1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопската шема низ минатото

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 10 јуни 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Во оваа тема очекувам носталгично да се вратиме во минатото на скопската шема и забавниот пулс на главниот град.
    Да бидам искрена јас го фатив времето на Булевар, свирките во Вулкан (ми текнува како Влатче од Морал беше најјебозовен и најпосакуван фраер, се ширеа приказни на велико за неговата љубов со Тамара, пееше во бендот Made in Macedonia, настапуваше во розеви маички од Фард, оние со кравичките и обетка - розев пердув. :D )
    Понатаму во спомените ми рипка Мусандра, имавме тон гратиси кроз цело осмо одделение, си одевме човечки во 21.30 пред врата, задолжително во парови за да можеме да влеземе и се враќавме во последната 23ка во 00.15 од Рекорд.
    Славевме полуматура во МНТ летната дискотека, и во спомените ми останало како едно фино и пријатно урбано местенце.
    Еден Рок Фест го дочекавме во Лејди2 (мислам дека е на местото на денешен Сектор ако не се лажам :?: ), а покрај многуте молби и убедувања дури 2 пати имам завршено во Ес-Еф, дискотеката (ако така може да се нарече) :D специјализирана за метал музика.

    Јадевме во Лап Лап и Кинг Бургер и гледавме уште филмови во Кино Вардар и Култура. На спрат. :!:

    Седенките во Парк со Витач и гитарче ни беа задолжителни, лани случајно поминавме, и можеби е до генерацијата или времето кое поминало, но се' ми изгледаше бледо, неверно и лажно.
    Што би рекол еден мој другар - се' е тоа добро, но не е тоа тоа.

    Браво во Буњаковец. Уште си работи. :)
    КафиЌот на Монси. Ориент. Милион и едно кафе после школо во оваа дупка. :lol:

    Кажете ги вие вашите искуства и спомени од скопската шема во вашето време, или уште подобро - од времето на вашите родители.
    Би сакала да слушнам приказни и за корзото, Ванила (онаа фамозна и прочуена Ванила, не оној кич во ГТЦ денес :D ), скопските плажи во минатото, Кермес...

    :)
     
    На rossonerka, Phyramide, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    644
    До ЕС-ЕФ имаше и гејско место Way not мислам дека се викаше. :D Кога бев средно хит беа џуниор забавите во елемент, ла фабрик, јукан и едно спроти ЈБТ средното не ми текнува на името. А преку лето кабрио.
    Д клаб во буњаковец беше фино место.
     
    На Decibel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Ооооф, Трендафилке, зашто бе ваква тема во недела (или веќе понеделник) навечер :doh: Ми отвараш стари рани....

    Имав среќа да фатам многу убав период од ноќниот живот во Скопје.

    Почнавме во Стоби. Од првиот ден, од самото отварање скиснавме таму. Немаше вечер да не се помине во Стоби, цела младост таму ни помина :| (а прцлиња мали бевме кога почнавме да излегуваме во Стоби, 8 одд.бев ). Секако, незибежно беше да се помине дел од вечерта во Змија, друг дел во Чао.... Цел тој дел тука беше по сто пати поминуван во една вечер.

    Колосеум зимското, на старата локација кај дом на градежници.....Е тоа беше дискотека. Небитно што внатре имаше 3485099946 луѓе и што не можевме пијачката во рака да ја држиме, не дај Боже да сакаш да се напиеш....нема шанса. Битно журките беа одлични. Максимално уживавме секоја вечер кога и да отидевме. Секој викенд.

    Musicgarden. Интересно место, само кога и да влегував обавезно се сопнував од тие подисправените цигли што беа. Знаев дека се таму, на секое влегување си викав „пази сега green.eyes пак да не се обрукаш“ и некаде меѓу green и eyes веќе се сопнав. Немаше некој што го промашуваше овој дел, сеир беше да се стои на влез да се види кој ќе успее да се задржи на нозе, кој ќе падне.

    Кубан. Лелееееј, какви журки имаше таму! Некако за ова место многу ме фаќа носталгија, многу драги луѓе таму одеа....Иако беше малку шминкерско за мој вкус, одев заради нив и атмосферата која ја правеа.

    Lady blue. На ќошот кај кино Култура. Многу добри свирки имаше секогаш. Во лето тоа место ми имаше некој посебен шмек....Не знам зошто, посебно ми беше, мораше да се помине барем на 5 минути од таму.

    Корнер. Додека работеше асално како што треба......е богами престиж беше да се влезе таму. Иако таму одеа „постарите“ (над 20 години отприлика), кисневме таму......појма немам како не пуштаа на врата девојчиња само што влезени во пубертет.

    Булевар. Па исто како за Корнер......Супер беше секогаш, само морници ме лазеа кога требаше да се помине низ тој тесниот дел. Во тие моменти обавезно ми поминуваа мисли „и што сега ако се случи тепачка? кај ќе бегам?“ Не за друго, имаше тепачки секоја вечер, само требаше да се погоди моментот да (не) си таму.

