1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје ремикс (Skopje remixed) [2012]

Дискусија во 'Филмови' започната од Wild.Child, 31 март 2012.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    http://www.youtube.com/watch?v=qp9Rm3pNji8

    Skopje Remixed или Филмот кој ќе го ремиксува Скопје, ќе ја има својата премиера денес 29.03.2012 во Киното Милениум. По ова ќе се прикажува на редовниот репертоар на киното до 19. април, а потоа во Кино Фросина.

    Каква приказна се крие зад овој филмски ремикс?

    „Скопје ремикс“ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.

    Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери тука огромна улога играат и македонските музичари а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.

    На кратко за темите во 9те кратки филмови:

    1. Скопски љубовџии - Филмот произлезе од две интересни барања кои требаше да ги исполниме работејќи на омнибусот. Првото барање беше дека, нормално како филм за Скопје, треба на некаков начин да го наслика нашиот град. Јас се одлучив за бетонот на градски ѕид и добро познатите подземни гаражи. Кога ќе размислам за мојата одлука, мислам дека на некој начин е поврзана со моите тинејџерски години, кога практично израснав на клупите во околина на градски ѕид. Второто барање беше филмовите на некој начин да зборуваат за љубов. Се обидов да размислувам надвор од сопствениот круг и се одлучив за една нетипична комедија, што е многу чудно за мене. Но, ми годеше искуството и мислам дека излезе еден интересен и непретенциозен филм. Беше едно незаборавно, скопско, љубовно патување." - Ѓорче Ставрески

    [​IMG]

    2. Брус Ли ис а Пуси - Приказна за три брата. Симпатични, дисфункционални скопски полу-идиоти, погледнати низ призмата на едниот од тројцата. Како филм во филм или како што вика едниот од браќата, „да не се сведе се на банална, дијалошка дијареа со примеси на магичен реализам". „Брус ли ис а пуси“ е филм за потребата од суперхерои, па макар и метафорични, кои ќе засадат здраво семе во се позагадената медиокритетска „почва" на главниот град.

    [​IMG]


    3. Поган Паган - Овој анимиран филм раскажува за деца сирачиња кои животот во Скопје го доживуваат како видео-игра. Приказна која е своевиден современ скопски Оливер Твист.

    [​IMG]

    4. Среќни краеви - Љубовна приказна помеѓу девојка и член на музички бенд. Радиостаници, книжарници, гитари, недоразбирање. Украдена книга со заменети страници која го менува крајот.

    [​IMG]

    5. Опера - Станува збор за комична љубовна приказна, раскажана во стилот на германскиот експресионизам и американскиот филм ноар. Филмот претставува мал „скопски“ омаж на старите филмски класици кои толку многу ги сакам. - Даријан Пејовски

    [​IMG]

    6. Свиркачот - Скопје 2063 година, сто години по катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје. Во оваа постапокалиптична, орвеловска иднина, механизмите на контролата и моќта ги потиснуваат и репресираат сите кои размислуваат поинаку. Идентитетот на главниот лик во овој филм е непознат, секогаш притаен меѓу сенките и бетонските ѕидови.

    [​IMG]


    7. Фото Финиш - Во Скопје има конфликт. Од една страна има луѓе кои ја чувствуваат урбаната вибрација на градот, и самите придонесуваат таа вибрација да се зголеми, за градот да ни биде поубав, во секој смисол. Тие го прифаќаат целокупното наследство што го нуди градот, физичко и духовно, и се обидуваат да ја движат работата во вистински правец, и на двете нивоа.
    Од спротивната страна дејствува какофонија од плитки интереси, безобзирни пробисвети, подмолни безименковци под рака со надмени компании, најчесто поддржани и од институции кои веќе го изгубиле компасот и образот. Тие ни го нагрдуваат градот, и физички и духовно. Во Фото Финиш, врз основа на вистинит настан, конструирана е приказна која на метафоричен начин го отсликува токму тој конфликт.

