1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје. Од сите агли.

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Shelea, 4 септември 2010.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Не сум скопјанка , ама моментално живеам тука. Не ми се допаѓа големата гужва, бидејки сум од мал град, ми недостига чистиот воздух, тишината, зеленилото во дворот дома. Тука сум само од егзистенцијални причини, да би нашла убава работа, одма се враќам дома, ама сега за сега мора вака. Ќе си висам уште некое време на 6 ти кат и ќе си ја замислувам природата онаква каква што ја знам и во која израснав.
     
    На senjorita-v, SieIstDieSonne и ana-banana им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Кога само би почнала да ги бројам сите носталгични текстови кои сум ги напишала, посветени на Скопје :) Секогаш ме разнежнува кога некаде ќе чујам или прочитам искрен збор излезен свежо од моменталната инспирација на скопјани како тазе баничката во чаирската Фурна во 4 наутро. Уште повеќе обожавам да си го гледам Досие Скопје over and over again. Тогаш ги откривам оние агли за кои ми зборувал татко ми и се чуствувам севременска, посебно носталгична, горда.

    Некаде покрај Вардар, после населбата Хром, едно тивко попладне, во далечните 80ти, открив цвеќенце кое кога ќе го протриеш помеѓу рацете со малку вода прави пена како вистински сапун. Татко ми тогаш ми кажа дека таму оделе со другарите да се капат и сончаат, па така го откриле цвеќенцево, а бидејќи пределиве биле прилично сокриени пред очите на јавноста, чекале да им се исушат алиштата на жешкото сонце пред да си одат дома, за да не ги караат дека се бањале. А сепак мирисале на свеж сапун како утрината кога си отишле од дома :)
    Кога сакале да бидат видени, оделе на една од градските плажи.
    Нешто подоцна стигнавме до еден висечки мост. Едни Албанки поминуваа по мостот, исплашени дека ќе паднат. Татко ми им подаде рака и секоја една ја пренесе преку мостот. Им зборуваше албански. Го прашав од каде знае вака да зборува. Ми рече - ех секој скопјанец знае по малку албански, по малку турски и беспрекорно српски :)
    Едно тивко попладне ги открив гробиштата на Зајчев рид. Еден познаник на татко ми беше погребан таму. Чудно како тишината на еден исушен рид на крајот од Скопје може да те исполни со некоја моќна убавина и енергија. Речиси неверојатно е да се замисли, дури и морничаво, но јас сеуште го имам во главата свирењето на штурците, веењето на ветрот, тишината, жешкото сонце, крстовите, заборавените почивалишта на нечии тела.
    Едно тивко претпладне пешачев на Водно. Едвај чекав пред мене да се појави градот кој дотогаш вешто се криел зад сите дрвја и шуми на најсекси угорницата во Скопје. Полека но сигурно ми се откри, а јас застанав да го надбљудувам некое време :)
    Едно тивко утро, додека сите спиеја, јас чекорев по улиците зад католичката црква, се до Дебар маало. Сонцето се обидуваше да ме брка, а јас изгледав како да му бегам. Кој би рекол дека толку асфалт и обични табли со имиња на улици ќе разбудат во мене преубави чуства на смиреност, на припаѓање, на посебна утринска воздишка?!
    Кој би рекол дека градот кој повеќе не никнува, до ден денес ќе буди во мене волку силни носталгични чуства? Градот и неговите скриени агли кои шепкаат безброј приказни, а мандарините повторно се поевтини и Лела сеуште не му прости на својот дечко, и ветрот на Градежен сеуште дува, па зошто не и ние, и ЉуБчо не и даде на Снежана, и МНТ сеуште сведочи за една (де)генерација :)
     