    Парадизо. Или како што го викаше другарка ми „трло за овци“. Така и личело де :D За разлика од сите други места, само тука ми се случило да чекаме на врата за да влеземе. Будала.

    Флок. Ааааааа до ден денес колку ми фали времето коа одевме таму :doh: Се би дала да ми се врати баш тој период, баш тоа место, со баш тие луѓе......damn it.

    Маракана. Аууууу топ провод имаше секогаш.

    Лејди 2, и конобарот од Лејди 2 :inlove: И после долго време, колешка од факс ми го смува пред нос :D

    Колосеум летната дискотека во парк. Често одевме, ама некако не ми беше многу по ќеф, не знам зошто.

    Кабрио. Кога се отвори, не сега. И слично како со Musicgarden, секогаш имав страв да не ме бутне некој во базенот......Затоа стално ги терав другарките да стоиме на скроз другата страна, оф, пусти страв што ти прави :D

    New age. Окапавме тука, на „паузи“ од факс, навечер.....по цели денови. Можам слободно да кажам дека кафичов денски ни служеше како библиотека. Распослани на маса со речниците и граматиките.....ах бруцошки денови. Добро де, не само бруцошки, и другите години одевме.

    Имаше еден кафич во редот на Кингбургер, мислам дека се викаше Аквадро, или така нешто.....ако некој се сети, го молам да ме потсети. Многу добри журки имаше таму. Ух.

    Сачмо. Единствено место кај што не ми сметаше ако пуштеа малку шабанска музика :D Знаеше Мачки „некогаш“ (читај: секогаш) да подзабега со Здравко Чолиќ и слични томе...... :worried:

    Чао, во периодот пред 8-10 години. Одев со другарка ми „на по една пијачка на брзина“ после курс грчки.....Аха, да, на по една пијачка, така било тоа........Застанати на шанк, го држевме да не падне случајно :!: И после „едната“ пијачка, нели, обавезно се селевме во Колосеум. Сите уфирцани дотерани исфризирани, јас и другарка ми по патичиња и со книгите и тетратките грчки во рака......цццццц. На по уште една пијачка де.

    Метропол! Percussion discussion журките. Најдоброто нешто некогаш во Скопје, барем за мене. Па уште текилата по 30 (или 50?) денари беше......ух. Незаборавни беа. Исто како со Флок, се би дала да ми се врати една таква вечер.

    Има уште, сигурно ќе ми текне на некое друго место.

    Ех, тоа беа времиња на добар ноќен живот.....
     
    На Decibel, Palchica, ph.orhideja и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Тренке добро си направила што ја отвори темава. Фалеше! :)
    Имам изгледано еден куп емисии и изнаслушано спомени за старата скопска шема, Ванила, чекорите што ги учеле да ги играат за во неповторливиот Кермес и времето кога се одело ,,на музика,,.

    Да знаете по колку пати го имам враќано саатот назад за да не ми викаат моите дека каснам, а јас не си одев од Вулкан додека не го видев Мартин (симпатијата мој). Тој беше постар и доаѓаше, тогаш кога мене ми истекуваше времето за искачање. Во Булевар сите ги славевме родендените од моето школо и само тогаш одевме, ама затоа во Вулкан коски оставив.

    Едвај чекав да се отворат летните Колосеум и Кабрио во парк, сме чекале со саати за да влеземе, нормално со претходно обезбедени гратиси. Пред да застанеш во ред, шетање еден круг низ парк да не видиш некого и обавезно пирошка со сирење од продавничето пред Луна парк.

    Во МНТ одевме често, но мене не ми беше омилено иако таму сите можеше да ги најдеш.
    Кај се чекаме вечер? -Нормално пред Мегдоналс, а од таму не се поминува без да се м`цне нешто. :D

    Ахх пуста Казабланка ни ја затворија, а таа беше нашата втора дома...за некои и прва :lol: . Се отрувме од цигари пушење и кафиња пиење. Киснење по цел ден, сите ги пречекувавме и испраќавме. Тука беше и Аја, кога ќе сакавме малце да смениме и да пиеме греено вино со цимет.

    Ме фати носталгија...
     
    На Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не можам да ви опишам колку ми е криво што не ме направиле некоја година порано да проживеам таков ноќен живот, а не овој сељачизам и кичерај денес :(

    Од постарите дискотеки, успеав да ги фатам само Процес, Елемент, Вулкан и Кабрио.
    Вулкан искрено за никаде беше, леле се гушев внатре, али за атер и мерак на друштво нормално дека ќе седиш :D
    Елемент ми беше преубаво диско, жалев што немав подолг излез :D
    И Процес беше ОК, освен оној столбон на средина огромен, кој го смислил не знам, да се бркаш околу него :lol:

    Имам постара сестра и од неа знам колку бил добар ноќниот живот и вторпат ќе кажам да не заборавите :D дека ми е многу криво што сум немала прилика да излегувам тој период кога и дружбите биле многу поразлични.

    И дај нека го сменат овој глупав закон да работат кафичи до 12-1, живи глупости.
     
