Скок од една во друга професија-дали оправдувате?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Tanjamm, 12 декември 2021.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Значи по таа логика сите треба да работат искучиво по струка?
    Сè додека некој добро си ја работи работата, океј е, зошто па да не.
    Никогаш нема да подржувам ограничувања, човек треба да има што поголем распон на размислувања, интереси и активности.
     
    На Izaabella, oblace1, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.868
    Допаѓања:
    129.720
    Пол:
    Женски
    Во ред е ако некој не се пронашол во една област да се обиде во друга.Подобро е да се обиде отколку да седи незадоволен и несреќен.
     
    На mode-kristina, oblace1, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.083
    A ako negovata nekompetentnost go napravi klientot nesrekjen, sho praime togas? :D
    Moze da smeni no so dokvalifikacii i zavrseno obrazovanie u sprotivno ne mozam da go sfatam seriozno.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Сега темава ќе ја носиме во друга насока, оти во секоја тема има некој што бара задни намери. Тоа ти е двојазична гимназија, која гарантира 100% усовршување на јазикот во рок од 4 години средно(нормално зависи и од твоја посветеност), со тоа што полагаш при прием, секој ден настава од 7 до 12 и 30 на македонски и уште 3 часа литература, математика, хемија, биологија, значи распоред на часови на француски јазик во професор од Франција, Французин. Ова ти е проект на државата Франција во франкофонските земји меѓу кои е и Македонија, и не во секој град го имаше ова во гимназиите. На крај, полагаш и француска матура, си бираш предмет, правиш матурска, и одиш на полагање на комисија. Правев тема за француски писатели на 40 страници материјал и таа диплома се признава за упис на факултет во сите франкофонски земји. Една девојка беше моќна фамилијарно, си се запиша во Франција и денес таму си живее и работи. Нудеа и престој во Франција, тоа беше загарантирано за да се вежба јазикот. Парче хартија не вреди ништо, ама па јас се измачив за ова парче и не мислам дека сум преведувач. А тој без тоа парче хартија, со ветеринарно сигурно не е подобар од Бранко Чобанов кој цел век е во ФКЦ. Од денешна перспектива ни документарецот не би го превела, ама бев млада и зелена, на секој да помогнам, а не дека сум алтруист или не знам што. Човекот ме викна во работно време, отвори материјалот тоест филмот, и јас преведував и тој си чекаше и си фаќаше белешки дел од текстот кој, како ќе го монтира. Потоа дознав дека тој проект чини некаде 10.000 евра, дали е вистина не знам, но се работи долго, не е тоа работа за еден месец, два. Па ако имал толкава сума, можел најдобиот преведувач да го плати со тие пари. Поената е, не дали некој нема да се пронајде во една професија, па ај ќе оди во друга, оти се преквалификувал и го бива, туку поим нема, не го бива, а секој секаде се пика. И онака не се дипломите ништо, дај од јутуб ќе се едуцираме и ќе бидеме се што ќе посакаме. И што мора Правен да се учи, сите закони се на интернет по таа логика. Не сфаќам млади луѓе, а никад да не сте чуле дека во земјава има билингвална настава(не ми е поентата да навредам, туку само кажувам).

    Диплома, плус знаење и искуство, се друго за мене е фејк. Денес мислам дека секој треба да си сработи квалитетно, а тој другиот да плати квалитетно. За книгата во старт откачив. Циле миле муабети, превод од непреведувач, услуга за услуга го „јаде“ лебот на професионалниот преведувач кој од тоа треба да си живее. Кој не сака да плати, нема книга и чао пријатно.
     
    Последна измена: 13 декември 2021
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    ако некој се запишал на економски факултет (нели по лична желба) вложил години труд во таа област тоа и го работи во иднина. Точно има и отстапки, не се пронаоѓаш во дадена област и за тоа има решение одиш на обуки, дополнителни часови, учиш, се едуцираш дополнително.

