1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје. Од сите агли.

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Shelea, 4 септември 2010.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    За Скопје можам да напишам цели томови вистини, лаги. Секоја солза, насмевка, е печат што е оставен на овој асфалт, по паркови и низ воздухот. А Вардар колку што тече, толку и протекува низ вениве.

    Родена во Карпошово маало, со издраскани коленици од трчање по паркови, играње џамија, дружење со сите околни мачки и кучиња, смислување имиња и идеи каде ли ќе преспијат. Јадење леб со путер и цел домат во рака, седнати на тротоар. Дишење на денот.
    Урбано село, индијанци и каубојци секаде треперат. Стари книги и фотографии од случајни продавачи уште послучајно купени. Да се најдат, небаре така си го создаваме личниот храм. Во Скопје летото е изгор и течат сите улици. Во зима умираат сите клетки и сончеви глетки, но градот заздравува. Сета гадост се испира од снегот и создава нова жива пролет.
    Скопје е мојата Муза. Или нешто... Во среден род. Велат, ако градот е во среден род, е недефиниран и често плачлив. Такво е и Скопје. Паланка на соживот, на миризбата на ќебапи од Дестан, скара од кај Жабарот, оџаџите на Топлификација, автомобилски гуми и парфем на дојденка од којзнае каде...

    Скопје е приказна, мелем на изгорена душа. Има некоја сивост која само луѓе со душа можат да ја обојат. Сите што кенкаат дека Скопје е вакво или онакво, секогаш им давам предлог - напуштете го. Речете му Збогум.
    Знам дека нема да можат. Оти е едно, оти е Дома. Оти е најудобните чевли, најмекиот кревет, највеселата историја што ја пишува во секое срце што чука овде.
    Скопје, те љубам, и прости ни што те загадивме.
    Од умови, инфраструктурни аждаи и непресметани болести на општествена несовесност.

    Ќе дојдат нови генерации, ќе го доживеат на нивен начин.
    Мојот има вкус, мирис. Во зима на снег, на сол. Во пролет на свежина, на црешови дрвца. Во лето на асфалт, на контејнери. Во есен, на суви дрва и ајвар.
    :inlove:
     
    На senjorita-v, cveke123, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Незнаев како да му направам ЕДИТ на мојот коментар горе, за да не пишувам еден по друг коментар, па како единствено решение ми се виде сепак да пишам нов коментар, па ако може некако преместете ми ја сликава кај тие горе :?:
     

    Прикачени фајлови:

  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Не живеам во Скопје и не сакам да живеам.
    Скопје е убаво, но за туристи. Да го посетиш, онака, како главен град на МКД, плоштадот да ти го одземе здивот со лавовите, статуите, музејот, Камен мост.. Сето тоа е изобилие од величествена архитектура, со еден збор прекрасност на едно место. И малце е премногу. Без никаква организираност, се` е како од шега. Убав град е Скопје, али еве, Прилеп ми е далкеу поубав. Без таа бука, чист организиран град, со малце антика, малце раритети, малце современост. Скопје ечи од современост и е премногу. Живеам во тивка маала со поглед на планина и не сум навикната, ни ке се навикнам на тоа изобилие од цемент и тули и толку равиена инфраструктура. Сакам градови градени со чувство за простор. Урбанизам - да, но се` си има своја мера.
     
    На ane.bella и Go-Girl им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Скопје пред некоја недела беше многу романтичен град, ама ете, градските татковци немаат сенс за романтика, и ни ја укинаа!

    Темно, прст пред око не се гледаше, идеална прилика за романтика, која инаку ја нема, барем не во центарот на градот и по главните улици. Па и уште камен ладно, таман ако џентлменот што те придружува не знае како да ти се приближи без да те увреди - има прилика да ти каже „ти студи?“. А не може да не ти студи на -20, значи не е логично да кажеш не. Ем он џентлмен, ем ти дама!

    Чекор понапред кон зближувањето овозможуваше ѕвезденото небо, кое инаку не може да се виде со сите светилки, барем не во центар. И како со сите светилки фраерот ќе ти каже дека татко ти ги преточил ѕвездите во твоите очи???

    А кога малку ќе се зализгаш затоа што мразот не беше исчистен, а немаше светло за да можеш да ги видиш нерамнините, тој може да ти спаси живот (или барем да те спаси од местење гипс во градска) ако те фати пред да паднеш. Ех, историска шанса беше тоа за развој на витештвото!

