Јас во меѓувреме се консултирав со матичната и ми кажа дека доколку се чувствувам добро, да не одам на никаков преглед, посебно не да патувам (не сум од Скопје). И сега го читам твојот одговор и се чувствувам подобро со себе што ја послушав и не закажав во Систина. Исто беше и минатиот пат, гужви во чекална, по 40 минути касни преглед оти гледаат да стуткаат колку се може повеќе прегледи во еден ден. Катастрофа. Многу неодоговорно како за здравствена установа, во услови на пандемија сеуште приоритет им е заработувачката. Искрено ова ми е втора бременост што ја водам таму, првиот паѕ и се породив таму, но се повеќе се разочарувам од клиниката, не и од д-р Димчев, човекот си ја врши одлично работата, но се друго им е само бизнис и пари.
Здраво девојки.. Ова е дликче од последното ехо 25 нед.. Не го прашав докторот во моментот а и па тој ништо не ми кажа рече се е океј како треба.. Сега се мислам и умот ми е во сликичката тоа пред устата и околу врат дали е папочната врвка.. Читав нс нет дека не е никслов проб и да е бидеќи бебето е мало де врти и можи да се намести во секаква поза.. Ама се нер дали е тоа.. Што мислите вие?
Јас мислам дека тука никој од нас не е доктор и ќе ти дадеме само претпоставки кои може да те вознемират, а може и да те смират. Како и да е, ако не си мирна, јас на твое место би се косултирала со некој што навистина знае што гледа.
Утре имам закажано втор скрининг кај Димчев, па ве молам за некој совет кој е веќе бил не знам доволно ли објаснува или треба да прашувам и што всучност да си прашам и како го прави вагинално или абдоменално ехо ? Фалаа однапред имајте убав ден и среќен нека Ви е празник !
Мене абдоменално ме прегледа. Јас не го прашувам многу, чекам 3/4минути да погледне и после тоа само прашувам дали е се во ред со бебето и дали сме добро. Тоа ми е доволно на мене барем.
Мамички, тие што сте биле на втор скрининг во Ремедика, како сте поминале? Кај кој доктор бевте, како сте задоволни од прегледот?
А за втор скрининг го прават само одредени специјалисти? Дека гледам најчесто Димчев и Котларова се спомнуваат илк можам кај тој што ми ја води бременоста
Кога треба да правиш втор скрининг? Јави се со време пробај да закажеш зашто невидена гужва е. По двајца доктори се на смена и сите пациентки се кај нив. Некои доктори воопшто не одат на работа по цел месец. Од сабајле има многу трудници за цтг, па итни прегледи, визити, а во меѓувреме цело време пристигнуваат итни случаи или за пораѓај. И сите тие пациентки се услужени од двајца доктори и 3-4 сестри. Ама гледам работат доктори кој од кој поискусен така да, кој и да избереш нема да згрешиш. Ако те интересира лично искуство јас бев кај др. Петрова (многу е добра за скрининзи ама моментално е на одмор), вториот скрининг мислам трае најдолго од сите прегледи, си гледа таму детално и си збори на глас, ти објаснува органче по органче, рачиња, ножиња, главче, кажува мерки, како се развиваат... Јас само чекав да стигнеме до делот 4Д,сликичка да ми направи Иначе, нов favorite доктор во Ремедика ми е др. Ефремовски... Неговата смиреност да ја имам, душа човек е.
Порано се идело на семинари, поминувале доквалификации и земале сертификати за скрининзи. Сега сите ги прават и матичните гинеколози така да можеш да го правиш скринингот кај сакаш. Разликата е во стручноста на докторот. Секој може да ти каже мерки, да препознае орган и сл. ама ретко кој е добар дијагностичар. Во смисла, ако не дај Боже нешто не е во ред со бебето, помалку стручните лекари можат да го пропуштат тоа. Обично има биографија на страната на болницата кај што работи докторот, па можеш да се информираш, јас така правев. Од тука од членки што сум читала, меѓу првите биле др. Димчев (Систина) и др. Петрова (Ремедика) ама има пофалби и за многу други.
Па не знам, како ќе одлучиш, така. Во Ремедика се Петрова и Котларова. Мое мислење е да се оди кај тие што се за скрининзи, но има жени одат само кај матичните.