1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопски фестивал

Дискусија во 'Музика' започната од mims-89, 12 ноември 2013.

  1. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Морам да кажам дека многу ми се допадна Скопскиов фестивал, и сметам дека Тамара требаше да победи. За песната на Ламбе, убава беше, но има гласини дека е плагијат.
    Песната на Елена беше исто така убава, ама ништо неразбрав, дикцијата нула!
    И да тој прв што настапи ми се допадна.
     
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    8.460
    Годинешниов Скопски ми се бендиса посебно од аспект на организација. Песните одат во живо со поддршка на оркестар, водителот одличен, немаше клише од типот „мора двајца водители - машко и женско“ па да се надмудруваат, да се воодушевуваат еден на друг, после секоја песна да се дрнда нешто без врска, немаше ни „да ги поздравиме нашите спонзори со еден аплауз“ :^) . Значи се беше убаво осмислено, креативно, дозирано со вкус. Немаше претерувања во ништо. Па дури ни во времетраење.
    Е сега песните.. Имаше многу „песнурајки“, веќе видени и чуени, досадни, песни кои се забораваат до утре..
    Самарџиев ми е „дежа ву“. Со години наназад исти песни, иста фризура, исти наочари :lol:
    Да не знаев дека пее Ламбе, ќе мислев дека станува збор за „Лане моје“ и Жељко. Па малку да се потруделе околу кореографијата и стајлингот, а не вака се прекопирале.
    Мене ми беше фаворит „врне, врне“ во изведба на Сара. Впечатливо, интересно, уникатно. Мелодијата уште ја памтам, остава впечаток.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Јас, како што кажав и претходно, немав можност да го гледам фестивалот, но сега има видеа на youtube скоро од сите песни, па еве песна што многу ми се допаѓа
    http://www.youtube.com/watch?v=OL-9SIj07tw
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Слушам доста пофални зборови, и искрено би сакала да го гледам. Доколку имате линк ако можете оставете ми каде можам да го изгледам цел фестивал, зошто досега само неколку песни имам чуено.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Што е со кошуливе и стајлингот на Димитар Андоновски?
    :^)
    Нека си најде стилист, значи нема поужасно облечен младич на сценава македонска. Ужас и подвижен кич.

    Откако стивна еуфоријата од Скопскиот фестивал, песната на Тамара е убедливо една од подобрите. На Елена песната е исто така добра, со тоа што се изнамачи околу вокалната интерпретација, штета.

    http://www.youtube.com/watch?v=zntf9VhZTxo
    Оваа девојка очигледно најубаво се забавуваше, има шарм, енергија и глас за пола од пејачите таму. :)
    Многу слатка и заразна песна. Браво.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Оваа година победникот на Скопски ќе не представува на Евровизија
    Односно, ќе отиде на прошетка во Виена, ќе се слика, и ќе се врати |(

    http://vesti.mk/read/news/3258262/1159226/poznati-uchesnicite-za-skopski-festival-2014 - учесниците

    Според мене многу добри изведувачи се имаат пријавено но никогаш не знаеме да пратиме добра песна. Секогаш идеме со нешто веќе видено

    Јас навивам за Тамара, ретко знае да промаши песна а и Даниел едвај чекам да го слушнам

    Другиве не би сакала да ги коментирам
    Ајде фаќајте сеир слободно :D
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ќе победи Даниел. Од телевоутинг сигурно ќе собере најмногу гласови. Ако и жирито му даде најмногу гласови, отиде Даниел на Евровизија.
     
