девојки да прашам нешто многу итнооо и звоневме на една жена со скриен број ја познаваме,и се зафркававме нешто а не позна она и ни рече ќе пријавела.Е сега ќе речите само така вели да ве исплаши бла бла..Ама Ова е тежок случај и знам дека ке пријави сигурна сум е и ме интересира дали можат во Полиција да и кажат кој е бројот или чив е нешто така или како може да не го најдат да извадам картичка или нешто такс еве си научивме лекција ама некако да не не дознае дека наставничка ни е ве молам кажете дали од полуција можат да гп најдат бројот
Од полиција преку операторот ќе го најдат бројот, ти и да извадиш картичка, операторот ќе го даде името и презимето на таа картичка.
@natemila e i jas sakav ama mi se otsaka sega. A nekoj od vas ima prijaveno skrien broj?? najdoa??? izvintete nemam kirilica na tel
Колку ми е мизерно некој кога звони со скриен број и молчи.Ми се случува понекогаш ама не кревам.Ако некој сака да ми кажи нешто нека кажи како човек,а не како подмолен.
Епа пак зезајте ја наставничката следното лето испланирано ќе ви биде Деца бе, јавувајте се по симпатии, зезајте другари а не наставници
Леле исто исто и нас ни се деси.Она не не позна, али знаеше дека е некој од генерацијата и ни се закани ќе не пријавела па ќе не бркала од училиште блабла .Леле што страв сме кркале тогаш, илјада приказни исмисливме ако не фати.Али ништо не се деси, џабе стравовите такада кулирајте.Многу долг процес е да се открие бројот, па за корисникот и да не праиме муабет.
Многу мразам да ми вртат од скриен број, порано многу често се случуваше, сега поретко, а во принцип се јавувам, како и на секој нормален повик.
Порано сум ѕвонела од скриен..зборам 9то одделение Сега ми е толку загреота станато што ни на крај памет не ми паѓа да го направам тоа. За зафрканија е едно, ама да ѕвони некој и да се заканува или такви глупости ми е скроз бедно. Одамна имам опција да не примам анонимни повици бидејќи едно време ме скапаа од ѕвонење.Никад не сум кревала, ама што е многу-многу е.