    [​IMG]

    8. Мангава Диско Панк - Приказна за фронтменот на првиот и единствен скопски ромски панк рок бенд. Тој е нетипичен маргиналец кој е ставен во дилема дали да се откаже од својот музички сон. Иронично, една негова откачена ноќна мора ќе му го даде вистинскиот одговор. Филмот е надреална романтична комедија која се поигрува и изместува многу стеротипи за нашиот град.

    [​IMG]

    9. Боите на љубовта - дејата за овој мјузикл е инспирирана од мојот живот во Скопје. Во последно време сè поочигледна станува поделеноста на луѓето по бои. Секојдневно сме бомбардирани од секакви кампањи кои велат дека токму нивната боја е вистинската, од политичките кампањи до масовнота контаминација од страна на мобилните компании кои би го брендирале градот во една боја доколку тоа им е дозволено. Главниот лик во филмот верува дека одговорот лежи во соларната светлина бидејќи само таа е спектар од сите бои. За него љубовта е во прифаќањето на сите бои. – Борјан Зафировски

    [​IMG]

    Превземено од http://www.crnobelo.com


    Морам да кажам дека на мене многу ми се допадна. :clap: Филмот изгледа многу светски и Скопје е магично. Музиката е перфектна и совршено се вклопува. Вреди да се погледне. :up:
     
    На Phyramide, sweet-cherry и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Wild Child до сега само од тебе имам слушнато пофалби за филмов. Многумина ми одговориле дека се разочарале од филмот, џабе потрошени 2 сати итн.. А јас пак за понеделник се токмев да го гледам. Ќе одам за да го проценам сама.

    Феминки, го гледавте филмот? Коментари, пофалби, критики? :)
     
  3. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    еден мој другар пред извесно време го гледал ама не кажа баш ништо позитивно за филмов :)
    рече дека едвај издржал да го догледа во кино-салата, и дека бил најлошото нешто што го видел од нашиве филмови.. е добро сега , секој свое мислење ќе си каже нормално. моја колешка исто го погледнала филмот, па рече дека на неа и се допаднал многу.
    јас искрено неможам да дадам моја критика затоа што го немам сеуште видено, иако повеќе го ценам мислењево на другаров затоа што има добар вкус за филмови, секогаш имал, ама незнам ако се предомислам може ќе го гледам и јас.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Брајт дај му шанса на филмот и создади си сама мислење, не слушај никој. До утре го даваат мислам ;)

    Јас шанса му дадов, и среќна сум што го гледав. Уосталом од моиве сите кажуваа еден куп пофалби, така да јас позитивно влегов во кино. Севкупно чуство од филмот - го мислам веќе неколку дена, размислувам, ми останал во главата, ми оставил впечаток, хм, да беше толку тапа немаше толку да го мислам, си велам по моја некоја логика.
    Сепак не сите делови ми се допаднаа. Да признаам. Најмногу ме иритираше цртаниот филм. Гласот на цурата, абе, да земеш да си ја лупаш главата во ѕид од очај.
    Најмногу ми се допадна и ме наежи Свиркачот, ау ау ау! Опасно многу ми се допадна.
    Потоа следи црно-белиот филм и Фото финиш, одличен, значи одличен! Е, скопски педерчиња :D
    Исто и првиот филм ми беше многу реален.
    Последниот филм, го разбрав како обид да се повика на љубов, некоја сплотеност, ослободување од с*ања кои го трујат поделеното македонче секојдневно, обид да се направи синтеза на сите делови....едноставно шарена љубов, а Скопје да признаеме Е љубов. Само луѓето заборавија да љубат некако. Се менуваат многу тенденции, навики, ситуации.

    Филмов севкупно, иако не прикажа многу работи кои го прават Скопје - СКОПЈЕ, го оценувам позитивно и ми се допадна. Со исклучок на цртаниот филм и делот кој следеше после него - премногу ми беше патетичен.
    Малку превише се форсираа ПиЕмЏи и 103ка, ама ги разбирам што ги мачи. И мене ме мачи тоа што ноќниот живот не е тоа што беше. А ме израдува премногу што токму таа критика ја удрија луѓе кои го живееја истото тоа ноќно Скопје што и јас. И ме наежија со старите снимки од стари концерти на кои сум присуствувала и журки по дискотеки кои денес не функционираат, или имаат ново име и затруени се со турбофолк.

