Откако последниот пат ме изнервираа, веќе не кревам. Ако не ти е проблем, објасни ми како да го средам тоа во телефонот.
Ако имаш Андроид- беше мислам во Именик одиш, па горе во Поставки или подесување не ми текнува и имаш Блокирање броеви.Одиш на тоа и под опцијата да пишеш број за да го блокираш имаш и опција Блокирај анонимни повици. Ако имаш Ајфон- нема посебна опција, ја пробував нешто +0000000 глупости.Мада од кога го имам телефонов ниеднаш не сум чула да ми ѕвони кога бараат од скриен.Додуша цел живот ми е на сајлент телефонот и само Verpassen anruf ми стои
Како испцув еден , не знам кој беше и што беше , ама во тоа време бројот ми беше нов, и го знаеа само неколкумина . Денот бев во голема фрка , се спремав за пат надвор од државата , и ау бау , немав време за зафрканции а овој со скриен упорно ми врти . Одбив 3 пати , е веќе на 4-тиот се јавив . Јас : - Ало ? Тој : ... Јас : - Ќе зборуваш или не ? Тој : - ... Јас : - Ма иди у три лепе ***** материне , ако ти имаш време за зае*авање , јас немам . Уште еднаш ако ми вртиш се колнам дека ќе те најдам и носот ќе ти го пукнам . А ти и понатаму немој да зборуваш . Тука спуштам . Веќе не му текна да ѕвони , па било машко или женско . Исто неколку пати маж ми ми има ѕвонето со скриен, од досада , кога е на терен , ама не може он да се скрие , одма го познавам дека е тој ( по третото одбивање , ми ѕвони со број веројатно му здосадува да врти со скриен , бидејќи знае дека сум инает ) , затоа и ми беше чудно кога купив нов број , па го потпраша одоколу дали ми ѕвонел околу 1 часот попладне . Ме погледна зачудено , вика не , зошто ? Му раскажав , негова предпоставка е дека предходно девојче го имало бројот , па некој што го знаел ја бара со скриен број . Како и да е , откако го отерав оној кај требаше и не требаше , веќе никој не ме замара , дури ни маж ми . П . С . Јас со скриен сум вртела само ако не се јавувам од мој телефон , порано кога сум се јавувала на дечко од кај другарка , обавезно со скриен број сум барала . Од каде да знам јас , може ќе го даде тој бројот на другари, па ќе и досадуваат .
Кога бевме мали ова беше хит, врти со скриен и зафркавај луѓе. Сега децава не вртат веќе, позната финта е, никој не ни крева на скриен.
Гледам не е активна темата Ама имам едно прашање Еден број што не ми е во именик ми звони на 3 месеци скоро па во исто време, пример 24/25 во месецот околу 18/19 часот И се почна од ноември Ама до сега немам кренато и ми е на блок листа бидејќи на непознати не кревам А кога звонам не се јавува Можно ли е некако да одам пример во телеком за да дознаам чив е бројот?