    На senjorita-v, Greg.House, AngelOfArh и 7 други им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Ова со поефтинувањето на мандарините и Лела ме потсети на еден дел од Мојот град ,каде поминав добар дел од моето детство и каде секогаш со задоволство се навраќам.
    Иако сум родена скопјанка,неможам да се пофалам дека го знам беспрекорно.
    Посебно ја сакам чаршијата,и секогаш кога одам натака ми буди преубави спомени од детството,на ќебапчињата на Дестан,исто така и на една кафана кај една голема фонтана,незнам како се вика.
    Тоа малите калдрмисани сокачиња се приказна за себе.
    Аеродром,пред булеварот,пред да се изгради како сега,го памтам каков беше кога таму се снимаа ,,Девојките на Марко,, кај ,,Наше дете,, кое беше порано во таа зграда.Многу ја сакам населбава,има се што е потребно,град во град.
    Центарот е приказна за себе.Колку и да е сив и тмурен(сега демек поубав ќе биде,со плажи и слично)мене ми е преубав.Оној камениот блок на врвот на Трговски,порано црно-бел,сега црвено бел,кога и да го видам ме потсеќа на шопинг.
    И Водно е преубаво,посебно делот кај Пантелејмон,во тревата кај црквата,како дете и сега со малите мои бараме детелина со четири листа.Ги има премногу .Па во тоа ресторанот една пита со сирење и кисело млеко,прсти да излижеш.И кафе турско,мислам дека само таму уште варат.
    Па кога сум поминувала од кај Топаана,тоа куќарките бои на Бенетон и натпис ,,СЕ ПРОДАЈЕ ЌУКА,,тоа само овде можеш да видиш.Ама и овие места си имаат посебен шарм.
    Сега имам некоја идеја,му ја кажав неодамна на маж ми,се надеваме ќе ја реализираме има време.Сакам да си изградиме мала куќарка некаде надвор од Скопје,во некое од селцава скопски,не многу голема,таман за нас двајца,каде ќе си поминуваме викенди.
    И да завршиме со еден стих од една песна;
    Ова е само наше Скопје,тука ни е се,овде се дури сме живи ќе се враќаме. :dance: :bow:
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Си го сакам градот онаков каков што е, со се што ми нуди.
    Дебар маало, Маџир маало, Ленинова, Македонија. Градски парк и сите маала кои во себе носат свој дух и минато.

    Сакам кога во есен на ул. Македонија чекорам по жолти лисја, а тие крцкаат под моите чевли.
    Минувам покрај Маџир маало и под носот ми игра мирис на печени пиперки, ајвар се спрема. ^_^
    Фантастичниот поглед кој ми го нудат дрвјата со јапонски цреши.
    Ја сакам старата чаршија, трчкањето како дете низ неа. Како се ми беше непознато и чудно. Мирисот на симид погача, свежо турско кафе.
    Сите во него, сите кои му го даваат на Скопје овој шмек по кој јас го распознавам.
    Џагорот низ сокачињата полни со деца кои играат топка во лето, пукањето на сеир од кафич кон минувачите.
    Кофи шопот кој ми дозволи да се чувствувам право европски. :D
    Звукот кој го испуштаат автобусите секој пат кога ќе застанат. Тој глупав, иритирачки звук на шкрипење кој знам, ќе ми фали, онака како што ми фали Скопје секој пат кога ќе го напуштам.
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Па може да се каже дека го сакам Скопје. Сум пораснала во мал и мирен град и баш заради тоа ми се допаѓа сета таа ужва, брзаница, секој по својата работа и стил со брзо темпо на живот, Се на се сакам големи градови а тука е и мојата страст за патување онака слободно, неорганизирано и без некои строги правила од туристички агенции...
    Oна што ми пречи е тоталната неорганизираност, уште тоа да го средат па да добиеме една добра метропола каква што заслужуваме во 21 век :)
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    [​IMG]

    Изгрејсонцето над Скопје.
     