    На Hipster и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Извор: crnobelo.com
    Скопската шема во наше време
    Колку пати сте се нашле во ситуација кога ќе се решите да излезете во Скопје, да не знаете каде да одите. Дали скопската шема станува се поизлитена и поздодевна?


    На крајот завршувате со мислата „Ех, што убаво беше во наше време...“ А што тоа беше убаво во наше време?
    Каде излегувавме во 90-тите и каква беше шемата?

    На кратко преглед на топ местата кои беа хит и каде се излегуваше со мерак, а што се променило - проценете сами.

    Во 90-тите сите места функционираа благодарение на неколку менаџери кои ја вртеа истата шема - летно време едно диско или кафуле, зимно време друго. И тие беа тие. Се знае кои беа скопските менаџери кои не радуваа со гратиси - за машки плави, за женски розеви.



    Ни се ближи летото, па да се сетиме за каде се спремавме во овој период. Во главно, почетокот на летната шема ја означуваше отварањето на летното МНТ или Ла фабрик (како милувате повеќе). Напикани сите во подрум се буткавме за да успееме да влеземе во диското каде ако ништо друго навистина се играше и забавуваше.

    Оние кои не успеваа да се протнат легално на врата, знаеа да се прекачуваат и да влезат преку кровот од надвор. Ова особено кога се воведе законот за забранет влез за под 18 години.

    Паралелно со МНТ едно време функционираше УНА. Е, ова е местото за кое до ден денес е нејасно зошто стана толкав хит?

    Сè на сè Уна зафаќаше не повеќе од 30 квадрати, ама овде шемата се вртеше на тротоарот пред УНА. Музиката си ечеше од внатре, а на тротоар - гужва не може да се размине човек.

    Околу 11 почнуваше шемата во BOULEVARD. Ова беше едно од ретките места каде имаше и џуниор и сениор забави. Boulevard имаше зимска и летна шема со мало, но вкусно направено терасиче. Овде можеше да откачите и да пеете на караоке (не можам да се сетам дали имаше награди) и важеше за место каде излегуваа поквалитетни луѓе. Ако успееш да останеш на сениор - е тогаш си жив среќен што ќе се дружиш со „големите“.

    Ако не успееш да влезеш во BOULEVARD можеш да си ја пробаш среќата во Decorum. Културно местенце со културни забави кое никогаш не се испопуларизира доволно, но сепак го биеше добар глас.

    Овие беа хит во оној преоден период пред да почне шемата во парк. Во парк се смениле многу работи од тогаш.

    И овде имаше шема џуниор и сениор. Ако одиш на џуниор заради гужвата ќе влезеш во 22.30, а веќе во 23.30 почнуваат да те бркаат за да дојдат „старите“. Ама ти си жив среќен пошто си успеал да се шмугнеш и да поиграш на Mambo No. 5.

    Можеше да бираш меѓу Street - диското кое изгледа го имаше уредено некој со остатоци од стар мебел од дома. Се сеќаваме на некое зелено светло, голема диско топка, кауч, фотељи - вака коа ќе се сетиш изгледа страшно, но местото си имаше свој шмек и убавина.

    После некоја година го реновираа во Ла Гараж и беше едно од најдобрите дискотеки на два спрата со неколку кафези за играње кои верувале или не секогаш беа полни.

    Во ова време не беше срамота да се соблечеш бос во диско и да играш колку ти душа сака. Од Ла Гараж стана Елемент и се вртеше истата шема која се тераше и во зимското Елемент.

    Кабрио беше диското со базенот. Овде се тераше вистинската шема од постарите. И таму не смееше да влезе било кој. Богами и не се осмелуваше да влезе било кој.

    Од карши имаше едно лето обид, работеше дискотека Blue Corner, или некои ја викаа Арена. Од тогаш на местово никогаш немало обид да се направи нешто ново.

    Во ова време, на местото пред сегашен Техномаркет во парк, работеше Парадизо. Ова беше местото каде се движеа фаците од градот. Влез не се наплаќаше, ама сепак беше тешко да пристапиш ако не се познаваш со некој од менаџерите.

    Интересно беше што во ова време сите беа секогаш расположени, во градот навистина се играше - по столчиња, столбчиња, ѕидчиња - кај ќе стигнеш. Дотерани девојчиња во Phard шема и дечки во Diesel. Ако немаш едно
    вакво парче не си главен. Ама и ова си имаше своја убавина.

    Оние вистински ноќни птици можеа да уживаат до доцните часови во Хипнотик во парк. Овде секогаш ечеше српско ама не беше важно затоа што тука можеш комотно да останеш до 6 саат сабајле и око да не ти трепне. Зимно време ваква шема се тераше во Резиденс на Водно.

    После диско задолжително одиш да јадеш во Аркадија, Кинг Бургер, Кај Попе или евентуално на клуб сендвич во Булс.

    Од затворените места за излегување - Ако не си во МНТ, или си во Елемент, или во култното Аха. Е, Аха шемата беше друга приказна. Во тоа време се сметаше за „свето“ место. Мислам дека луѓето кога наздравуваа викаа да ни е живо и здраво АХА што ни постои.

