Има ли некој од населба Аеродром на форумот, блиску до улица Венјамин Мачуковски, сакам да прашам нешто нека ми пише лп. Благодарам однапред.
Скопје... Погледот од сите агли создава слика на метеж, некултура, нехигиена и што е најизразено од целата глетка е напнатост, нервоза и агресивност. А да... Дијагнозата стрес на модерното живеење потекнува од таму.
Скопје од сите агли, се што гледам е депресија, тажни лица, нервозни возачи, шминкани градби и гнасни улици
Скопје од сите агли. Сиво и валкано.Магловито и загадено.Полни контејнери и кучиња со жолта обетка на увце.Роми во картонски куќи во Центар до НБРМ и запрежни коњски коли под мостот накај Аеродром. Но.. Полно туристи.Разни дешавки на плоштад.Градски парк полн со дечиња,мајки со колички и татковци кои играат фудбал со децата.Боемска улица.Рузвелтова.Старото добро Апче и ладна боза.Вечно шарениот Битпазар.Жолти канделабри на кеј.. Убаво е.
Скопје од ниеден агол не ми се допаѓа,не тоа поради град како град туку поради луѓето што живает во него.