Не е до матичните и нив им ги врзаа рацете. Јас што дека имав закажано во државна уште пред повеќе од месец дена, кога ми се јавија да не одам.
Јас правев прв скрининг кај Петревска во Систина. Од тоа што виде се беше ок, ја прашав за Приска рече не се изложувај на ризик тоа е само статистика ако сакаш прави некој од неинвазивниве тестови. И докториве се плашат што е сосем нормално.
Јас денес бев на втор скрининг, кај др. Гордана Петровска во Систина. Ги мереше докторката сите органи, и фалу му на бога се си беше во ред, и мерките си одговараат на гестацијската недела. Отпрвин мома се срамеше, но на крајот си го покажа и лиценцето Срце мамино . Инаку јас денес сум 20+2 и се убаво си се гледаше. Немаше многу гужва, влегуваш со маска, без ракавици, гел за дезинфекција има на секој чекор, ти мерат температура, прашуваат дали си патувал во странство и тоа е.
Дали некој има правено скрининг кај Трајковски во њуборн,или да ми препорачате каде е најдобро,систина,ре медика... и во која недела е најдобро да се прави првиот скрининг
12 та -14та недела се прави првиот скрининг,во Њу Борн прават и чини 3500 за разлика од Систина и Ремедика каде што е околу 4500 ти одлучи си...повеќе ги фалат Димчев,Петрова во Систина ,Котларова ,Афродита во Ремедика
Јас сум 28+1, мене Димчев ми кажа дојди 29-30та недела, но уште немам закажано ми е страв заради вирусов, па сакам да те прашам кога точно беше и дали е безбедно, со оглед на ситуацијава. До сега секогаш одевме со сопругот заедно, незна м дали пуштаат придружба. И ова со ценава многу ме збуни, зошто третиот скрининг поефтин од претходните? Благодарам многу однапред и чувајте се.
Толку платив, исто ми посвети внимание како и претходните 2...јас бев на почеток на март(на 13мислам беше) и на сопругот му дозволија... и тогаш проверуваа со температура, со дезинфикација, ама сега незнам како е
Во глобала приватните многу повеќе пазат, јас бев прва во денот...и секогаш сега гледам прва да одам... ме мава психа дека корона лета вп воздух.
И мене ме мава. Јас речиси цел месец седам дома, луѓево ич не се одговорни. Дури размислував да го прескокнам скринингов ама после знам дека ќе ми е шубе, па барам мислења поточно искуство. Тенкју!
Јас правев приска во авицена. Искрено немам страв толку се средени таму. Бев во сабота и немаше никој освен јас. Се трае вкупно 5 минути цело време дезинфицираат а тие што ти зимаат крв се со скафандер визири и по сите процедури..а пред тоа бев и за крв кај нив исто немаше никој..чисто ако се одлучиш да отидеш
Прв пат откако сум бремена ќе ме однесе маж ми на преглед а има голема желба да го види бебето, ако нека ме почека во кола. Во Ремедика ќе одиме ние
Па не знам, пробајте ама 2 пати бев досега во вонреднава ситуација и придружбата стоеше до влезната врата. Мм си седи во кола за да не стои таму.
Сликичка кажи им да ти дадат за да го види мажот ти. Мислам, секако даваат еден куп слики, но нека го фатат убаво за да го види. Или снимај со телефонот ако можеш и после ќе гледа видео. Ни мм не го пуштаат на преглед, а ни во чекална.