    На FortuneTeller.xD, Nightwalker, BeYourself и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Нема поубаво од раните, летни утра кога сонцето се буди и ја осветлува Скопска Црна Гора. Како никогаш порано да не постоела сега одеднаш блеснува во сета своја убавина пред тебе.
    Кога на балкон, видливо растетеравена од реални причини во течна состојба, влетувам во ниедно време, за да ги дослушам звуците кои доаѓаат од клубовите во Градскиот парк.
    Кога го преминувам брдото и Рамче се дере - Пирамидо муриииии! Чекаааај да не те тепаат да те чувам!
    Си имав јас сопствен телохранител, е не! :emo:
    Кога и се дерам на другарката - јас ќе мочкам под балкон а ти чувај стража.
    Кога идеме сите чопоративно со точаците до кај Зуко да си купиме еден куп семки и сончоглед. Толку многу што на јазикот обавезно ми се прави солена рецка.
    Кога се враќаш во ниедно време од град и застануваш на единственото преполно местенце кај Јаја Паша, каде што две теткички во бело месат и вадат разни македонски вкусни и крцкави јадења. Ми се моча. Ела со мене - ела ела, и те носи во дворот од нивната куќа, во ВеЦето збутано некаде на другиот крај од куќата. Да му се плукнам - и купатилото мириса на тазе баничка во Фурна.
    Кога носиш на гости другарка во твое маало, и одеднаш коњаникот од соседното маало претрчува - ИХА! Џон Вејн црвенее од љубомора и зеленее од завист.
    Кога се враќаш натоварена од Бит пазар со милиондваесчетириилјадиипетстошеесшес полни ќеси, во сабота. Сабота сабајле! Влегуваш во сосема друг подвижен свет кој реално и така брзо не се движи - мајсторе, чекај! Ајде мори влагај! Сакаш да ти ја кажам иднината мури? Ајде мури лепото, нарачај си песна. Каде бе ти со тубата? 20-ка автобус, легендо! Се прашувам како е во Индија?! :^)
    Кога во доцните летни ноќи слушаш како лепо друштво анархично си окупирало по неколку слепи улички во маалото и најавува - увој убав комплет е од Рамиза спицијално од Гирманија! Оф оф Емина! Џингрлака џикица. Ааааа мас - ти - ка, мас - ти - ка!
    Кога Џокси доаѓа кај тебе пред зграда и мава табла со Ацо Конга. И ти се кикотиш кога ги среќаваш сега во град. Ѕверки :)
    Кога Владо Јаневски пее за неа.

    Кога толку проклето си поистоветен со она од каде си дошол, каде што си станал човек, каде си си ја направил првата џумка на главата, што не ти е гајле дека трупаш тема на еден форум и стануваш неверојатно здодевен.

    Ми е гајле. Ова е Скопје од мојот агол. Единствениот агол на кој се сеќавам од пелени до доцни млади години. Ова е мојата чаирска романтика. Владо - запеј уште еднаш. Нека пукнат душманите и нека те чујат сите од Дижонска до Скопје Север :)
     
    На Elennaa, AngelOfArh, Sephora и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Јас не го помнам Скопје како изгледало порано, во мојата меморија има слики само од последните 10 години. Убаво беше, го помнам вовчето низ плоштад за нова година, кругот со љубичици на среде плоштад.....слики кои се врежани во мојата меморија од мојот агол на 10 годишно дете :)
    Но денес, од мојот агол, од оваа перспектива која ја имам како 20 и кусур годишен граѓанин....ме печат очите, душата ми плаче од она што го гледам. Како да не плачам кога го силуваат Скопје?!
    Знаете како, Скопје си имаШЕ убава облека, малку по малку изменета со текот на годините, подзакрпена, но сепак автентична, широка, убава, комотна, се чувствуваше прекрасно и зрачеше посебно.
    И сега "зрачи", имаме ефект на портокалово небо, кисел дожд, презагаден воздух, магла која не се крева, снег кој не одбегнува. Сето тоа го имаме затоа што со сила го облекуваат во нешто што не му стои, кинат (рушат) парчиња - додаваат (градат) нови, во нив Скопје неможе да дише!
    Демек ретро изглед, автентичност.....а всушност парчиња кои ни малку не му прилегаат, измислени, копирани, некои чудни форми инспирирани од научно фантастичните филмови, кои го тераат Скопје да вришти! Ах кутрото тоа што нема глас па да викне....да го чујат тие луди глави што го силуваат и го облекуваат во барок, а сигурно незнаат ништо за тој стил. Квази креатори! :@
    Жал ми е што не сум го запознала Скопје во цутот на младоста, ах колку би била горда и со кое задоволство би шетала по корзото, би седнала во Кермес, би уживала во Куршумли Ан... :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Скопје, какво и да си, мое си и те сакам! :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.324
    Пол:
    Женски
    Скопје од мојот агол.
    Несовршено. Како човек. Дише, постои, пишува приказни, па дури и на форумов...
    Инспирација.
    Од Ѓорче до Автокоманда, од Водно до Скопска Црна Гора.
    Во Скопје има се`.
    Повеќе од било каде.
    Тука е првата љубов, првото разочарување.
    Тука е детството, тука е растењето, созревањето. Заедно со Скопје.
    Луѓето си отидоа. Скопје ми остана.
    Градот што има улици за моите чекори.
    Градот што има приказна, иако не знае да ја преточи во зборови, ама се чувствува.
    Градот што нема ништо, а сепак има се`.
    Ќе почнам од Центар и школскиот двор во Песталоци и мојата прва љубов. Секој 10ти Јуни се прскавме со вода. Скопје гореше, ние се ладевме. Деца. Деца во Скопје.
    Центар, местото каде што пораснав иако не живеев таму. Местото не едно искрено пријателство и многу лудории детски. Првата Вегера. И првата солена кифла. Првата сендвичара седмица и доживувањето да се јаде помфрит од таму.
    Прво Ааа на час. И сите на час. Во центарот на Скопје.