    Најјака подрумска шема се тераше во Сачмо во Буњаковец. Почна со шминкерски тип на журки, за на крај да стане ептен хард кор место.

    Кога сме веќе кај подрумите нема смисла да го испуштиме Subway. Место кое функционираше одлично - секогаш имаше супер луѓе, екстра музика и одлична журка. Изгледа дека локацијата во тоа време на никому не му беше важна, сè додека може да биде окружен со расположени луѓе.

    Ако те фати пат накај ГТЦ немаше промашај - Софка, па Баракуда, или ако таму не успееш да влезеш, си дремеш во Контитент.

    Ако си од вистинските шемаџии секој викенд задолжително си во Стоби и Змија. Две конкурентски места, но секогаш функционирале топ и беспрекорно добро. Да сме живи и здрави сега Стоби ни го враќаат во шема, а дали ќе биде шемата од времето останува да видиме.

    Од страната на кеј едно од популарните кафулиња своевремено беше Дали. А, ништо чудно и да залуташ во Манда Роса на некое опасно караоке шоу.

    Ух, за малку ќе ги испуштевме двете места каде се збиравме за најдобри свирки во градот - Сити Паб и Чех. Можеби првите две места кои нудеа нешто поинакво во градот. Дрвени клупи и маси во внатрешноста, одлични бендови, луѓе внатре колку ти душа сака и расположение секогаш на ниво.

    Додека сме тука да не испуштиме уште некое од шемаџиските места кои во моментов ги имаме на ум: Златна Ружа, Тунел, Универзум, Шевињон....

    И посебна почит за RING - едно од местата кое нудеше квалитетен ноќен живот без конкуренција.


    И не заборавајте - шармот на градот го прават луѓето!
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да излегувам релативно рано, за разлика од моите соученици во основно. Нормално е тоа, кога имаш поголема сестра што излегува за викенд, па сакаш да и се вклопиш во шемата.
    Не дека имам години и козјнае колкаво искуство, ама имав среќа да фатам еден дел од диско шемата што сега веќе го нема.


    На почетокот излегувавме во Процес. Имаше таму некои јуниор забави до 12, се палеа светла, се празнеше диското, па влегуваа тие за на сениор. А ние одевме во Мекдоналдс. :D
    Додуша, сите стари дискотеки го имаа овој принцип на работење. И е многу подобар ако ме прашате, отколку вака со желба да се наполни и од лакомост, се полни диското со све и свашта. Ама буквално.
    Јас фатив и нешто од Елемент. Баш пред да го затвараат. И не памтам многу од проводите таму, затоа што тогаш беа во шема оние тинејџерски пијанства, пиеш се што ќе начекаш, а не се сеќаваш на ништо следниот ден.
    Во Ла Фабрик проводите ги памтам толку убаво, што кога и да поминам од таму, ме заболува срцето од носталгија. Што е нормално, затоа што таму излегував една половина од средно. Реално, диското тераше накај мизерија, со шахта на сред подиум, ама кога имаше настапи во живо, атмосферата беше ненормално добра.
    Мојата генерација одеше и во Левел. Левел беше на местото на Зимското Колосеум, сега зимска Хавана. Тогаш имаше некои квази журки, со секаква музика, од турбо фолк до рап. Ама сите одевме и сите се журкавме одлично.
    И вака ми налетува и Кабрио, што има екстра потенцијал, ама за жал не работи веќе.

    Не знам, ама се чини дека Скопје се забавувало доста повеќе, порано. Не дека мене не ми е убаво, да се разбереме, јас си поштувам диско шема секој викенд.
    Сега, што би рекла сестра ми, го нема тој градски дух типичен за Скопје.
     
    На Annath, Hipster, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Така е! Аквадро се викаше местенцето и беше одлично, освен кога немаше гужва, ти текиња? ;) А каде во Скопје немало гужва?! И едно време го биеше глас дека е клуб за геј парови и лезбејки.

    Скопската шема низ минатото е за жал нешто што не е бумеранг, и не знам дали ќе врати, скептична сум. А уствари според некоја постмодернистичка теорија, а и некоја си друга теорија која не ја баратам пошто физиката не сум ја баратала никогаш, времето е спирала. Се се враќа но изменето.
    Дај Боже онаа скопска шема на која и бев сведок да се врати, за новите клинци да видат што е тоа - искачање у прав смисол на збор.

