немам често повици од скриен број ама коа ќе заѕвони некој и глеам дека се зафркава и јас „соработувам“ ајахахаха се зафркаам и јас ))
Да ми ѕвони со скиен и да му кренам!? Па нема тоа ни на сон да се деси. Ако е толку јак/јака или ако навистина сака да ме слушне нека ме бара со нескриен. А и немам време да му слушам муабет на некој што се мајтапи од досада, во случај да се јавил со таа намера. Ни сум вртела така, ни сакам да ми вртат.
Последен пат ми звонеа пред точно 4 саати .. некогаш се јавувам и зборувам кога сум сама и си се ладам со нив,некогаш ставам забрана да ми звонат со скриен со што телефонот сам ги одбива некогаш се јавувам и ќутам,зависи се до ситуацијата
Вчера во знак на извинување ми стигнаа бесплатни од Vip кон сите национални мрежи. Веднаш знаев за што ќе ги потрошам. Ја викнав другарка ми и почнавме да си измислуваме броеви и да вртиме. Јас баш се депилирав, па си правев паузи со телефонот. Повеќето беа броеви што не постојат и недостапни броеви. Еии и ѕвоневме на една професорка по англиски. И викаме Hello, here is Sasha и она ни вика okej и јас и исклучив. После пак и заѕвонив и и викам извинете грешка беше, а таа нема проблем.Абе можеби и на некоја од вас сме вртеле. Ако сте добиле повик од непознат број и ако сме барале некое име (најчесто Андреа) да знаете дека сме биле ние. Не сакавме и онака никој да навредивме. А и да се пофалам многу голема интуиција сум имала. Си измислив еден број, многу лесен и ѕвонам. И го распрашував таму нешто тој и само му викам а може да ти го погодам името и он ајде. Јас му го кажувам и овој еии абе како го погоди, па потоа презимето и го открив кој е. Абе скокав од радост кога дознав дека е тој. Ама си измајтапи овој со мене. Потоа пак му ѕвонам и он ми завикал татко му е, а уствари неговиот глас беше. И на крајот собрав сили и заѕвонив на мојата екс симпатија. И му викам ******* ти ли си. Ама ѕвездичките не се неговото име, туку некое друго име. И овој ми завикал каков ******* бе маченце. Јас му реков не бе кученце. Абе комедии, ме изнасмеа, не очекував еден ваков одговор од него. Кога ќе бидам во можност пак ќе си зборам со оној, детето ми направи милион реда муабет. Барем знам со кого си направив толку фин разговор. А заборавив да кажам дека планиравме и да бараме броеви од Пазар 3 и да купаваме крава.
Многу детска работа е вртење со скриен број, се вадам од такт кога ми врти некој со скриен број. Порано кревав ни сама не знам зашто, глупаво ми е да не дигам си викам може е некој што го знам ама од друга страна и да го знам тој ако се јавува со нормална намера нема да врти од скриен, така да тоа паѓа во вода. Кога ќе се јавев обично ќе речев „ало“ и од таму ако почнеа апла да се зафркаваат спуштав, а ако не, пример ако нормално ме прашаа кој е таму, јас знаев да им одговорам „таму кој е, вие се јавивте“. Во секој случај, веќе не кревам, на некој ако му требам ќе си го покаже бројот. Поготово ѕвонење навечер, а плус ако е после полноќ, мислам дека апла некој те бара за мајтапење. Ако е викенд, сигурно е и пијан. Еднаш у 2-3 саат ми се јави пивнат бивши на другарка, уште ми вика знаеш ли кој е тука, како да е најнормално време од денот за ѕвонење и како да е најнормално мене да ме бара. Е него убаво го направив лом пошто ме разбуди, а за сон убивам, од тогаш наваму мислам не сум кренала, а на него нормално и не му ни текнало веќе да ѕвони после тоа.
Си постои фина апликација за блокирање на телефонски броеви (ако самиот телефон не ви ја подржува таа опција). Ако некој неможе да се удостои да ме побара од сопствен број, нема зошто јас да се удостојувам да му кренам!
Штом ќе си фатев дечко, одма некои риби се отепаа од звонење со скриен број. И тоа во 4,5 саат насабјле. е што мака имале златни тие?
Исклучувам после второто ало,или воопшто не се јавувам. Hоо ако се упорни им се јавувам и после една секунда гасам и ако се јават пак пак така правам да се изнатрошат кредит или да му кренам на сметката
Имам прашање. Дали може скриени броеви да се блокираат ,да неможе да ти ѕвонат воопшто,затоа што веќе месец психички ме малтретираат по телефон? Или пак негде каде што можам тоа да го пријавам?
Не кревам слушалка на скриен број никогаш.Ако е упорен со ѕвонење јас сум уште по упорна со некревање.Ставам на нечујно и гајле ми е,ако не ја/го мрзи може до утре сабајле да ѕвони
Хаха да ви кажам една случка поврзана со ова скриен број. Пред брзо време се гледав со еден дечко, но по кратко време бидејки некако не ни одеше престанав да се гледам. Се до тогаш никогаш не ми вртеле со скриен број, но од тој ден секојденвно почна да ми ѕвонат со скриен. Прво што ми падна на памет е дека е тој хаха, и земав му завртев и јас со скриен, хаха за една минутка одма ми врака со скриен, па пак јас му завртев, па пак тој, и да не замарам, си дознав кој ми врти со скриен хахах
Мене со скриен број ми ѕвонеше само дечко ми кога ке се скаравме,ама јас знаев кој е и намерно не кревав, се случувало со некоја другарка така да се мајтапиме некогаш и да ѕвонеме ние на некој рандом број, но многу ретко.
Па еден што многу ме сакаше од лани најверојатно и сега ме сакал ми врти со скриен број скоро секој втор ден и ќути арно ама пред некој ден по грешка заборавил да пише #31# најверојатно и ми ѕвонеше со отворен број и пак си ќути и тогаш сфатив дека е тој. А поинтересно е што е на оне и ко ми ѕвони му зема пари и тој си ѕвони јас не викам ало ни ништо туку само притискам на копчето со зелената слушалка и го оставам телефонот а јас си ја терам мојата работа да му направам сметка малку така да ко ќе му дојде сметката најверојатно ќе се свести ако па не
Синоќа само што си легнав ми звонеше некој од скриен број и ми вели исклучен ви е телефонот во двата правци поради две неплатени сметки му велам е како звониш тогаш тој ако не ти е сега за ден два ќе ти го исклучат