Тоа можеби е и најгрдиот дел на Скопје. Доволно Бит пазар да го погледнам и сообраќајниот хаос во тој дел и дивите тезги.
Не мислев на бит пазар. Тој дел е грд и хаотичен и за жал мислам дека не може да се среди, бидејќи луѓето едноставно така си функционираат. Чаршија е прекрасна и нема врска со сообраќајниот хаос таму.
Бев Скопје на прошетка и навистина разочарана сум од сообраќајот.Она е хаос.Јас навикната во Битола смирено бавно да си возам едвај се снајдов таму.
Со сите предности и маани го сакам.Освен во Ск во Македонија во Охрид би живеела. Има убави и лоши страни Скопје.Има места за искачање, прошетка, за забава, за одмор и релаксација.Но има и места каде што може да се види најголемиот скопски шљам, скопската (не)култура, хаотичниот сообраќај, метеж, гужви, тепачки, повреди.Може да се види културна и проста раја.Има места за културолошко ,,издигнување” но има и места каде што има брукање и chill out зона. Овие emojis највеќе ме потсетуваат на моето Скопјенце.
Прашањето можеби не е за овде, ако треба преместете го соодветната тема..Вака ме интересира некои убави хотели во Скопје, па и не многу скапи барем до 40€ од човек да е(може и поефтино ) без јадење, ми треба да резервирам за 4 дена. Па некој што е од Скопје да ми препорача секако може и други кои не се од таму битен ми е хотелот ?
Чекај да земам агломер да го измерам Скопје од сите агли Како град и цела градежна шареноликост ми делува како некој град од Инџа Ама има местенца во природа што за ништо на свет не би ги менувала. Almost ништо,е за за бич хаус на плажа некаде далеку па и би размислила неколку пати дал Ск.или плажа
Во Хром ќе ти речат сите. Ама не се џиџани...шарени.. Ма да мене не ми се баш.... јас сакам екстра чоколадни од внатре и надвор, филувани...неодоливи.. Како на Даниел крофниве..од мн километри од МК
@Bubce38 мене најубави ми се тие од Хром.Од мала ги јадам 20/30 денари им е цената.Полни се со крем и СЕКОГАШ ама баш секогаш се тазе. Убави им се и на Donut Factory на Водњанска ама тие ми се повеќе како за повод некој, ќе ти ги дотераат како ти сакаш.Јас сум повеќе за класика.Знам деца од Аеродром и Центар што одат до Хром за крофните така што проверена работа се. @Dust ама ми направи лиги сега со сликиве
Скопје е JING - JANG. Почнува да ми скурчува. Гледам КВАНИТЕТ не гледам КВАЛИТЕТ, повеќе гледам Црно одколку БЕЛО ..... Агливе некако искривени ми се, нема симетрија повеќе, отидено е во курац како последица на опшествово кое е во ентропија.
Здраво. Дали знаете некој во Скопје да издава соба во близина на Рамстор. Другар мој најде работа па бара соба сега за сега. Благодарам
Скопје не ми се допаѓа. Премногу е стресен животот, а ја не можам да поднесам. Луѓето се арогантни, не се услужливи и не се дружат. Не даваат материјал за факултет. Загаден воздух. Прашање: зошто ги нарекувате тие од други градови дека доаѓаат од провинција? Што ви значи тоа провинција?
Секаде во светот државите имаат еден главен град и луѓето ги нарекуваат провинции останатите градови. Прогуглај ! Животот е стресен во сите градови на оваа планета. И другите Македонски градови имаат ниво на загаденост. Секаде има и фини и арогантни луѓе. Скопје има и добри страни.Нуди повеќе можности на образовни и работни полиња.
Нормално е дека некој доаѓа од друг (помал) град во поголем заради некаква причина, на пример заради факултет или заради работа. Тоа провинција е навредлив збор, само незнам зошто тоа некои го дефинираат како некој што доаѓа од друг град.
Не го знам до крај... Ама има своја убавина,шарм.Булеварите со липи,и паралелата која се граничи со Камен Мост.Кафулињата на Кеј,и спомениците (баш убаво ми изгледа,светски,настрана од негативните коментари).Рекорд Колку чекања имало тука,и уште колку ќе чекам(другарки и колешки за на кафе,дејтови) Книжарницте,и по некое маало со калдрма,во кое застанало времето.И уште многу убави работи Не го сакам загадениот воздух,и гужвите во сообраќајот,ама не сакам да пишувам негативни работи. Скопје е моја втора дома