    И таман се навинавме - толку беше од рестрикциите. Носталгија по скопската зимска романтика.
     
    На senjorita-v, Domino и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.737
    Пол:
    Женски
    Провинцијалка, вика сестра му на дечко ми, таква сум провинцијалка која го сака своето сончево градче но уште повеќе го сака Скопје, маѓичниот град кој го запозна еден Август, крај на лето, пред најубавиот први Септември. Дојдов со половина соба спакувана во две претешки авионски торби и еден куфер на тркала, пред 9 години куфер на тркала беше поим си мислам сега, во едната торба спакувана вреќичка прашок за перење и една мала лубеница, ах мајка ми и по 9 години сеуште се расправаме кога доаѓа ред да се спакувам во недела за да се вратам во мојот дом. Дом, за мене Скопје е дом, но се сеќавам и на Скопје од пред тоа, кога дедо ме носеше пешки од Пржино до Карпош 3 по старки а јас боса, на болните жуљеви прелеани со ракија и намачкани со Нивеа, на Жена Парк и на фините господа кои играат шах, на карамелите од Брашнара, на градинката на последна 16ка и паркот напред и оној позади во кој ми беше забрането да одам од страна на сестра ми, веројатно таму седеа само возрасните, оние чии години имаат две бројки, на еднодневната екскурзија со наставникот по ликовно и на едно атеље во Капиштец, на сите музеи посетени во еден ден, како да ги има многу па не можат да се посетат во еден ден, сите тие рани спомени само ми дадоа поубава слика за Скопје кога вистински го запознав за прв пат. Пред 9 години, пристигнав додека автобуска сеуште беше преку Камени мост и седнав на ивичникот на кругот со љубичици насред плоштадот, тоа беше прв и последен пат, после го преворија во градилиште, сега седам на скалите од фонтаната и пак се осеќам исто како пред 9 години. Е тука мојата љубов се роди, на најубава улица на светот, со која можеби само Монмартр може да се рамни, Ленинова, кај драгстор Бети, кај Аја, кај Песталоци, кај фурната Вегера, позади Буњаковец, во Буњаковец на трети во Браво, во Ориент кај Монси, во Казабланка, во Парк на цртање, во ЗОО на директна средба со тогаш сеуште скромната збирка живи суштества, во Уметничко, ах, љубов која се раѓа и не умира, моите најубави 4 години кои сеуште ги споменуваме кога ќе се сретнеме сите заедно да се потсетиме на нашите најубави 4 години. Па и потоа, не многу далеку, само преку Партизанска, на Архитектонски, и пак во кафе со колегите кои тукушто дошле во Скопје а ти како се осеќаш како домаќинка, па им посакуваш добредојде во Еспресо, во Венеција, во старото добро Браво со нов ентериер, на Ленинова од другава страна кај кафичите, па им покажуваш кај е што кога ќе залутаат, па се фалиш со своите познавања од маалата, уличките и локалите. Их какви сеќавања убави, преубави.... Сите тие сеќавања ме тераат да се вратам секогаш и да повторам, не си одам, убаво ми е и ќе останам додека градот ме прима во своите прегратки, кога ќе ја видам оградата од тули кај хиподром ке се насмеам и ќе си речам ах дома сум. Јас сум една провинцијалка заљубена во градот и никогаш нема да ме слушнете како зборам на својот дијалект додека се поздравуваме на улица бидејќи го ценам градот и сметам дека не е фер да ве терам да ме разберете додека завлекувам на јужњачки :D па нека ми простат моите сограѓани, ама тука си зборувам Скопски и така ми е убаво, не дека тоа ќе ме направи поголема скопјанка, јас пак ќе си останам дете од провинција кое штом ги помине тунелите на Демир Капија се враќа на своето. Скопје мое драго, сега те напуштам до Вторник, тогаш па ќе се погледнам очи в очи сп твоите црвени автобуси во Автокоманда и ќе си реча, дома сум.
    :D
     
    На senjorita-v, n.a.t.t.y, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Скопје е прекрасен град, ај да видите, без него како е... Јас веќе си живеам во Холандија 2 ипол години. Плоштадот можеби не е најубав со тој АЛЕКСАНДАР :@ но другите глетки се прекрасни, Водно е многу убаво место. Можеби не ви се допаѓа гужвата, но ГЛАВЕН ГРАД е, така е секаде. Дури и негативните нешта го прават Скопје единствен. Можеби на економско ниво не сме најдобри, но, се живее, убаво е. Имаме бурекџилници, убави пазари :D ова е мало нешто но сепак убаво е. Такви сме ние, такви се луѓето и такво е Скопјето наше!