    Не знам и не можам да сфатам како кај нас естрадниве уметници се инфилтрираат во политика, прво немаат појма ниту од устав, ниту од закони, акти, управа… тие се уметници, за тоа треба талент кој не секој го има и сега значи не се пронашле на естрадта ама се пронашле во политиката?? Еве на пример не знам јас случај да некој политичар не се пронашол во политиката па станал естраден уметник.

    Кај нас владее таков синдром да секој по нешто од се се разбира, а уствари од ништо не се разбира.
     
    На Need for Speed и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.868
    Допаѓања:
    129.720
    Пол:
    Женски
    Тој муабет е повеќе за во друга тема.
    Оној кој сака да направи промена веројатно ќе одбере да се доедуцира на друг факултет или курс.
    Со некои дипломи може да се работат повеќе професии.Немаат сите новинари завршено новинарски студии.
    Тоа што Станко студирал друго не значи дека нема да го бива во другата област.За некои професии не мора диплома,доволен е и сертификат.
    Што ако дипломираниот ја зел дипломата на лепе очи,а тој со сертификатот стварно истражувал и учел?
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Патем мојот професор Французин од Франција, кажа дека нашиве професорки (кои пак се дипломирани на Филолошки и се долги години во образование, а богами дел имаат и печат за судски преведувачи), само три збора кажуваат точно во речницата, и прават грешки, а за акцент да не збориме, француското Р ретко кој странец ќе го погоди. Баш брука така да каже нели? Тој си е директен, а брука за нас. Скапале од учење и не се Нејтив, некој сообраќаен техничар, лекар, фризер сигурно дека не е Нејтив (може си мисли така). Сите професии се сложени, само како што кажа @elimkd таков синдром имаме ние, се знаеме, а реално не е така. Какви книги сум земала од библиотека, бетер од гугл транслејт преводот, ама сигурно ги правел некој Нејтив за помалку пари. Е таков преведувач и јас можев да бидам.
     
    Последна измена: 13 декември 2021
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Се додека се има желба, знаење или талент зависно за која област се работи, тогаш е ок.
    Проблемот е кога работат во погрешна струка, професија како и да е, само зошто мора нешто да се работи.
    На пример знам за девојка, завршила за деловен секретар, сега работи во брза помош. Завршила 1 година вонредно тоа што е во Кочо Рацин. И го знам капацитетот и кометентноста и се надевам дека Н И К О Г А Ш нема да ми треба она или такви како неа, зошто тоа ќе ми биде крајот. Работи зошто мора да работи, требала кредит да отплаќа, а имало потреба за таков кадар :@
     
    На Tanjamm, Need for Speed и Nausicaa им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    А зошто да не оправдувам скок од една во друга професија?
    Можеби личноста понатаму во текот на животот си се пронашла во нешто сосема друго. Луѓе сме, се развиваме постојано, зошто да седам заглавен на едно место? Каде е тоа правило дека е погрешно менување на професија? Нормално доколку има соодветни предиспозиции за новата професија. Не може сега јас, не знам, да почнам да работам ко адвокат пошто така ми текнало, а сум завршила психологија.

    Лично јас мислев дека ќе работам како терапевт, меѓутоа како проаѓаше времето се пронајдов во една друга професија која што има многу и психологија, и моментално се доедуцирам за истата. Така верувам ќе бидам компетентнта за истата и имам 2 опции меѓу кои можам да бирам професија.
     
    На mode-kristina, Amellie13 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.046
    Пол:
    Машки
    Зашо да не.
    Баш спротивното, доколку некој тапка во место подолг период и не е задоволен, баш би го поттикнал да проба да направи нешто друго.

    Пола програмери се луѓе што учеле кодирање надвор од својата струка, исто фитнес тренери, спортисти, претприемачи, уметници, музичари, угостители, преведувачи, политичари, па и здравствените работници (зошто да не ако едукацијата и праксата се на ниво).
    Не зборам за екстремни случаеви кај што некомпетентноста на вработениот може да загрози други животи.
    Али еве баш пред некој ден читав за адвокат што во доцни 30ти се запишал на медицина и станал доктор на 47/8. Зашо да не?

    Секој треба да си ја бара среќата дур не си ја најде.
    И да си ги следи соништата.