    Грин Ајс одлично си сумирала се она што јас би го кажала. I wonder why?! :D
    Метропол и спомнатите Percussion Discussion журки се лично за мене нешто најдобро што му се случило на Скопје и ноќниот живот во 90те. Breakbeat, боже какви беа момците! Tекилата за смешна сума и моето прво пијанство од неа, абе М! :D Се радувавме на секој нов флаер оставен на факс или во школските сеуште средношколски клупи. А и тие беа оригинални, да признаам. И знаете што? Сеуште ги чувам. Чув дека еден тип собира стари флаери и ги откупува, го поздравувам и му кажувам - не ги давам, сите се кај мене ]:)

    Ми текнува на почетоците, шемата во парк. Јас пак каде што живеев, и да не искочев - слушав се, ко да сум излегла :lol: Кока Кола клуб кабрио или сегашна Хавана и Мјузик Гарден беа местата каде што одевме. И да, и јас се плашев некој да не ме кутне у базенот :D
    Мјузик Гарден го памтам како супер музичка градина за урбаните градски деца кои, не љубеа толку многу комерцијала. Кои рок и рап журки ги имаше, јао!
    Не ми текнува, сегашно Парадизо кај што е како се викаше тој клуб, знаевме чат пат и таму да залутаме, ама мислам дека ми беше премногу, ко Парадизо де, такво, блескаво и шмизл стил.

    Флок, ах тој Флок! Колку го сакав. Мислам дека тоа место беше резервирано за ЈБТ клинци. И ако имаш симпатија од таму, а не си успеала да го куцнеш преку ден, иди у Флок и таму ќе го најдеш.
    Лејди Блу кецот и двојката (едното позади кино Култура, добро бре се сеќава ли уште некој на кино Култура?! и второто кај што е сегашен зимски Сектор). Прво седевме на клупите пред кино Култура па потоа одевме у Лејди. Знам дека беше најнезависната рокерска дупка. До толку независна, што еднаш еден другар нарача млеко. Во 1 сабајле. Ете ти беља.

    Кубан, ах! Баш сега го спомнувавме и се обидував да се сетам, во која куќа точно се наоѓаше. Само знам дека е во близината на Излет. Да признаам не одев многу често таму, но кога одев си поминував одлично. Не знам зошто ми останало во сеќавање, дека за во Кубан треба да си екстра дотеран, а јас во тоа време едвај маскара ставав, не пак штикли и кратки сукњници :lol:

    Чаршија - имаше во Безистен неколку одлични кафичи во кои кисневме не само денски, за време на паузите на факс туку и ноќно време. Yep, тоа беше точно пред кризата, пред Чаршијата да замре и фала богу повторно оживеа. Кафичите беа минијатурни, мали, романтични дувла, така си ги викав, и затоа ги сакав. Ама знаевме да се расположиме за малку пари и за брзо време. Сеуште ми се во сеќавање оние стрмни скали и кавгата која ја имав со еден другар, патем тврдокорен рапер за тоа, дали east coast или west coast. Сите се пијанчеа, ние се каравме за рапот :D Крелиња!

    Со голема носталгија се сеќавам на концертите во МКЦ. МКЦ си го носеше гордо името. Концертот на Кирил Џајковски во 99 ми е посебно останат во сеќавање.

    Исто се сеќавам на едно местенце каде што се бутавме во зима, во Тафталиџе а се викаше Бутлег. Дупка, повторно, ама совршени хип хоп журки имаше и таму.
    И уште едно такво местенце имаше, каде што искачавме - до денешен Сектор, кај некогашна Аркадија. Ако се сети некој нека ме потсети каде сум губела доста често неколку кила во потење од играње до зори.

    Ми текнува и на излегувањата во Силекс пред да се случи трагедијата со турканицата и девојчето кое почина. Потоа малку замре и луѓето се исплашија но знам дека се врати во форма за кратко време. Многу јаки гостувања се случуваа токму таму. Моби во почетоците на неговата кариера го дочекавме во Силекс :)

    Излегувавме и во Хард Рок, старото, зимското. И МНТ, ах!

    Кај се не излегувавме. Не сакам да ги набројувам или да се повторувам за местата каде што сме излегувале. Знам само едно, дека ни беше одлично. Скопје имаше избор. Скопје немаше шабанерии и турбо фолк и кичерај качен по маси во дискотеки. Такво нешто не постоеше. Електронската па и хип хоп сцената беше застапена достоинствено. Всушност, за секој вкус постоеше местенце, дискотека, дупка. Ноќниот живот беше разновиден и не се сведуваше само на една Хавана или Миднајт или што ти знам што. Не дека и денес постојат исклучиво само тие, сеуште ме радува што има тајни, скришни местенца каде што човек може да го пронајде Скопје како дише во ноќно време. Но тврдам и печат ставам, дека ова денес не е ни близу толку добро како она што беше.
    Имавме бре разновидност и избор. И пред се, не ни беше здодевно ниту во еден момент. Или седиш на клупа кај Лондон паб, или пиеш пивце кај фонтаната у парк, или праиш ео на концерт на Саф или Чиста Околина, или го потиш секој атом во себе во Метропол. Потоа ти текнало, и одиш на билијард до 5 сабајле. А после билијард ги дочекувавме изгрејсонцата со тазе бурек во рака на кејот евентуално удиравме сеир за неколку залутани љубовџии во утринските часови. И не ти е битно дали врне или не. Битно си млад и убаво ти е.