    ТЕ САКАМ СКОПЈЕ! 8)
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    На почетокот не ни одеше. Јас сакав што почесто да бегам од него, а Тоа се нафрлуваше цело, чиниш алергично, кога ќе слезев од автобус. Тоа ми беше криво што сите други ми недостигаат. Тоа ме раздели од нив, направи да ги гледам се‘ поретко.
    Подоцна ми стана место каде радост ме чека. Само што ќе го видев Кале светнато од автобус, срцето ми потскокнуваше. Се криев во неговите сенки, покрај Вардар, по клупите, скупчена со нескафето в раце некаде скришно. Чекорите ми станаа лесни, а нему кивавицата на мене му помина.
    После една година игра топло-ладно му признав дека ми се допаѓа. Започна да ми биде мака кога го напуштам, страв дека го оставам само на другите кои можат да ми го голтнат и да го оттргнат од мене.
    За среќа, тоа е невозможно.
    Скопје е од сите.

    Денес гордо изјавувам дека сум заљубена во овој град, на урбаност и мир истовремено.
    Те љубам Скопје, те љубам :inlove:
     
    На ines.h, mims-89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Многу комплексни чувства ми се јавуваат...и го обожавам и го мразам на моменти. Некогаш толку едвај чекам да му ја спраштам некаде на 5-6 дена, а кога ќе се вратам секогаш со полни гради го вдишувам воздухот што ми недостигал. Не дека е нешто многу чист и лесен, ама е тој на којшто сум навикната и ми вели...дома си. За момент ништо не ми пречи, ми изнудува некоја необична насмевка и само набљудувам како да сум во некој транс. Не можам да си објаснам зошто точно, но без исклучок ми се случува секој пат.
    Со душа чекам пролет, да расцветаат дрвата на ул. „Максим Горки“, да пијам пиво во Кастом паб и да не ми пречи тоа што сум на 2 метри од улица. Не дека нема подобро место, ама ова мислам дека баш поради галамата го одбирам. Се радувам што градот излегол од некоја зимска депресија и што се е раздвижено наоколу. Ме прави жива.
    Градски парк....еееех. Карти на трева, фризби со друштво, пиво покрај езерце. Без разлика дали излегуваш во диско, гранд или во некој мрачен андерграудн клуб....тука ќе си го најдеш цел клас од средно, другари од детството, познаници, пријатели, непријатели.

    За Водно често викаат „ Ај бе тоа планина ли е, брдо од едвај 1000 метри, нема што да се види“. Сум го „орала“ по сите можни козји патчиња, скришни и збутани места, навечер, наутро, на пладне, изгрејсонце. Ако некаде најдобро сум го доживеала моментот - после дождот сонце изрева, тоа е таму. Воздухот добива мирис на околната вегетација, влажно а сепак свежо и незагушливо, се протнува сонцето меѓу гранките и капките...зрачи тоа мало брдо од сите ќошиња.
    Летна прошетка на партизанска после дожд, кале, чаршија, Матка, ристиќева палата, крофни од Хром, баничка од Чаир, Камник, дворот на факултетот за ликовна уметност, брдото на пмф, првиот снег, шарените цигли од десната страна на автопатот...го обожавам секое камче во градов.
    Цел живот сум тука, пораснав, спомени од детсво, жмурка во маало, рани на колена и лакти, прв бакнеж, прва цигара, смеење, солзи, заглавување до сабајле.

    Ете така, одам сега повторно да шетам, да се почастам на убавиов ден и да му се радувам на Скопје во рана полет.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
  11. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Скопје..Мал град во кој што нема ништо а неможе да ти е досадно.Уште кога ја преминувам границата за да дојдам да го видам се осеќам добро.Пустата железничка во 4 саат сабајле по Мк време, таксистите што те носат до дома и те вртат бидејќи не се симнуваш од македонски автобус и се чудат како го знаеш градот,утринската галама низ Јајапаша и Чаир, неописливиот вкус и мирис на фурната,плоштадот што сега го расипаа..Железничката во Скопје Север,оние стари црвени автобуси и новите..Толку несредено а толку посебно нигде го нема тоа..Ленинова,уметничко, Аја,Браво..Тука ги поминав најубавите 4 години во Уметничко..Паркот, стазата до Влае..На кафе и до Порта Влае и на гости во моето старо маало..Медицинарот на Водњанска..Нешто што требало да биде интернат а не место за галама..Толку несредено а толку безбедно, можеш да викаш, да носиш гости, да правиш што сакаш а пак нема да сметаш на никого и никој нема да дојде да те избрка додека мирно преспиваш таму во нечиви прегратки..
    Само тука има дружење постојано, само тука има соживот, само тука има ајвар, само овде не е опасно да се изгубиш во градот и само овде доаѓам..Ах Скопје ќе ми фалиш од Септември..
     