    Уствари филмов ме замисли многу. Зошто Скопје пропаѓа? И имаше јака реченица у филмов која за жал е многу вистинита - затоа што скопјани станаа загрозен вид на своите сопствени сокаци. Скопјани, ги нема. А тие што ги има се пасивни и заспале во сопствениот град. И како после да никне градот убав?
    Ах, Свиркачот, дефинитивно најјак дел! Ме ежи сеуште.

    Јас филмов го препорачувам и би го препорачала. Малку е долгичок, ама се издржува. И да, саундтракот ми се допаѓа премногу, оној стар диско саунд на Беи Д Фиш и секако Чиста Околина, ми го наполнија срцево :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Јас гласам за Опера делот,пошо се пронајдов у девојката,иако сакам опери,ама исто така сакам и да правам бизарни работи ко танц у брза помош на пример! :D Се заебавам. Сивркањето имаше смисла,стариот ми се допадна како си ја долови улогата на медиокритет на функција. И кошуља со облачиња. А за мотори муабет ич не ви правам!
    Све у свему,ампутирано Скопје ни дадоа на филмов. Не беше само тоа Скопје и не е само тоа Скопје. И плус, за истово може да збори Мирко Попов дур е на хорс,мојата генерација послабо,а веќе од 90 па нагоре,поим немаат што се случуваше некад.
    Елегија за скопскиот клабинг,ништо посебно. Мислам има артистичка вредност,ама по малце така, не би дала премногу. Далеку е од исклучително филмско парче. И нема и некоја поента и е насочено кон оној,добро познат,но во случајов лошо изведен,уметнички минимализам кој почесто потфрлаше и беше прегласен и нападен.

    Амааааааааааааа битнооооооооооооооо,на масата и се допадна диско топката шо се тркала пред соборна... е ај сеа?! Ај сеа!
     
    На ljubam и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.182
    Мислам дека на големо филмов, е реализација на некои одамна неизлечени ст(р)авови на стотројкашкото друштво.
    Амбивалентно чувство. Како да сум видела, та не видела. Ни ваму ни таму. Не ме дирна, ниту ме утепа во уметничка смисла. Како колаж, доста насилно во визуелна смисла, но вреди да се види од технички аспект. Барем мене тие работи ми се важни, зошто го имам студирано тоа и кога гледам филм, се фаќам на такви кривини, кадри, фокализатори, скршени агли. Најголем впечаток ми остави Боите на љубовта, зошто е во мој стил. Опуштено, палавко, шарено, надувано, љубовно, идноиндирокерско парче што Беи Д Фиш го комплетираа со мачешката илузииииијаааа за Љубовта.
    Скопје реално е мртов град одамна, меѓутоа живите тоа не сакаат да си го признаат, а поетите што самодекларирачки како јас, тврдат дека е жив - тоа само во песна.
    Од уметничка гледна точка има доста работа, се гледа дека има прецизни мерила, но од прва рака знам дека се имаат испотепано сите да се појават, небаре херои на градот. Прикаски - има. Има труд, што во емотивна смисла, што во пластична. Но... Добро, омнибус од карактери, суети и уметнички изрази не може да биде хомогена тема.
    А, да. Ми пречи што е еднодимензионална визурата, и покрај многуте режисери. Но така треба и да биде ако сакаме да плачеме по андерграундот, журките и пропаднатите вредности. Елитистички, нормативно и на моменти во длабок патос паднато.
    Но никој не е совршен. Па ни Скопје.
     
  7. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Овој го гледав, а не сум сигурна зошто. Гледајте го ако немате друга работа, има и полоши македонски филмови.
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Женски
    Може линк?
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски

    Повели, го има на јутуб.

    Јас го гледав пред неколку години.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.