Не кревам на Unknown numbers и на броеви што не ги имам меморирано. Видов дека некоја од вас имаше прашано како да ги видиш броевите иако ти ѕвонат со скриен.. Пред 2-3 години имав активирано ловец на скриени броеви во T Mobile, 200 денари месечно се плаќаше мислам. И после и така ми доаѓаше сметка голема, па и плус тие 200 - го откажав ловецот и си викам ај нека замараат не кревам
Еднаш ѕвонеа повеќе пати, ама знаам и кој беше, еден досаден и го блонав и на фб и секаде, и досадуваше. Го ставив на блок и на телефон, после му здосадило.. Обично скриени броеви се за зафркавање, ако имаат потреба ќе се јават со нивни. Ако сум само расположена за зафркавање се јавувам
Кревам и на непознати и на скриени броеви. Ама сега веќе не може да се врти со скриен број. Укината е таа опција.
Во врска со ова си имам некое правило кое гласи : Никогаш не го дигај телефонот кога ти врти некој со скриен број. Не разбирам зошто вртат со скриени броеви, кога ако имам потреба ке си свртам од мојот број. Свашта
Може, пробај да видиш Туку ме интересира, дали може некаде да видам кој ми звонел со скриен, во салоните, оператор да ми каже? Или тешко?
Кога ми вртат со скриен број секогаш се случува навечер, и им го давам телефонот на другарите од друштво па они се зафркаваат со тој што врти.
Еднаш ми се има случено да кренам на непознат број али од тогаш никад не дигам на скриен број.Зашто ако на некој му требам ондак знае мој број ќе ме бара како што треба а не со скриен..Иначе Nati.P....Се разбира дека може да дознаеш кој те барал ќе идеш у салоните на тој оператор што си ќе си платиш 350 ден. ќе ти кажат кој ти звонел .
Луѓето од досада не знаат што да прават, па ѕвонат колку да им помини времето, а тоа за мене претставува како еден вид да ги малтретираат луѓето! :3
Јас им кревам, интересна ми ја прават Летово некој во 3 ипол по полноќ ме барал 3-4 пати ама на нечујно ми било и не сум слушнала
Имам ѕвонето со скриен број некогаш од досада, некогаш се ѕвонам и не зборувам ништо само колку да го слушнам гласот на една личност која што многу ми фали инаку кога ми ѕвонат кревам
Сама ми е досадно да ѕвонам, најчесто ѕвониме коа сме во друштво.на некои деца што не нервираат, па си годиме броеви, на наставнии се јавуваме колку да ни помине врамето и да си се изнасмееме убаво. Иначе ,коа мене ми ѕвонат се јавувам, ајде да им го напраам кеифот.
Некни некој ми ѕвонеше со скриен појма нема кој е,ништо не зборва,ќути.И пред 2 год. некој со скриен ми ѕвонеше секој ден во исто време,цело лето. Последен пат на некој на кој му ѕвонев со скриен беше на едно дете за нова година,уставри цело друшто ги мајтапевме,дека тоа дете е заљубено во една Марија и ние му велевме! Ај нека ти е Среќна новата и да си се ќердосате со Марија. По некое време за детето дознавам дека и признал дека многу ја сака. .Ама умревме од смеа.Понекогаш е јако,а понекгаш е многу глупо Ама барем му дадовме повод на детето да и каже дека многу ја сака
Ако ми звони некој со скриен,зависи од моментот дали ќе кренам или не.Ако се изнервирам,нема да кренам,но најчесто кревам.
Сега пред некое време ми звонеше некој со скриен, гледам упорен 10284824 пати ми звона и кревам , молчи. Па само му реков пи*ка ти матер и му спуштив. Од тогаш не звона
Стално некој ми ѕвони со скирен број но молчи. Сум го оставала околу 40 минути мобилниот и ништо не зборува. Ми тестира нервите.
Многу пати ми имаат вртено од скриен, во почетокот се јавував и си правев муабет ама сега упорно исклучувам и упорно ми ѕвонат..тоа ужасно ме нервира.А и не ми требало овде да се правам некоја жртва кога и јас самата ѕвонам од скриен.Ме живцира кога ми гасат и не се јавуваат па тоа ме поттикна да започнам повторно да се јавувам на скриените.Звучи лудо но некогаш од досада ќе ти стане интересно, а како што видов погоре едно мислење може да никне и случајна љубов. Инаку размислував за опцијата вип идентификатор но изгледа уште ќе продолжам да си мислам..хахах