    Иначе темава коа ја видов во најактивни нови теми, и пишуваше
    "Скок од една во друга..."
    И дур кликам, бев као леле леле само да е димензија, скок од една во друга димензија.
    И малце криво ми беше искрено коа видов дека не се зборува за димензии и мултиверз.
     
    Последна измена: 13 декември 2021
    На oblace1, Amellie13, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Ах, ме насмеа. Не знам колку години имаш ама сега ти кажувам дека не е вака. :D

    Инаку на темава, сѐ додека личноста е компетента не гледам проблем.Не е секогаш само до дипломата , ако имаш желба ќе бараш милион извори и начини да се доусовршиш во нештото.
     
    На mode-kristina, theowndemon, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.485
    Пол:
    Женски
    Дали оправдувам? Што има јас да го оправдувам тоа што го прави некој, негова работа си е, исто како да праша некој дали јас оправдувам што комшиката има љубовник покрај маж ии. Можам за мене да си кажам, бидејќи има мал милион професии на кој можам лесно да се прешалтам со мојата струка, сите сродни, а голем дел од нив комплетно различни.. Океј е, ако мене нешто не ме исполнува, океј е да го сменам, сепак, иако работиме за плата, ако не те исполнува работата, работата ќе биде само работа.
     
    На Ajronmen и Аргентина * им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    20.078
    Глејте, воопшто не се спорни оние кои завршиле нешто (или ништо освен задолжително средно) и после увиделе дека или не се наоѓа работа по струка, или платата е премала, или ги спукала амбиција на постари години па запишале соодветен факултет, или курс (небитно), учеле, се наградувале и после нашле соодветна работа. Проблем се оние кои ќе фатат врски и ќе се набутаат некаде (а тоа некаде е скоро секогаш државно) а си ја мразат работата и оние со кои работат.

    Мединцинска сестра со завршен Кочо Рацин и вработена само зошто имала врски? И после пациенти раскажуваат хорор приказни. Негувателка во градинка влезена преку партија? Па после слушаме за тепани деца. Епа да, нормално, зошто таа да сакала да биде опкружена со куп гласни деца ќе се запишела од старт на Педагогија, туку и излегла шанса за државно вработување и вај нот. Исто и со сестрите со диплома од Кочо Рацин. Да сакале медицина и да се расправаат со болни луѓе, многу порано ќе се одлучеле за таа фела, не на 30 и кусур години кога фризерскиот салон пропаднал и сметките не престануваат да стигаат а директорката на болницата и е кума. Карикирам, ама ми ја сваќате поетната?

    Има завршени сестри кои од деца сакале да им помагаат на болни луѓе, има дипломирани воспитувачки кои исто од деца знаеле дека сакаат да работат со деца, но за жал никогаш не им се укажала можност да го работат тоа што од љубов го запишале да го учат. Дали осудувам? Да :) И зошто таквите вработувања буквално им го земаат лебот на тие кои учеле за таа струка, и зошто ние останатите ги осеќаме последиците од вработување на несоодветен кадар кој буквално ги мрази оние поради кои е вработен на таа позиција.
     
    Последна измена: 14 декември 2021
    На Annath, Izaabella, Jana06 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Јазик на нејтив ниво не може ниту едно школо 100% да ти гарантира. За да бидеш нејтив треба да го знаеш и да го користиш милијарда пати повеќе од тоа што ти си го учела во таа наводна француска гимназија. Школското учење на еден јазик е нула во споредба со природното учење и секогаш тие што самите си го научиле јазикот знаат повеќе од „професорките“ со диплома.
     
