Јас ке правам втор скрининг само на приватно,кај матичниот не. И онака ми ја водат бременоста од старт на приватно.
Ја планирав да правам по некој преглед и во ремедика за да ја водам таму ама ради коронава викам да не се пикам кога веќе матичниов прави се ..сега секако си викам да направам и уште еден кај овие..ама сигурно ќе закажам па нека бидат 2 скрининга и мирна глава
Да најдобро е така да направиш. Јас сум инвитро, и од старт ја водам бременоста таму каде што ми е правено инвитрото. Кај матичната земам упати за брисеви и за комисија за боледување и за трансфузиолог. Инаку нема таа 4Д ехо, затоа и не би правела таму.
Пријави се у терминиве, изгледа ние сме близу со термин https://forum.femina.mk/threads/Термини-на-породување.3883/page-262
Мене ми правеше матичниот гиниколог и прв и втор скрининиг ,ми рече дека морала да има и она извештај во мојот картон.
Вториот скрининг во која недела е најдобро да се прави,денес матичната ми рече од 20 до 23,а имам читано дека од 17 недела може или рано е тогаш
Здраво девојки Јас прв скрининг правев вчера ксј Лазаревски Систина, он ми ја води бременоста. Инаку 12 недела сум. Според Лазаревски се е супер, нухачен нанжнор измери 1мм,носнс коска има, гледасе рачиња ножиња. За приска ми реце дека нема потреба, дека е само математика, димензиите се супер. Незнсм далу сепак да направам приска знсм дека ке ме копка *Нухален набор*Да си поправам печатна грешка
И мене исто ми кажаа, дека ако мерките се во ред нема потреба од приска. Јас правев поради мали отстапувања така да мислам со твоиве мерки немаш потреба
Девојки, за втор скрининг во Ремедика повеќе ја препорачувате Петрова или Котларова, сега сум 17та недела па сакам да закажам. Воедно да не имате некое искуство со скрининг кај Коруновски?
Тек на 15ти мај ги отварале термините се јуни, така да ќе морам да почекам се надевам ќе има терминче