    (ау, а на Мусандра му текнува ли на некој? Сегашен Миднајт...зошто ми е останат некој блед спомен дека играм на Баста Рајмс таму?! И таму ли сум идела на хип хоп?! :lol: )

    Ајт отидов да плачам. Скопската шема ја нема. Фала богу тука сме ние да и направиме - Скопска шема воскресе. Вистина воскресе. Барем преку спомени. Шмрк!
     
    На gwen, Ariel, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Релативно сум млада за да кажам каков бил ноќниот живот во Скопје, тоа што фатив беше малку, иаку го гледав братучет ми кој е 10 години постар од мене кога излегува во Силекс, Ванила и јас си викав еден ден и јас ќе идам, и тоа не се случи...
    Првото излегување во дискач ми беше Елемент, сегашно Тцц Плаза, мој комшија беше газда па отпрлика чето бевме таму. Седмо и осмо ги поминавме таму, после тоа и го затворија. Од 9 до12 и тогаш правац дома, родителите ни се организираа секоја недла некој не собираше :D
    Ми текнува и на Лафабрик, во средно т.е прва година прв пат ме пуштија до 1 ипол преку сила.
    Местото беше прилично лошо на изглед ама имаше одличен провод. Дури и еднаш фативме стриптиз, добро тоа е и дали се нарекува прав стриптиз али дечкото беше бомба :wasntme:
    Процес, Левел, Кабрио, старот Колосеум, беа се до 3 година средно.
    И сегашниот Коосеум пред 4 години кога и типот на музиката и луѓето беа различни беше супер место за излегување.
    И Хард Рок беше солидно место, паметам барем неколку добри забави таму, додека Брејк не го доуништи.
    Во Вулкан стандард славевме сите родендени, паметам јас 16 го славев :D
    Сметам дека тогаш имаше поквалиетни места за излегување.
    Не паметам ептен лошо излегување до 3 година средно.
    После тоа работите се променија малку.
    Колосеум ми беше омилен додека не го претворија во прчварава што сега е.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.630
    Пол:
    Женски
    Не сум од Скопје, и не знам дали би била компетентна да пишувам во оваа тема, ама за време на студентските денови фатив нешто од тој ноќен живот што беше во мое време. Нашето мешано друштво често си правеше домашни седенки со вино и гитари, ама скопските кафулиња и дискотеки не ги пропуштавме.
    Повеќето сте ги спомнале местата каде што одевме, и јас ќе спомнам некои - незаборавно ми беше во Лејди Блу (и 1 и 2), зимски Сектор, Вега, Флок (или Балет), Дали, Њу Ејџ, Елемент, Колосеум, Маракана... е сега јас како Охриѓанка не можам да се пожалам дека ми било лошо :lol: напротив, ми беше супер. Посебно ги нагласувам свирките во Маракана и Вега, дремењето во Флок (близу живеев), и журките во Лејди Блу. Секогаш се прибиравме дома рано наутро и ако мораше да одиме на факултет наредниот ден, воопшто не ни легнувавме, директно од излегување на факс - е сега, само ние си знаеме како издржувавме, ама бевме млади луди :lol:
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Еве јас да го споделам моето искуство.
    Почнав некаде осмо одд.да излегувам.Во Силекс.Ќе се издотеравме за на јуниор забава(така се викаше тогаш,не знам за после).Леле ама бевме модерни ,се носеа карирани сукничиња се сеќавам.Имаше менаџери кои во тоа време беа главни мангупи.Ама тогаш се случи оној немилиот настан,(на постарите,на оние од мојата генерација ќе им текне)кога се случи едно стампедо и едно девојче си го загуби животот.Тоа беше страшно,после некое време не се излегуваше.
    Кога го надраснав Силекс,се преселивме во Мусандра,ама тогаш не беше ни реновирана,ја памтам од раскажувањата на моите кога таму излегувале, кога стапнав првпат,мисев дека го познавам местото.Тогаш во тоа време работеше и Hard Rock,зимското МНТ,Метропол,од дневната шема одевме во Менс,Мејк ап,Стефани мислам беше кај ЈБТ.
    После следуваа во лето Текила,Кабрио,Хавана,летното МНТ,тогаш не постоеше Колосеум,базенчето во Кабрио беше најубавото нешто и кога се отвори мислиш кој знае што беше.Ама такво беше времето,се чудевме на новините,сепак тогаш преминувавме од еден во друг систем.
    Во лето едно време беше актуелно и едно место со жива свирка со тогаш не толку афирмираните Дуле И Коки,Дон Стефано ,се викаше и се наоѓаше позади кино Култура.Имам слики за тоа журовите таму што се правеа.
    После почнав да излегувам на Климент Охридски,и најпопуларните места во тоа време,Дипломатик,Булевар,Корнер,Академија,,едно време и Унабеше кафич,Галаксија.Пред тоа со години наназад киснев во Змија,каде се запознавме со маж ми,каде одев со другарките после курс,и Голема Змијаисто така беше актуелна.Ах времиња.Ми вика пред некој ден другарка ми,ај на кафе.Е добро каде-и велам?-Во Змија ,да се потсетиме на нашето време.
    Се излегуваше и во Кубан,го отворија и Милениум во Буњаковец,па Колосеум.
    ПОстоеше и едно место во ГТЦ, гледаше накај Жена Парк,да ме утепаш не ми текнува како се вика.

