1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скриени во љубовта

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Аничкаa, 4 мај 2026 во 20:32.

  1. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    По неколку години поминати во странство, Мете се враќа дома за да го исполни ветувањето и да се ожени со Наз. И двајцата доаѓаат од богати фамилии, кои очекуваат овој брак да ги избрише трагите од минатото. Но, неочекуваната средба на Мете со Инџила ќе донесе нешто што никој не го очекуваше. Инџила е лојалната слугинка на Наз која пораснала во богатата куќа и која тајно негува чувства кон Мете. Една ноќ, еден бакнеж и несопирливата страст ќе ги променат работите и ќе создадат нераскинлива врска меѓу Инџила и Мете.

    Од една страна, Мете е приморан да се ожени со Наз, а од друга страна е љубовта кон слугинката и тајната за нивната заедничка ноќ. Сомнежот нема да ја разниша одлуката на Наз, а љубомората ќе стане доволна силна за да ја оттурне забранетата љубов. Секој следен чекор може да скрши нечие срце, а секоја откриена тајна да ги промени судбините.

    Љубовта е таа што ги ослабува силните, а ги зајакнува слабите; ги разгорува страстите, но и го замаглува разумот. Емотивна романса за две души скриени во љубовта. Две срца кои ќе мора да се соочат со очекувањата на другите и да ги надминат сопствените стравови.
     
  2. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Нема да ми го земеш бројот? Тогаш би бил обичен човек
    Хахахахаха
    Почнав сама да си реплицирам ама знаете што
    Дали само мене ми личи дека почнуваат современи турски серии онака, да не им се познава у ликот дека се турци и аман од нивните вили конаци и холдинзи стварно ми се допаѓаат вакви серии
     
    На dorota му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.181
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Е сега не се до толку, пак се познаваат дека се турци. Али што знам, освен глумата ретко вака некој да ми фати око. Можеби само Бариш Ардуч (како нешто што се издвојува). Ова за видливост, да не си збориш сама. :hai:
     
    На Аничкаa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aquamarine-123.4

    aquamarine-123.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    23
    Како е на турски името на филмот?
     
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.181
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Sakla Beni.
     
    На aquamarine-123.4 му/ѝ се допаѓа ова.