    Ѓорче, Влае, Хром и Карпош... Живот... Партизанска... Улицата што често ја идам пешки и уште почесто ја возев цела со точак... Влае, прва љубов, преполното игралиште...

    А Ѓорче.. вечна љубов...

    Дојдовме до Аеродром... Ме асоцира на пријателство... Вечна утеха...

    Чаир и Бит Пазар со посебен шмек...

    Такво е Скопје, од мојот агол, испомешано, извртено, исто како и овој пост... Но сепак, прекрасно. Со душа...
    Градот направен според моите чекори... Градот што го впивам дури и кога е раскашавен од снег и кога врие од жештина. Градот од кај што многу често сакам да избегам, но знам дека секогаш сакам тука да се вратам.
    Градот што ги крие тајните на вечерните излегувања. Градот што е најубав кога спие, иако тоа се поретко се случува. Градот што полека, но сигурно се менува, но за мене никогаш нема да го снема оној шмек што јас го гледам преку моите очи.
    Градот за кој можам уште многу да пишувам, но и здивот може да ми застане од глетката од Видиковец...

    И само еден град ќе ме прими в прегратки в срце штом ми застуди...
    Скопје!!!

    И според мене најдоброто нешто напишано за Скопје, од Иван Шопов
    "Можеби прво треба да се запрашам дали го сакам Скопје. Ако размислам подобро, сакам само некои негови исечоци, фрагменти, исчезнати места, стари фотографии, неколку клупи, грмушки, улици и тротоари. Дали само заради тие фрагменти може да се каже дека го сакам Скопје? Море, сепак го сакам! А зошто?
    Го сакам Скопје затоа што мојата интимна географија речиси сосема е испишана овде. Ако треба да ја нацртам мојата скопска мапа, ќе се добие еден сосема поинаков град чија мапа не може да се купи во ниту еден киоск. Моето Скопје се состои од оние места и луѓе што ми се драги, од убавите среќни мигови што изминале и нема да се вратат, од нештата што ќе ме потсетуваат на оние среќни мигови што допрва ќе ги доживеам. Го сакам тоа Скопје и си дозволувам да го наречам мое. А зошто го сакам?
    Го сакам Скопје затоа што во него се наоѓа паркингот каде татко ми го паркираше старото фиќо на кое редовно му ги дишев гумите.
    Го сакам Скопје затоа што тука се наоѓа паркчето во кое ја стекнав мојата автономија, барем што се однесува до алкохолниот дел од живеењето. А тоа се случи кога во раните тинејџерски години пиев вино со другарите од маало, татко ми помина покрај нас и се направи дека не ме виде.
    Го сакам Скопје затоа што има река. Гнасна е, ама река е. И може да трчаш покрај неа. Или да возиш точак, ролерки, а ако си простак и мотор. Исто така, може да гледаш и млади стројни моми што спортуваат на кеј. Секогаш ми биле мотив плус за да се активирам физички.
    Го сакам Скопје затоа што има очаен јавен превоз. Ај што автобусите се за во музеј, ама и арома-терапијата е неизбежна. Излегуваш избањат и намирисан, се возиш со некој од музејските експонати и после тоа мирисаш на туѓи мишки. Исто како да не си се бањал. Ако се возиш со автобус, подобро не излегувај бањат. Ете, го сакам Скопје затоа што ми е изговор да не се бањам.