    Ама ,некако полека се случуваше,почна ноќниот живот да го губи својот сјај.Или можеби јас го надминав тој стадиум,не знам.Почнаа луѓето по дома да се затвараат,и во тоа време јас се омажив и ноќниот живот си го заменив со бебе и маж.

    А многу пред јас да излегувам ги имам слушано Турист,Ванила,Мусандра,кафичите Рома,Стерна,Манда...
    СЕкое време си носи свои убавини,и секого да го прашаш,неговото е најубаво.
    Сега ние си раскажуваме за нашето,а неки нови клинци си велат,ај бе шо знаат овие.
     
    На Palchica, gwen, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Уф темава разгорува емоции .Да не ги повторуваме местава само би ги додал, сачмо клубот во буњаковец во подрумот,МНТ првите техно забави и дј, хмм а нај омилен кафич дефинитвно АХА и газда зеко :)
    Сега е поинаку го нема тој шарм .Искочени сите стојат како насадени дрвја и само чекаат некој/а тема за сеир во моментот евентуално мало друштвенце што си се забавува и сите зјапнале натака .... Тапа сме во мкд за забави освен кафани за тоа сите се главни тука.Нај битен фактор за таков тип забава е да има некоја растресена певаљка како стар 10кец што повеќе вришти травиати али не е свесна дека има талент и за тоа :rofl: .Ме нервира стилот на одредени девојки кој изгледаат симпатично итн итн но не значи дека секогаш треба да се облечени како куми за на свадба .Треба да се одбере гардеробата и според местото каде си .На техно забава со штикли 12ка и миниц до п..ч ауууууу :lol:
    А сеири секаде еве еден од блиското ни минато :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=Gy3bDpXePRo

    :muscle: :muscle: :muscle: :muscle:
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Првото излегување ми беше во Вулкан. Мало детуле излезено со постарата братучетка. Колку ги молевме моите да ме пуштат. Условот беше во 11 и 30 да сум дома. Хит песна, многу добро се сеќавам, беше who let the dogs out :lol: .
    На крај на осмо одделение излегов 2-3 пати во Елемент и си го фатив најпосакуваниот фраер во цело школо :$ . Не знам зошто, ама да ме убиеш не се сеќавам каде беше таа дискотека.
    Моето омилено ЛаФабрик. Најубаво си поминував таму. 9 и 30 журката почнуваше, јас и другарките во 15 до 12 бевме во такси за во 12 да сме дома. Тогаш таксито не чинеше скромно 100че.
    Потоа Процес. Е Процес не го сакав. Многу ми беше загушливо и никакво.
    Левел не беше толку лошо. И да не го заборавам Кабрио. Местото си беше ок, ама никогаш не беше полно.
    А во Blue го јадев најубавиот сладолед т.н. секси. Оргазам на вкусовите.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.749
    Мене најомилено место ми беше АХА. Секој ден бев таму, и дење и ноќе, до моментот кога го расипаа, па одев само одредени денови. Тоа беше некаде последните денови од претходниот милениум :D
    За мене место со најмногу и најубави спомени, најубава атмосфера, и најтаман луѓе.
    Не можам местово да го преболам, а не знам што баксуз ќе бев, сите места што ги сакав, ги затворија :D. А бе да не ти влезам во кафиќ! :D. И како вистински носталгичар, се уште дома си чувам едно шеќерче со наптис АХА :D

    Во Мјузик Гарден, немало ден (поточно ноќ) помината таму, а да не ми било убаво!

    Многу го сакав и Лејди Блу, особено двојката. Добар дел од младоста оставив таму :D. Добро се држеше, ама го затворија и него :D

    Старото Хард Рок исто така многу ми беше легнато на срце, и не ми се веруваше дека се затвори.

    Имало места во кои имам многу излегувано, ама никако не ми легнаа на срце. Меѓу нив се Маракана и МНТ (на муж ми омиленото место од младоста :D ).

    Кога почнав да излегувам имаше едно ептен популарно место, Синема, до Лејди Блу 1. Врска немаше местото, ама беше преполно, а пијачки даваа во обични бели пластични чашки :D.

    А ви текнува дека пред Лејди 1, местото уствари беше ептен позната сендвичара Лучијано, само се затру народ, па се затвори :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.630
    Пол:
    Женски
    ZZ Top го заборавив... и таму се правеа добри журки... никој од вас не го спомнал, не одевте таму? Во Капиштец трговскиот што беше, секогаш одевме некаде околу 3-4 саат сабајле... и си одевме дома кога се разденуваше....
     
    На Ariel и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    :clap: Да беее, Зизи го заборавивме скроз! И Аха, Ариелке арно што потсети :)

    Леле кисневме и таму ептен, како го заборавивме не ми е јасно, култно место си беше Зизи. Сега кога и да поминам околу кафичот на истото место, морам да се свртам и носталгично да се насмевнам.