    На Annath, mode-kristina, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Тоа ти кажувам и јас. Самите професори си кажувале дека 70 до 80% го владеат јазикот. Не е наводна Гимназија, туку е Гимназија Гоце Делчев, како што и Корчагин и неколку други во земјава по 2000 година имаат двојазични паралелки. Одиш на школо во 7 се враќаш во 15 и 30 часот и така 4 години. Тоа не е доволно за мене за да бидеш ни квази преведувач. Документарецот искрено го преведов без тешкотии, ама тоа не значи дека треба да бидам квази преведувач како стотици други. И квалитетен критичар знам колку работи на себе, и која сум јас да изигрува квази рецензент? Никоја. Не е дека сум алтруист, туку човек не треба во трката за пари да биде циркузант, како што некои луѓе лани биле таксисти, догодина пејачи во кафана, а следната година на листа на советници. Еден погрешен и смешен потег го урива кредибилитетот на човекот.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893

    Добро погрешно се изразив, моја грешка, извинете. Програмата и наставата предвидува да совладаш 100%, а не дека сите ќе совладаат. Една од моите школски сега е магистер во Франција. Си имаше финансиска поддршка од дома, си се школување таму и нејзе и се исплатеше трудот. Инаку, темава не е за преквалификација по легален пат. Тоа е најнормално, туку за одење во струка каде е очигледно дека некој нема познавање.
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.922
    Пол:
    Женски
    Поддржувам промена на професија. Сосема е нормално во текот на животот да ни се менуваат интересите и желбите, па доколку некој е доволно заинтересиран и има мотивација, секако дека може да биде успешен и во друга професија.
    Тоа што се дискутира за јазиците, воопшто не се согласувам дека на школо може да се научи јазик. На школо се учи претежно граматика, а конверзација премалку се практикува, па затоа најчесто учениците се нефлуентни во тој јазик. Да не се разбереме погрешно, секако дека треба да се учи граматика, но мора да има и повеќе практичен дел за вежби.
    Друго, за преведувањето, универзитетската диплома воопшто не дава никаква гаранција за компетенциите и квалитетот на личноста. Мислам дека доколку некоја личност сосема добро го владее јазикот и притоа има интерес за преведување, а нема завршено факултет за тоа, ништо не го спречува да преведува. Впрочем за судски преведувач не бараат факултет.
    Исто така сосема е нормално некој да промени професија поради финансиски причини. Прекрасниот живот во нашава земја поттикнува многу да ги менуваат своите професии. Ете за пример, програмерите, сите што ги знам, никој не беше претходно во информатички сектор, па сега сменија професија и се многу успешни во својата кариера.
     
    На Ajronmen и g8lQQk им се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    15.008
    Пол:
    Женски
    Ако има завршено некој соодветно образование за другата професија да, инаку само со знам бе тоа е лесно имам работено не. Сега зависи за која професија се работи примарно ама не за мене човек што пробува 20работи во животот не ми е ниту амбициозен, ниту талентиран ниту нешто посебно, според мене треба да напредуваш до максимумот во избраната професија.
    А државава што ни е толку ужасна и секој може да биде што сака и кога сака, затоа универзитетот ја губи смислата што е жално според мене.
     
    На Doc, Tanjamm и Need for Speed им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Па ете со мојот пример само сакав да покажам дека лесно можеш да се пикнеш таму кај што не ти е место. Преведов еден документарец оти ми беше незгодно да одбијам, и преведувачката која инаку си е со соодветно образование, ме нуди да работам со нејзе. Јас сум одбила, не сакам да се пикам, сегде, оти тоа еден ден ќе има реакции некаде од некого. Други веројатно не одбиваат и затоа секаде имаме луѓе кои работат работи за кои ниту се образовани, ниту стручни ( некои се принудени оти им требаат пари за живот). Денес луѓево се многу алчни за пари. Какво време дојде, за 1.000 денари очи еќ ископаат кој да ги земе, до толку е трката за пари, ама па тоа не значи дека сите ќе сториме се за пари. Држи со до една две работи кои добро ги работиш и некој ти потврдил дека е така, и терај да бидеш подобар.
     
    На Need for Speed и Doc им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Оправдувам, бидејќи како што нагласија и другите членки погоре, некој во текот на животот може да се пронајде во друга професија, нешто што повеќе го влече и исполнува.не мора да е само по струка.
    Знам луѓе што се пробувале во три различни крајности, за да се пронајдат себеси.Не секогаш она што го поскауваме на 20, го посакуваме и на 30/40
     
    На mode-kristina, oblace1 и nextredstyle им се допаѓа ова.