Има малку од таа песна украдено. И јас заприметив. Затоа сега Јован Јованов го нема. Направил далавера и си отишол за Канада.
Kaj plagijat, ushte sakale da mestat Jas slushnav deka Jovanov bil vo Amerika na doobrazuvanje. Ne e vazhno kade e, kje se izvleche Samo milo mi e shto gi ukopaa Plan B, na site festivali pobeduvaa nivnite dosadni pesni, e nema vekje.
А што се случи со План Б? Иначе Јован аплицираше за Канадски пасош. А можно е со визата да отишол во Америка преку Канада. Го знам тоа зошто и јас аплицирав кај еден човек за виза и тој ни кажа.
Сакав да кажам дека со скандалот се укопани и План Б и Јованов рекордс или како и да се, не знам дали беа заедно тие, дали соработуваа едно време, дали сега соработуваат, ми се измешаа и не ми биле битни да ги следам, битно повеќе нема да може по нивно.
Прво, да кажам дека од пријавените најдобро испадна Даниел да не претставува. Второ, не ме воодушеви песната (очекував повеќе), а најмалку текстот - Лисја есенски, а Евровизија ќе биде веројатно на пролет, колку глупо и моментно смислено. Текстот под итно да се смени, музиката е добра, текстот ја квари песната. Не е крив Даниел за тоа, криви се тие што ја напраиле песната. Трето, Тамара никако не треба да оди според мене. Пред се ради песната што воопшто не ми остави впечаток, а и лани сестра и, сеа она да одеше и на крај ајде цела фамилија па нека се појави уште некој од фамилијата следна година да го пратиме на Евровизија. Четврто, од сите песни најпријатна и најпевлива на прво слушање ми беше песната на Викторија Лоба, се додека не сфатив дека најверојатно ја слушам Италиана. Петто, не ми смета да се открива криминал, напротив, ама ми смета што после толку години баш сега се открива, кога дојде Даниел да победи во Македонија. Шесто, ниедна песна од понудените не е достојна за на Евровизија, кога веќе одиме. Сме имале подобри. Не сум фан на Каролина, ама „Од нас зависи“ беше супер песна, уште го памтам настапот пред толку години ко вчера да беше. Седмо, 20.000 евра за првопласираниот, 15.000 за вториот и 10.000 за третиот. Едноставно нема потреба од тоа. Осмо, ич не ми се свиѓа новиов систем на гласање, европски нели. 50-50 она од меѓународните жирија и од публикава кај нас. Глупости! Наместо да се седнат најдобрите музичари од кај нас на една маса и тие да бидат 50% од гласовите, ние еве што праиме. Преку глава ми е од овие работи. И за крај, по не знам кој пат сакам да кажам: Евровизија е само трошок и тоа голем и непотребен за нас, одамна требаше да престанеме да учествуваме, а ние упорно и упорно тераме кај што не ни е местото. И не ни иде памет.
Ова треба да се укине. Не ми се допадна ама баш ниедна песна. Катастрофа Шоу. И победничкава не ми се допаѓа. А овие Ај Кју првпат слушам за нив.
Јас синоќа бев таму и прво морам да кажам дека озвучувањето беше ужасно, ништо не се слушаше, на моменти не можев ни да ги разберам текстовите. Особено песната на Виктор, ништо не слушнав од неа. На телевизија гледам дека сите добро звучеле. Не дека имаше лоши песни, ама немаше некоја што посебно се истакнуваше. Ања ме изненади, ја памтам како мало девојче со кики на главата, а сега машала по минич Па и не беше толку лоша во пеењето. А од ревијалниот дел уживав во настапот на Тамара, одлично звучеше и баш би сакала да и' отидам на концерт, ако успеам да го убедам мојов
И мене ми се интересни кога има добро озвучување (и лани имаа проблем со озвучувањето и преклани) и добри пеачи. Оној Тарабунов до вчера незнаеше да пее и до вчера со такси се возеше. Ристо Самарџиев не знае за доста. Секоја година се пријавува и секоја година е последен. За другиве исто, немам што да кажам. Катастрофа е се.
^ Да ти кажам право на Ристо и Џокси имаше најмногу реакција од публиката Мислам дека Ристо одамна не оди по фестивали за наградите, чисто од задоволство, инаку одамна ќе се откажеше
Ако е од задоволство нека се откаже. Само се брука. Не е тоа што беше. А Џокси го познавам и лично. А не го бива како пеач Песната катастрофа му беше.