    Го сакам Скопје заради градскиот парк. Убави журки и свирки се случуваа(т) на школка. Можеш да си купиш семки, шеќерна волна или да пиеш вода од осум чешмички. А навечер фонтаната е посебна приказна. Можеш да седиш таму и да шмекаш млади моми како на селска чешма. Дома си чувам скршена плочка од стариот мермер, пред да го реновираат просторот пред фонтаната. Кога сме кај паркот, да го споменеме и темниот дел, мошне погоден за практикување љубов и сексовални активности. И тоа е убаво.
    Го сакам Скопје заради безобразните вратари во дискотеките. Покрај нив имам добро мислење за себе.
    Го сакам Скопје затоа што одам на викенд во Охрид.
    Го сакам Скопје заради „Скопско“. Секое ждригање после испиено пиво е воспевање на овој град.
    Го сакам Скопје затоа што иако е цело задавено во бетон и асфалт, се наоѓа по некој тревник кај што растат бели ради.
    Го сакам Скопје затоа што ги избегнувам местата во него што не ги сакам.
    Го сакам Скопје затоа што неговите улици не пребираат дали патиките ми се нови, стари или дупнати.
    Го сакам Скопје затоа што има жени по кои може да искривиш врат.
    Го сакам Скопје затоа што колку и да сум пијан, секогаш ми успева да си ја најдам домата. А дома е таму кај што ти доаѓаат сметките.
    Го сакам Скопје затоа што секогаш се наоѓа згодно ќоше кога ти е зорт за мочање.
    Го сакам Скопје заради чаршијата. Егзотика и ориент на чекор до тебе. Некогаш си слушав чалгија на МП3 плеер кога се шетав во чаршија. А сега свират чалгии во живо.
    Го сакам Скопје заради тоа што има лоша, крајно нескладна архитектура. Личи на некаков среден хаос, нешто како мојата соба и глава.
    Го сакам Скопје заради една скопјанка и заради местата на кои се шетавме и се испраќавме со саати.
    Го сакам Скопје заради другарите, роднините, драгите луѓе, ама и заради простаците и лошите комшии. Греота е да немаш со кого да се искараш и кого да опцуеш.
    Го сакам Скопје затоа што има каде да се јаде во три сабајле. Може да се дебелееш со пица-бурек кога ќе ти текне.
    Го сакам Скопје заради таксистите. Забавни се. Има муабет во нив. Ама некогаш има и повеќе од муабет. На еден му викам да ме вози до соборна, а он ме прашува: тоа беше таа големата во центар? Друг се начукал и ставил неколку празни шишиња од пиво кај педалите. Возеше во спротивна насока и пцуеше сè живо што му доаѓа во пресрет (како во вицот). Ќе изгинев, ама интересно беше.
    Го сакам Скопје заради тоа што е метропола и паланка. Ем има многу народ, ем ако се прошеташ на плоштад не може да не сретнеш некој познат.
    Го сакам Скопје затоа што е ред троа да се дотераш кога излегуваш навечер, ама не е срамота да переш теписи со црево пред зграда насабајле.
    Го сакам Скопје и заради Водно. Тоа е мини-планина создадена за трошење калории. Дење со пешачење, навечер со нешто друго.
    Го сакам Скопје затоа што и во гужва можам да бидам сам со себе, а кога сум осамен секогаш има дежурна будала за муабет.
    Го сакам Скопје заради „Максим Горки“ и „Партизанска“ (од Карпош 4 до Карпош 1, понатаму не ја сакам).
    Го сакам Скопје затоа што има продавачи на стари книги. Си го купив Гете за 50 денари. Багатела.
    Го сакам Скопје затоа што во зима може да гаѓаш коли и автобуси со топки снег и пак да останеш жив.
    Има уште мал милион причини зошто го сакам градов, ама не може сите да ги запишам.
    Го сакам Скопје затоа што го мразам, а тоа му доаѓа речиси исто."
     