  12. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Vo Skopjevo ima stvarno mesta koi se posebni, no sepak da si kazam jas za mojata naselba Avtokomanda, ubavo mesto za ziveenje, kako mini gradce e. Se si se na vistinskoto mesto, sportska sala za rekreacija( ako imash sportski duh, a vo Avtokomanda go ima mnogu :) ), plostad za odmarancija i samo cekas da dzirne sonce da si izlezesh i da si se relaksiras, restorancinja, butici, bukvalno se sto treba.Ne ja menuvam za nisto naselbava moja.
     
  13. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
    Како мала секогаш се разболував надвор од мојјот град, од моето Скопје...Сега на моменти го сакам, но понекогаш се загушува и не ми дава да диша. Љубов и омразачувствувам, но сепак за ниеден град во светот на го давам моето Скопје.Затоа само песната на Јаневски Ова е само наше Скопје, тука ни е се...
     
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Скопје е толку поделено што не функционира како главен град.Да почнеме од оваа и онаа страна на Вардар е јасно зошто е тоа така.Политиката си го прави своето секаде со раскарани градоначалници и докажување кој што прави-направил а всушност има премногу шминка и интереси што народот ја трпи.Скопје неможе да биде во вистинско светло кога е пренаселено (да не навредам некого со ова ) .Скопје е тапа за ноќен живот признале или не .Од речиси 1/2 жители од Македонија мн млади луѓе и 100000000 места и локали се чувствува празнина и иживеаност за забава :?: .Скопје треба да се подели во квартови :!: вака е каша попара со собраќајот и решавањето на проблемите приоритетни .Скопје толку се модернизира и форсира што глумиме Парижани у Припор :lol: ...Скопје налупа и кич што ке има за што да не зафркаваат СИТЕ :swear: ,Скопје ужива во мешаницата на се и сешто и во скапотијата што ја нуди .Животот во Скопје е добар но не за Скопјаните :$
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Моето Скопје, сабота насабајле, :inlove:. За мене единствено.
    Се надевам дека доколку некој се препознае на сликата нема да ми се налути.


    Скопје, фудбалски клуб Цементара - секоја сабота татко ми ме носеше на фудбалски натпревар, јас бев второто дете машкуданче.

    Скопје, секој викенд одевме со мама, тато и дада на Водно - дишевме, се смеевме, урлавме како Тарзани, се тркалавме по сувите гранки кои ја преплавуваа планината.

    Скопје, Матка, Марков Манастир - љубовта моја и јас. Дождлив ден а јас и тој ја истражуваме Матка. Грми а ние уживаме во летниот мирис на Матка. Дождлив поручек на Св. Пантелејмон. Зелена панорама. Продолжување накај средно Водно - и сред бел ден се гледаат коли кои се мрдаат. Кои се мрдаат и тропотат од звуците на вљубените романтичари или авантуричари. :$

    Скопје, ах Скопје во зима наспроти Собранието. Да, кај Жена Паркот сме сега. И повторно љубов. Многу срамежливи допирања на облините и оноа другото. Па преминување низ споменикот, тој мермерниот кој е од 90-те уште во Паркот на Жената.

    Скопје, после 4 наутро и јадење на лесковачка од кај Вили. Мртва тишина само јас неуморно пеам некои детски песнички. Тој ме гушка спроти Мајчиниот Дом.

    Танцување во луна парк, јадење црвен топен шеќер и пуканки.

    Скопје дише од толку Љубовни приказни. И од мојата.
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0835.jpg
      Photo0835.jpg
      Големина на фајлот:
      304,4 KB
      Прегледи:
      105
    На Shelea и I.want.to.sleep им се допаѓа ова.
  16. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
  17. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Скопје е Македонија, останатите се само сенки.
     
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Само што и Скопје и Македонија зависат од тие сенки.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Сенки си се сенки.
     
  20. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Како и цело Скопје.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.