Скок од една во друга професија-дали оправдувате?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Tanjamm, 12 декември 2021.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Еден човек со завршен одреден степен на образование, ајде на пример факс му е највисокото да речеме, има одреден спектар професии што може да ги работи, а не само една професија. Прво може да работи се она за што му дава квалификации дипломата од средно, а потоа и дипломата од факс. И ќе има потребни компетенции да работи на некое од тие работни места и не само што ќе може да се снајде, туку може и да напредува под соодветни услови. Ако сака да работи на место за кое нема квалификации, нема значи ниту образование од таа област, ниту претходно искуство (како пракса, волонтерство и сл), тогаш тоа ќе е тешко и за него и за работодавецот. Тоа ќе бара дополнителна доквалификација, дообука, доусовршување, или учење наново. Во ситуација кога има висока стапка на невработеност во земјата, еден куп високо образуван кадар, не е ниту рационално, ниту исплатливо за работодавецот да вработи некој таков и да инвестира време и пари во негово оспособување кога на пазарот на трудот има веќе спремни кандидати кои молат за работа. Во некои сиутации едноставно и невозможно е работата да ја извршува некој што не е соодветно образован и што не поминал формално образование за тоа место. Сите дообуки и доквалификации може да не се доволни за некои работи. Зависи од природата на работата. И за другата страна од приказната не е добро. И на вработениот ќе му е потешко на место за кое нема квалификации. Освен сигурен неуспех во работата (па дури и недај Боже, штета, повреда и сл) на почетокот, ќе му треба и време и труд, можда и пари да се дообразува, дошколува, и сето тоа додека паралелно „работи“. За некои професии може и сто години да учи, нема да научи, зашто не му лежи одредена област. Тоа би било губење време.
    За да секој се најде на работно место каде што ќе биде задоволен и тој и фирмата постои еден процес што кај нас е доста закржлавен, или непостоечки дури, а тоа е професионалната ориентација. Се спроведува континуирано додека се образуваат децата, од основно, преку средно училиште. Се следат нивните резултати од различни предмети, се прават тестови (не само приемни, туку и вонредни) и интервјуа во одредени периоди од образованието и се советуваат во кои правец да продолжат во средно, факултет итн. Зависно од резултатите, постигнувањата и амбициите на детето, во добри образовни системи, тоа се советува да оди на средно насочено образование и да се стекне со посебни вештини или со „занат„ народски кажано, или се советува да оди на одреден факултет. На крај од патеката што ќе ја одберат и изодат, треба да се најдат на работно место кое е најдобро за нив и на кое ниту ќе се бара премногу ниту премалку од она што реално можат да го дадат со капацитетот и образованието што го поседуваат, ќе имаат потребни квалификации за да бидат добри во работата, а заради сето тоа ќе биде и самиот работник задоволен со својата работа, ќе се осеќа и успешен и корисен. Работодавецот исто добива, бидејќи има и способен и задоволен работник.
     
    На Tanjamm, Dekorado и g8lQQk им се допаѓа ова.