    На AngelOfArh, Phyramide и MissSpark им се допаѓа ова.
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Еве уште нешто што сигурно ќе ги разнежни скопјаните, како што ме разнежни мене, бидејки се што мојата баба стара скопјанка ми раскажува со искра во очите за старо Скопје и животот во нејзиното време, јас преку сликиве пробав и сликовито да си ги прикажам нејзините зборови

    Скопје низ годините

    http://www.divianarts.com/?p=9086


    Го обожавам овој град, мојот град. Сепак ова е местото што ме поврзува со сите мои спомени и никогаш каде и да сум, нема да се чувствувам како во својот роден град. Без разлика каков народ има (тоа е веќе др тема), без разлика колку ќе го изменат, мене Скопје ми е во срцето.
    Единствено ми е жал што како растам, ми станува претесно, но се надевам дека со тек на време ќе си го пронајдам и јас своето место, бидејки реално - ништо не е како порано.
    Но, како што е отпеано: Ова е само наше Скопје, тука ни е се и се дури сме живи ќе го сакаме
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас ако мрчам за Скопјево, ово-оно, али си го сакам бе!
    Тука сум израсната, тука ги имам доживеано сите убави и неубави моменти од мојот живот. Ја сакам улица Македонија, сакам кога гледам растрчани луѓе навака-натака. кафе-студио 54, топло чоколадо, топ муабетче и одлична атмосфера. Ја обожавам Ленинова!!!! па дали има поубава улица од Ленинова? Мирисот на липи во пролет :rock: Мх мх...

    Во Скопјево ги имам запознаено сите прекрасни луѓе! Тука учам, тука се школувам! Ах бре Скопје! :D

    Трговскиот и плоштад, после школо, Вегера и чичко Стоилко се врежани во мојата средношколска меморија (се надополнува, де :D). Плоштад, кеј и паркче!
    Хамбургер од кај Чичко Стоилко и фаќаме место на клупите отспротива. :D

    Го сакам Скопје затоа што го има Вардар. Гнасен ама го има углавно. Зима, снегче и Вардар! Комбинација снова пих :D
    Го сакам Скопје зашто порано кога одев со мајка ми на плоштад во зима, нели традиционално сликање со баба Мраз, ова Дедо Мраз де, ќе купевме топли костени и јас сите ги јадев, али нема везе :D
    Пица во Ања, прсти да си излижеш!

    Ѓорче... Мое Ѓорче де. Тука животот мој се разива веќе 17 години по ред. Убаво местенце, го обожавам бре :D :rock:
    Можда не е баш најсјајно, ама убаво е! Тука ги имам најубавите спомени! Паркчето кај Тинекс и СП планет! Кендо и лиснатите од завчера, ама затоа Блажевски мхмхмх...

    Можда не е Њујорк или Париз, ама го сакам! :l:

    [​IMG]
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Скопје во зима е приказна.
    Ама не се знае дали е со трагичен или среќен крај.
    Во Скопје, снегот, секоја година, доаѓа “неочекувано“. Ги затрупува улиците, ги парализира колите, ги насмевнува основците, ги збудалува срдношколците, открива еден куп лоши возачи, и уште толку итри скопјани што зимаат боледување, ги полудува домашните миленици....
    Во автобусите се ретчи населението постаро од 50 години, а по улиците најчесто врие од чичковци што пробуваат да си ги запалат колите.
    Се гази по калови и чудни барички. Се редат мокри чорапи и ракавици по грејните тела. Се продаваат замрзнати компири.
    Топлификација убаво го е*е народот и во лето и во зима. Ама во зима повеќе боли.

    Скопје во зима мириса на бензин, на мачки и загорени дрва по ќумбиња.
    Мириса на снег, на студ и магла.
    Мириса на праз и сарма.

    Младината не е спречена од студот, никогаш. Ќе видиш девојки на штикли и миничи, со речиси голи нозе, како одат во диско, придружувани од куп момци. Дискотеките се полнат, макар надвор било - 20. Такви сме ние скопјаните. Урбани.
    Потајно во себе се радуваме што батките од обезбедување дремат на ладното, и немаат снага да се чаталат пред кој стигнат.
    И пиеме. Многу пиеме. Пиеме до точката кога веќе не ни е важно дали надвор има торнадо или ставиле нов споменик на плоштад.
    Пиеме затоа што животот во Скопје е толку едноставен, а комплициран. Толку богат, а толку пуст. Што градот е толку мал, а е целиот наш свет.
     
