Не најдов посоодветна тема па ќе пишам овде. Правев некои дизајни на тема Скопје па ве молам пишете ми која од овие слики ви е поубава. Планирам да ги продавам преку print on demand. Спремам уште неколку ама не ми се готови.
Од перспектива на некој што живее тука цел живот, ова е многу неверодостен приказ на Скопје. Дури би рекла и карикатура. Посвети повеќе внимание на деталите, не е поентата само значајните згради и знаменитости да се распоредат во било каков простор.
Аеродром е бетонизиран. Ништо убаво нема таму. Зградишта еден куп, воздух нема за дишење. Едино кејот им е светла точка. И Карпош не е ништо поарно, ама нема толку многу згради. Плус тука е Сити Мол, Лептокарија, кејот, има убаво уредени пешачки и велосипедски патеки, има добри ресторани и кафичи, неколку мали паркчиња и само една црква. Блиску е и до центар, т.е. се граничат со општина Центар. Источната страна на Скопје е позапустена, а западната е подобра. Северната страна е исламизирана.
Стар Аеродром е убав ..Бисер,Авионче има многу паркови зеленило ..кејот е прекрасен ..секој ден сум на кеј ..мирно е ..Карпош има покултурен народ после Центар ..by the way ..премногу се исламизира и Карпош не ме прашувај како знам