беше...ама не ми е нешто голема работа. Не постигнал типов ништо за човештвото од моја гледна точка, нит измислил лек за рак, нит пронашол во воздухот некоја супстанца за добивање супер моќи. Едноставно, си го истерал меракот. Убаво изглеаше, интересно беше, претпоставувам глетката била неверојатна, ама тоа е се што за мене претставува ова, истерување до крај некоја желба, некој сон...толку. Само мислам дека...можевме да живееме и без ова чудо
Го пратев во живо вчера, и морам кажам БРАВО за храброста на човеков Ама сепак, не гледам причина, ни корист од ова што го направи Ама ете, човекот си го направи тоа од кејф, а на нас останува само да му се восхитуваме на храброста.