    На Domino, Phyramide, CrazyStupidLove и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    [​IMG] Моменталната состојба во Скопје од мој агол е хаос :)
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Уште еден агол на Скопје кога сред зима "неочекувано" ќе побели :rofl:
    Во вакви денови, не сакаш да имаш работа низ центар, ни во лудило несмееш да помислиш дека ако тргнеш како вообичаено од дома ќе стигнеш навреме на работа, ни на крај памет несмее да ти падне дека автобусот на време ќе ти дојде, немој да правиш пресметки за тоа дека резервоарот со бензин ќе ти истера како што си планирал и нема да го потрошиш во сообраќајниот хаос.
    Штом низ прозорот наутро видиш барем 1 цм. снег, наоружај се со челични нерви, мнооогу трпение и повтори ја листата на пцовки (за секојс случај да не изумиш некоја) ќе ти треба додека стигнеш до посакуваната дестинација. :D
    Драг жителу на Скопје биди внимателен, чувај го задникот подалеку од мразот, не ти треба луксузот од скршеници....во градската болница нема веќе гипс :rofl:
    [​IMG]
    Три пати ура за Скопје и големо браво за неговите жители :clap:
    Какво си - такво си.....уникатно си! ;)
     
    На Phyramide и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  15. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Јас видов и една многу добра слика...

    [​IMG]

    Зарем не е прекрасна? :clap:
     
    На Domino, FortuneTeller.xD, Dulceee и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Скопје - Било и ќе остане едно и единствено! :inlove:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  17. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Какво, такво, наше си е и јас си го сакам!
    Тука ги имам поминато сите 14 години од мојот живот. Во него се врежани моите спомени.
    Место каде што запознав прекрасни луѓе!
    Скопје е полн со убавини, само ние треба да ги откриеме новите и да им се восхитуваме на досегашните.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.324
    Пол:
    Женски
    Скопје од аголот кај Соборна црква

    [​IMG]
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    [​IMG]
    [​IMG]

    :geek:
     
    На Phyramide, sanjaeva и Egypt им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Место каде што можеби припаѓам.
    Во лето, кога топлината чади од асфалтот, кога навечер е полн кејот. Сладолед, базен, глупости. Секоја вечер се мафтаме по скопските улици, уживаме. А кога ке заврнат летните дождови, Скопје мириса поинаку. Мирис на нешто опипливо, како да се избањал во топлите зраци и ситните капки. Тогаш Скопје ужива, уживам и јас.
    Во есен кога Градскиот Парк е најубав. Мирните езерца и тепихот од суви лисја. На клупа, овде онде по некои вљубени гулапчиња. А прошетките по мирните вечери по ул. Македонија се најубави. Се колнам дека можам да го насетам животот од минатото. Го вдишувам мирисот на историјата преку старите згради. И потоа ке навратам на топло чоколадо во Il cafe di Roma. Уживанции.
    Во зима го сакам Скопје најмногу. Време кога сите се кријат позади капути, крзна, шалови. На плоштадот се чувствува мирисот на костени, печени. Се топат во уста. Предизвик за секоја скопјанка да изгледа скоцкано сосе шал, ракавици, капут и уште што ли не. Сите некако брзаат, не уживаат. Особено кога ке не затрупа снегот. Го сакам Скопје, и така раскашавен (но не и моите чизми!). :)
    А во пролет, младоста се буди. Сите се будат, активно излегуваат надвор и уживаат во сончевите зраци. Секој викенд Водно и Градски Парк вријат од луѓе. Едни шетаат куче, други деца. Младите се врткаат околу Школка, а малку подолу кај фонтаната Лотус се збираат скејтери, или пак тие што грендаат. Го гледам Скопје во пролет. Луна парк, шеќерна волна, зашеќерено јаболко. Скопје живнува.
    Скопје е живот.
    Си го пишав Скопје, онака како што го гледам. Скопје е мој град, а јас сум негова. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.