3.85 беше во 28недела, патолошка бременост без напрегање ама не лежам постојано. Си прошетував, по дома си работам...сега сум само дома за жал заради коронава
Зошто со толкав цервикс да лежиш и да си на патолошка,јас сум со 28мм па не лежам ,дури и одам на работа
Затоа што цервиксот ако не примам прогестеронска терапија се крати, поолабавени ми се мускулите и носам појас за трудници...и веќе имам предвреме родено во 26недела и за жал почина, имам и спонтан...едноставно на почетокот крварев и страв им е...па и мене
Здраво, Да прашам дали некој има правено втор скрининг во New Born? И какво мислење имате за таму? Цената им е 3500 ден ама па колкава е стручноста не знам. Препорака, совет. Благодарам.
За прв скрининг да, но за втор не би отишла, сепак би закажала кај доктор што има искуство со скрининзи. Треба да се видат убаво органите, а ако нешто има, тоа најдобро може да го види доктор што прави скрининзи. Ова е мој став и совет, а секој си одлучува за себе.
Mislenje za Dr.Organdziski od Stip za skrining mi treba,konkretno za prv skrining, vo remedika Se e zafateno a vo Sistina seuste nemaat termini
Јас бев и беше обичен преглед, бев точно 28недела. Бев кај Димчев, ама јас морав оти матичниот ми го измери бебушот 2100 во 27недела, малку згреши.
31 недела сум, утре ќе одам кај матичниот. Да си знам де.. Кај него се наплаќаат скрининзи. За првиот 1000, за вториот 2000 ми наплати..
Ист како другите, мерки и со детално гледање на органите, само што повеќе на протоците се задржа докторот.
Денеска бев за проверка на резултати и матичен ми кажа ништо од втор скрининг неможел да ми закаже на клиника само приватно ми препорача Ремедика демек поевтини биле, па сега не знам дали Систина или Ремедика ? Ај препорака од вас и ако знаете цени за двете клиники ? И која недела е најпогодна за втор скрининг ?
4600 е во Систина. Може да се јавиш да прашаш директно, ќе ти дадат инфо. И не знам што е со матичниве. И мојата е исто, као демек не доагај кај мене иди барај чаре јас не можам. Пфф значи ептен се безобразни, во најтешкото не остават сами.
Јас баш тоа ги искоментирав секој треба да се снаоѓа не ми јасно како може нешто такво да се укине кога мора да се следи бременоста или било што да е. Хаос е.
Мене требаше да ми препише лекови, ми вика иди кај општ матичен нека ти препише. Требаше да ми закаже за ендокринологија, не можела. Мајка ми била доктор, да сум барала врски преку неа, не можела она. Ептен ме извади од такт, не и го заборавам ова.