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    И јас мислам исто.Башка во неговата Австрија се одржува Евровизија,поголеми шанси за успех.Типувам на него:)
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Вчера бев во Метрополис Арена и го проследив фестивалов во живо.
    Прво да искоментирам за салата, воопшто не беше погодна занастанов. Убаво си се одржуваше во МОБ незнам зашто променија. Имаше поставено столчиња ко да сме на некој цирукус, а бината беше само малку подигната така да настанат можеа убаво да го следат само оние во првите редови, другите од тоа што се гледаше на закосените бимови, ептен малку. Крановите со камери глупаво поставени на сред сала, мислиш во секое време ќе те удрат по глава, а освен тоа ништо не се гледаше од нив.
    Незнам зашто толку пофаби за Зафирчев никаков спектакл не направи, само упропасти неколку прекрасни песни и демек играше, ок научил нешто на Танц со Ѕвездите па да не пропадне тоа туку така.
    Учесниците траги комични, па уште се чудам од каде толку негативни коментари за победата на Даниел, кој тербаше да победи друг Ристо Самарџиев, Јоце Панов или Мијата?
    Обично најкатстрофални се песните за вакви избори, а одкога почнаа и апрични награди да се даваат на фестивалов се потепаа кој прв да учествува. Одмаа почнаа со местенки и чуда, незнам колку е точно тоа што го пишува низ порталиве за Јован Јованов и компанија ама не се ни сомневам, само незнам кого се обидуваа да го наместат, како што видов негова песна пееше Лоба, која исто така морам да ја искоментирам, баш се појави у Северина стил, ок ништо повеќе не очекував од Џеј Џеј.
    Ми се допадна Еги и Лидија Кочовска и Маријан Стојановски, уште една девојка убаво испеа Александра Михова и Даниел беше ок, ама песните не ми оставија некој впечаток. А ми се допадна и на Тарабунов Марија иако ми антипатичен на лик.
    Нина Јанева во Џо Кокер стил со блузчето ок беше.
    Тамара досадна е веќе со срцепарателните балади на секој фестивал ама обавезно мора да лапне некоја награда :^)
    Ќе видиме што ќе се случи на Евровизија како и со измамава, да не се одржува пак настанов или ќе се откажеме конечно од Евровизија :rofl:.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.236
    За на Лоба пената се уапсени? И нејзе ја привеле на разговор или така ми се чини?
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас за Јован Јoванов слушнав, дека се трагало по него - не бил во Македонија.
    Ако тој и ја пишал песната, значи за песната на Лоба се.
    Ама нели таа не зема ни трето место? Зарем толку не можеле да и обезбедат?
    Нешто е труло во државата Македонија :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јован Јованов аплицираше за Канадска виза и ја доби мислам. Затоа не е тука. А жена му тука е. Сам си аплицираше тој мислам.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не знам, јас прочитав Америка. Како и да е, не ми беше тоа поентата. Јован Јованов беше автор на песната на Лоба? Ако толку местеле што не ја наместиле барем трето место? Или не успеале на време заради успешната акција на МВР? Нешто многу побитно ќе се случи од Скопси фестивал, ама се прекрива со "скандалов". Држете ме за збор.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Он беше за музиката, Елвир Мекиќ го напиша текстот. Ама како и да е, точно е дека ја местел Лоба да победи. Јас имам видено неколку од тие картици. На Оне беа тие што ги видов.
     
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    според мене ако за некој беше наместено тогаш тоа е второто место...Иако не се зборува така ама јас така мислам. Тргнувам од проста логика кој би сакал повторно да не претставува Тамара?!
    Особено поради фактот дека кога она беше на Евровизија и тоа во земја како што е Србија, каде и живее и сестра и, не направи ништо. Неможеше да влезе ни во втората финална вечер. Плус го додавам фактот што претходната година не претставуваше сестра и а и таа не направи ништо. А и немаше некоја еуфорија дека ние сакаме таа да не претставува кога толку години живее во Србија и не и текнува на нас.Ви текнува колку негативни коментари имаше за неа?
    Па така не верувам дека некој гласал за неа. Па и да и беше совршена песната-што не беше, само поради тие причини не верувам дека некој гласал. Затоа што ако гласаш ,автоматски се изјаснуваш дека сакаш таа да оди. Односно ако не друго барем јас не познавам некој кој гласал за неа. А и зошто би се пријавувал некој кој веќе се изјаснил дека не сака да оди...Поради парите..:!:
     
    На mims-89, Edie.S и Waka-waka им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    brisi.jpg
     
    На Ana3567 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @friendy Не си разрала добро. Ги местеле резултатите за првите 3 места, а тоа не значи дека се првоизбраните.
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Само мене песните од Скопскиот фестивал ме потсеќаат на..модерниот поп-фолк?
    По ислушаните песни на Сања Ѓошевска и Мијата, имам чувство дека сум ги слушала Сања Барбика и Сузана Гавазова.:(
     
    На mims-89, kate21, Ana3567 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Ај да го прашаме г-дин Џаровски, он се знае.:lol:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.