    Знам дека често искачавме и во Манда, или во Египет на по сладолед и колаче, или во Каприкорн (подоцна Лејди Блу, а сегашна Бариста ако не се лажам). Ама тоа беа местенца повеќе за кафе или пијачка.

    Инаку, криво ми е што не можам да го потпрашам татко ми за тоа како било во негово време, но ќе ја прашам тетка ми. Единствено во сеќавање од она што ми кажувал ми останало зборувањето дека дечките оделе на Корзо за да можат да „фатат“ некое девојче. Повеќе ги памтам неговите кажувања за градската плажа, капењето во Скопје, старите занаетчиски дуќани и слично.
    А во еден дел на Досие Скопје знам се велеше, дека порано, скопските фраери стоеле пред Официрски дом со чачкалица меѓу заби. Чачкалица, бидејќи тоа било знак дека штотуку се најале, значи имале пари и поголема била веројатноста некоја своевремена шмизла да ги забележи :lol:
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.630
    Пол:
    Женски
    Во Манда ни беа првите студентски журки, таму мислам дека почнавме со скопската шема, ние новодојдените :wasntme: 8)
    А Зизи ни беше некако култно место за фајронт...
     
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    A Кермес во парк.
    Се сеќавате ли на живата музика,кока кола и ќебапчиња(јас бев мала тогаш и само на ова се сеќавам,таму одев со мама и тато).Штета за тоа место, вистинска легенда за минатото на Скопје.Таму оделе генерации и генерации пред нас.
    A во Каприкорн на кафе одевме после школо.Таму го пробав првиот коктел,Блади Мери. :$
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Ех, што убаво беше во наше време... најчестата изговорена реченица од моето друштво.

    Моето прво и НЕзаборавно излагање беше во МНТ. Една петочна вечер, заедно под рака со мојата другарка тргнавме да ја бараме прочуената дискотека МНТ. Дечишта, ко муви без глави се шуњавме да го најдеме влезот каде е. И конечно видовме оддалеку една толпа млади лица како културно влагаат низ еден влез и си помисливме конечно ете го. Но, некако премногу тивко беше ко за во диско али ај, што се разбираме ние си рековме. И кога да сме ти влегле во салата за опера и балет. :D

    Еххх, времиња...

    Како и повеќето, најомилено место ми беше МНТ зима/лето. Едвај чекавме да дојде викенд и да се собереме на нашата омилена клупа, каде што се пијанчевме од една чаша/флаша смедеревка во комбинација со степ лајт ( :puke: ).

    Сачмо исто ми е во листата на омилените. Обои ме на Калиопи ме потсеќа на тоа место. Ја убиваа од пуштање, изгледа хит им беше. Мојот најубав дечко у животу таму го фатив, или он мене, ма сеедно..

    Другото омилено место ми беше Елемент. Се сеќавате дека ако облечевте бело или друга светла боја, дречевте? Тогаш излагав по патики и нели ако не се фард не си in , и ги имав оние на спрат со зелени линии (што би рекол татко ми - марсовки) кои дречеа кога ќе влезев во Елемент.

    Едно време висевме и во Una.Морам да признаам ја мразев, али атер ради друштвото. Не се дишеше внатре.

    BOULEVARD го паметам по караоке журките и по свирките на Дуле и Коки. Стварно беше хит место еден период.

    Колосеум, Хард Рок солидни местенца. Вулкан никогаш не сум го обичала, не знам ни јас зошто. Можеби дека немав од таму ниеден симпа. :D

    Мусандра е тука висевме. Леле у тоа кафезите сите се тепаа да влезат. Мислиш награди делат ако влезеш. Баш на нивоу сме биле али што ми е гајле. :worried:hock:

    Од летните дискотеки најмногу сум излагала во Ла Гараж. Колку кругови сме вртеле по тоа спратовите дур да си ја најдеш симпатијата... И гледаш завршила вечерта а ти сеуште не си го нашла. :D
    После Ла Гараж стана Елемент и сеуште таму си излегувавме.

    Во Кабрио исто излегувавме, меѓутоа поретко бидејќи таму одеа повозрасни од нас.

    Блу корнер и Процес кратко траеја така да немам многу спомени од таму.

    Се' на се' топ си поминував кај и да одам. И што е најбитно со 100че си проаѓав во МОЕ време. :D

    Сега со 100че неможеш ни прагот од својата куќа да го поминеш.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Сачмо исто ми е во листата на омилените. Обои ме на Калиопи ме потсеќа на тоа место. Ја убиваа од пуштање, изгледа хит им беше. Мојот најубав дечко у животу таму го фатив, или он мене, ма сеедно..


    Леле кај ти текна хехе се присетив и јас на каљопа и нејзиниот кам бек со Обои ме .Сме имале иста судбина и јас го паметам сачмо по едно многу убавко девојче кој што од тогаш до ден денес го немам сретнато во Ск :tmi:
    Сега ми текна никој не го збори местото СФ поточно сегашен сех шоп валијант :lol: ,мрачно и никакво среќа што не го актуелизираа